Аланин

хемиско соединение

Аланинот (со ознаки Ala или A) e α-аминокиселина со хемиска формула HO2CCH(NH2)CH3. Неговиот L-изомер е еден од дваесетте белковинообразувачки аминокиселини, односно аминокиселини кои влегуваат во состав на белковините. Кодоните на аланинот се GCU, GCC, GCA и GCG. Во биохемиски поглед, аланинот е неполарна аминокиселина. По застапеноста во белковините, аланинот е на второто место (по леуцинот) со 7,8% при споредување на 1150 белковини.

Аланин
Назнаки
56-41-7
3Д-модел (Jmol) Слика
PubChem 5950
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Структура уреди

α-јаглеродниот атом на аланинот е поврзан со метил група (-CH3), правејќи го една од наједноставните аминокиселини во однос на молекуларната структура. Ваквата структура е и причина што аланинот се класифицира како алифатична аминокиселина. Метил групата на аланинот е нереактивна, така што речиси никогаш не е директно вмешана во функцијата на белковините.

Физиолошка улога уреди

Аланинот игра клучна улога во гликозо-аланинскиот циклус кој се одвива помеѓу ткивата и црниот дроб. Во мускулите и другите ткива кои ги согоруваат аминокиселините со цел да добијат енергија, аминогрупите се собираат во форма на глутамат по пат на трансаминација. Глутаматот потоа ја пренесува својата аминогрупа преку дејството на аланин аминотрансферазата до пируватот, кој е производ на мускулната гликолиза, притоа формирајќи аланин и алфа-кетоглутарат. Формираниот аланин се пренесува во крвта и се транспортира до црниот дроб. Обратен тек на аланин аминотрансферазната реакција се случува во црниот дроб.

Глукзозо-аланинскиот циклус овозможува отстранување на пируватот и глутаматот од мускулите и нивно доставување до црниот дроб. Гликозата е способна да се регенерира од пируватот и на овој начин се враќа во мускулите.