Аеродромот во Минхен (IATA: MUC, ICAO: EDDM), официјално наречен Аеродром Франц Јозеф Штраус (германски: Flughafen München Franz Josef Strauß) — сместен 28 километри североисточно од Минхен, Германија, и е централа на Луфтханза и нејзините Star Alliance партнери. Аеродромот е втор најфрекфентен аеродром во Германија во однос на превезени патници (33.96 милиони патници во 2007), веднаш зад аеродромот во Франкфурт, и на 28 место на списокот на најфрекфентни аеродроми низ целиот свет. Во 2007, беше одликуван со наградата "Најдобар аеродром во Европа" од страна на Skytrax, компанија поврзана со истражувањето на авиобизнисот.

Аеродром Минхен

Flughafen München
Аеродром Минхен, 2010
Општо
Аеродромски видЈавен
Сопственик/ОператорFlughafen München GmbH
Служи заМинхен
МестоположбаМинхен, Германија
Јазол за
Насочен град кон
Надм. височина453 м / 1.487 ст
Мрежно местоmunich-airport.de
Карта
MUC is located in Германија
MUC
MUC
Местоположба во Германија
Писта
Правец Должина Површина
м ст
08R/26L 4.000 13.123 бетон
08L/26R 4.000 13.123 бетон
Хелиодром
Правец Должина Површина
м ст
H 30 98 бетон
Статистика (2019[1])
Патници47.959.885 +3,6%
Движења на авиони417.138 +0,9%
Товар (во тони)338.517 −5,6%
Извори:[2] Passenger Traffic & Aircraft Movements, ADV[3]
German AIP at EUROCONTROL[4]

Историја уреди

Аеродромот започна со операции во 1992, заменувајќи го дотогашниот Минхен Реим аеродром. Кога конструкцијата започна во 1980 година, местото именувано Френзхејм мораше да биде уништено, и 500 жители мораа да бидат преселени на друго место. Аеродромот беше именуван по Франц Јозеф Штраус, кој одигра важна улога на политичката сцена во Германија. Помеѓу другото, тој беше долгогодишен премиер на Баварија и под негово владеење се донесе одлуката за градење на аеродромот. Во јуни 2003, Терминалот 2 беше завршен, каде беше сместена алијансата Star Alliance. Поради нагло зголемениот сообраќај, трета писта е планирана да се изгради во блиска иднина.

Транспорт од аеродромот уреди

Воз, Автобус и Такси уреди

До центарот на Минхен може да се стигне со подземната железница на Минхен, линии S1 и Ѕ8. Патувањето трае околу 45 минути и тикет во еден правец чини околу 520 денари, во еден правец. Lufthansa City Airport Bus го поврзува аеродромот со Централната железничка станица во Минхен. Автобусот исто така има застанување и на станицата Nordfriedhof(U6) во северен Минхен. Тикет во еден правец чини 610 денари, додека повратен тикет чини 945 денари. Такси превозот до центарот на Минхен чини 70 евра.

Автомобил уреди

Аеродромот во Минхен е поврзан со центарот на Минхен преку автопатот А 92 и А 9.

Терминали уреди

Постојат два терминала на аеродромот, Терминал 1 и Терминал 2.

Терминал 1 уреди

Хала А уреди

Хала Б уреди

Хала Ц уреди

Хала Д уреди

 
 
Iberia Airbus A320-200

Хала Е уреди

Халата Е служи исклучиво за пристигања

Хала Ф уреди

Халата Ф[5] е безбедносен терминал кој се користи од страна на авиокомпаниите од Израел.

Централна Ареа (Zentralbereich) уреди

  • Air Transat (Калгари, Торонто, Ванкувер) [сезонски]
  • TUIfly (Агадир, Анталија, Араксос, Аресифе, Бари, Каљари, Каиро, Катанија, Крф, Даламан, Дубровник, Фаро, Фуертевентура, Фунчал, Ираклион, Хургада, Херез де ла Фронтера, Кос, Ларнака, Лас Палмас, Луксор, Махон, Марса Алам, Наполи, Олбија, Палермо, Палма де Мајорка, Папос, Родос, Ријека, Римини, Сал, Шарм Ел Шеик, Тенерифе Југ, Солун)

Терминал 2 уреди

 
Надворешен изглед на терминалот 2
 
Terminal 2 Информации за летовите

Терминалот 2 е резервирано за членовите на Star Alliance, како и партнерите на Луфтханза. Беше отворен на 29 јуни 2003 година и е способен да прими од 20 до 25 милиони патници годишно. Дваесет и шест авиокомпании го користат терминалот.

Крило 3 уреди

Крило 4 уреди

 
Lufthansa Regional Embraer E195

Централна Ареа уреди

Централната Ареа на аеродромот во Минхен е шопинг, бизнис и простор за рекреација која ги поврзува двата терминала, постариот дел кој припаѓа на терминалот 1 е внатрешна ареа. Поновиот дел, кој беше изграден во исто време со терминалот 2, е голем надворешен простор, во еден дел покриен со транспарентен покрив, кој исто така содржи и хотел раководен од Кемпински.

Карго простор уреди

Наводи уреди

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име traffic1.
  2. Munich Airport Press Release: Take-offs and landings up 2.6% to over 400,000, 15 January 2018
  3. Flughafenverband ADV. „Statistiken IVF 2013 – Flughafenverband ADV – Unsere Flughäfen: Regionale Stärke, Globaler Anschluss“. Архивирано од изворникот на 24 May 2015. Посетено на 2 June 2015.
  4. „EAD Basic – Error Page“. Посетено на 2 June 2015.
  5. „Digital airport map“. www.munich-airport.com (англиски). Посетено на 2018-05-24.