Азимут (арап. السمت, ес‑симт = „насока“) е хоризонтален агол со теме во точка на картата, од која едниот крак е во правец на север, а другиот во правец на определена точка од стварноста. Азимутот се зголемува надесно и може да има вредност од 0 до 360 степени. Обратниот азимут е хоризонтален агол кој се разликува од азимутот за 180 степени. Азимутот и аголот на правец се мерат од карта со компас, агломер и тетивен агломер.

Азимутот е аголот меѓу појдовната упатница (во случајов, север) и линијата од набљудувачот до точка од интерес проектирана на истата рамнина како појдовната упатница нормално на зенитот.

Видови азимут уреди

Географскиот азимут е хоризонтален агол меѓу географскиот север (меридијанот) и правецот на целта. Магнетниот азимут е хоризонтален агол меѓу магнетниот север и целта. Правоаголниот азимут (на правец) е хоризонтален агол меѓу правецот на х-оската и целта.

 
Компас од марката „Брантон“

Магнетна деклинација уреди

Правецот на географскиот меридијан и правецот на магнетниот север се сечат под агол кој се вика магнетна деклинација. Вредноста на магнетната деклинација е променлива вредност поради промените во деклинацијата заради јоносферата и магнетните бури.

Меридијанска конвергенција уреди

Правецот на географскиот меридијан и правецот паралелен на х-оската, образуваат агол наречен меридијанска конвергенција (зближување на меридијаните).

Поврзано уреди