Акваман (англиски: Aquaman) — измислен суперхерој којшто се појавува во американските стрипови објавени од страна на DC Comics. Создаден од страна на Пол Норис и Морт Вејсингер, ликот дебитирал во Повеќе забавани стрипови #73 (ноември 1941 година).[1] Во текот на доцните 1950-ти и 1960-ти години суперхерој-преродбата започнала и била позната како сребреното време, а Аквамен бил основен член на Лигата на правдата. Во 1990-тите писателите го претставуваат карактерот посериозно.[2]

Аквамен
Информации од објавувањето
ИздавачDC Comics
Прво појавувањеMore Fun Comics #73 (ноември 1941)
Создаден одМорт Вајсингер
Пол Норис
Информации од приказната
ИмеArthur Curry
Видчовеково-атлантидски хибрид
Атлантидец
ПотеклоАтлантида
ПрипадностЛига на правдата
ПартнерствоМера
Нуидис Вулко
Аквамомче
Аквадевојче
Позначајни прекариОрим, Кралот на седумте мориња, Жителот на длабочинита, Акватичен мраз, Тера Фирма
Способности
  • натчовечка сила, брзина и издржливост
  • акватичма физиологија
  • телепатија и умствена контрола на водниот свет

Појавувањето на Аквамен во анимираниот свет во 1960-тите, остави голем впечаток врз публиката, што го направи Акваман многу познат и ценет во популарната култура. Модерните стрипови го претставуваат како поопасен владетел на Атлантида.[3]

Аквамен бил вклучен во неколку адаптации, прво се појавува во анимираната форма во 1967 година. Од тогаш тој се има појавено во различни анимирани продукции, вклучувајќи истакната улога во 2000-тите серија Лига на правдата неограничени и Бетмен: Храбриот и смелиот, како и неколку Ди-си анимирани оригинални филмови. 

Првата приказна за потеклото на Аквамен била претставена во Позабавни стрипови #73 (Ноември 1941) раскажано од самиот карактер.

Наводи

  1. „Happy 70th Birthday“. The Aquaman Shrine. Посетено на 2011-10-09.
  2. Wallace, Dan (2008). „Aquaman“. Во Dougall, Alastair (уред.). The DC Comics Encyclopedia. London: Dorling Kindersley. стр. 18–19. ISBN 0-7566-4119-5.
  3. Aquaman vol. 7 #1 (November 2011) DC Comics

Надворешни врски