Аладар Геревич (унг. Aladár Gerevich) (16 март 1910 16 март 1910 - 14 мај 1991) бил унгарски мечувалец кој успеал да освои златен медали на шест олимписки игри[1]. Неговата препознатлива дисциплина е сабја. Покрај него таков успех постигнал и Бригит Фишер, но Аладар е единствениот спортист којшто тоа го сторил последователно (не сметајќи ја паузата поради Втората светска војна) во една иста дисциплина. Првото злато го освоил на игрите 1932 во Берлин, а последниот 1960 во Рим. Ниту еден друг спортист на Олимписките игри не успеал да освои барем и бронзен медал во временска разлика од 28 години. Аладар се родил во Јасберени со вистинско име Аладар Герел.

Олимписки медали
Мечување во машка конкуренција
Златен медал - прво место 1932 Лос Анџелес Сабја (екипно)
Златен медал - прво место 1936 Берлин Сабја (екипно)

 Бронзен

Златен медал - прво место 1948 Лондон Сабја (поединечно)
Златен медал - прво место 1948 Лондон Сабја (поединечно)
Златен медал - прво место 1952 Хелсинки Сабја (екипно)

 Сребрен  Бронзен

Златен медал - прво место 1956 Мелбурн Сабја (екипно)
Златен медал - прво место 1960 Рим Сабја (екипно)
Гробот на Аладар Геревич

Неговата сопруга Ерна Боген (познато и како Ерна Богати), неговиот син Пал Геревич и неговиот татко Алберт Боген исто така се закитиле со Олимписки медали во мечување.

На унгарските квалификации за избор на натпреварувачи за Летните олимписки игри - 1960 во Рим, Аладар бил запоставен од мечувачкиот комитет, бидејќи бил премногу стар. Но, тој ги занемил сите со победата во секој натпревар во дисциплината сабја поединечно, натпреварувајќи се против своите екипни колеги посебни. На игрите во Рим во 1960, Геревич не настапил во дисциплината сабја поединечно.

Аладар Геревич умрел во Будимпешта на 81 година.

Наводи уреди

  1. „Legendary Olympians“. CNN.com. 19 August 2008. Архивирано од изворникот 25 April 2010. Посетено на 3 May 2010.

Надворешни врски уреди