Аквамарин (латински: aqua marinā, морска вода[1]) — транспарентен полускапоцен камен, кој е еден од вариететите на берилот. Има сина или тиркизна боја и личи на бојата на морето. Бојата може да му варира, така што жолтиот берил се нарекува хелидор, розовиот морганит, а белиот гошенит.

Необработен аквамарин

Најголемиот аквамарин е пронајден во 1910 г. во Марамбаја во Минас Жераис во Бразил[2]. Тежел 110 кг, долг 48,5 cm и со пречник од 42 cm.

Скапоцените камења и нивното влијание на човекот уреди

 
Обетки од аквамарин, бисер и син жад

Скапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Сината боја на аквамаринот го поттикнува чувството на верност и постојаност и е поттик за длабоки размислувања. Симболизира надеж, здравје, младешка виталност и вредност. Римските морепловци верувале дека аквамаринот носи среќа на море и ја спречува морската болест.

Скапоцените камења и хороскопските знаци уреди

Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така аквамаринот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: бик, близнаци, скорпија, водолија и риби.

Наводи уреди

  1. „aquamarine“. Merriam-Webster. Архивирано од изворникот 6 февруари 2017. Посетено на 5 февруари 2017.
  2. Owens, George (1957). „The Amateur Lapidary“. Rocks & Minerals. 32 (9–10): 471. doi:10.1080/00357529.1957.11766963.

Надворешни врски уреди

perlenoire.mk Архивирано на 27 декември 2018 г. (македонски)