Акциски филм или само акцијафилмски жанр во кои акциони делови, како борби, каскадерски сцени, автомобилски потери или експлозија, имаат предност пред елементите како што се карактеризација или целосна приказна. Акцијата обично вклучува поединечни напори од страна на херојот, што е спротивно од поголемиот дел на воени филмови. Овој жанр е блиску поврзан со жанровите трилер и авантура, а може да содржат и елементи на драма и шпионска фантастика.[1]

Некои од најпознатите акциони филмски херои. Од лево: Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис, Стивен Сегал (под нив) Долф Лундгрен, Жан Клод ван Дам, Весли Снајпс, Џеки Чен.

Поджанрови уреди

  • Акциска драма — Комбинира акциони елементи со сериозни теми, карактеризација и емотивен набој. Овој поджанр може да се пронајде во самите почетоци на акциониот филм. Третиот човек бил наградуван филм од овој поджанр. Филмовите од серијалот Француска врска се сметаат за воскреснување на овој жанр. Добри примери се и Пороците од Мајами и Топлина на Мајкл Мен.
  • Полицајци — партнери — Два дијаметрално спротивни полицајци (или некоја варијација на типот полицаец и криминалец) се здружуваат како главни протагонисти. Најдобри примери се Гас до даска, Лоши момци, 48 часа, Смртоносно оружје и Танго и Кеш.
  • Акциска комедија — Комбинација од акција и комедија обично темелена на различните одлики на партнерите или необичното опкружување. Акционата комедија како поджанр оживеа со популарноста на серијалот Смртоносно оружје во осумдесеттите и деведесеттите. Добри примери се и Лоши момци, Гас до даска и Полицаецот од Беверли Хилс.
  • Акциски трилер — Елементи од акција (автомобилски потери, пукање, експлозии) и од трилерот (преокрети у причи, напнатост, херој во опасност). Многу филмови од Џејмс Бонд станаа класици на овој популарен поджанр како и Смртоносно оружје, Смртоносно оружје 2, Смртоносно оружје 3 и конечно Смртоносно оружје 4. Како добар пример може да послужи и филмски серијал за Џејсон Борн со Мет Дејмон, Борновиот идентитет, Борновата надмоќ и Борновиот ултиматум.
  • Грабеж — Протагонисти изведуваат грабеж, или од некакви причини или како антихерои. Филмот Само еднаш се живее, темелен на фаќањето на Бони и Клајд, беше еден од првите примери за овој поджанр. Од останатите примери, треба да ги издвоиме Добра работа во Италија, Топлина и Единаесетте на Оушн.
  • Умри машки сценарио — Приказната се одвива на затворена локација — во зграда или возило — опколени или под закана од непријателските агенти. Овој поджанр почна со филмот Умри машки, но стана популарен во Холивуд поради одговорот на публиката. Меѓу филмовите кои ја копираа формулата на Умри машки беа Под опсада, Џон Кју, Конечна одлука, Воздухоплов еден, Брзина, а по некои мислења дури и Титаник.
  • Научнофантастична акција — Било кој од поджанровите на акцискиот филм може да биде сместен во Научна фантастика. Војна на ѕвездите почнаа да ја користат оваа комбинација на акција и футуристички елементи во седумдесеттите, по примерот на серијалите од триесеттите и четириесеттите како што е Флеш Гордон. Експлозија на научнофантастични акциски филмови следеше во осумдесеттите и деведесеттите со филмовите како што се Петтиот елемент, Матрица и Осмиот патник.
  • Акциски хорор — Како што е тоа случај со научно-фантастичните акциони филмови, било кој поджанр може да се комбинира со елементи на хорор филмовите за да се создаде она што стана самостален популарен акциски поджанр. Чудовишта, роботи и многу други елементи од хоророт се користени во акционите филмови. Во осумдесеттите познат филм е Вонземјани со потенцијална хибридна фантастика, акција и хорор кој остана популарен сè до денешницата.
  • Девојки со оружје — Овој поджанр се фокусира на акциони елементи, само од женска перспектива.

Наводи уреди

  1. Rainer, Peter (June 27, 1993). „FILM COMMENT : Endangered Species : The American action-fantas epic is in danger of becoming terminally musclebound and knuckle-headed“. The Los Angeles Times. Посетено на 2010-10-27.