Аеродром Копенхаген

Аеродромот во Копенхаген (Дански: Københavns Lufthavn, Kastrup) (IATA: CPH, ICAO: EKCH) е главниот аеродром кој го опслужува Копенхаген, Данска и околните градови во регионот на Ересунд. Сместен е на некои 8 километри од центарот на Копенхаген, и 24 километри од центарот на Малме, Шведска. Аеродромот е еден од трите главни централи на Scandinavian Airlines System, исто така е централа и на авиокомпанијата Sterling. Аеродромот опслужува во просек околу 60.000 патници во еден ден, додека минатата година околу 21,4 милиони патници поминаа низ аеродромот, правејќи го најзафатен аеродром во Скандинавија, како и на 17 место меѓу најфрекфентните аеродроми во Европа. Аеродромот оригинално беше наречен Каструп аеродром, бидејќи е сместен до мало место наречено Каструп, и сѐ уште официјалното име е Аеродром Копенхаген, Каструп за да се направи разлика од аеродромот Роскилде, кој е официјално наречен аеродром Копенхаген, Роскилде.

Аеродром Копенхаген
Københavns Lufthavn
Copenhagen Airport
{{{name}}}
Општо
Писти
Правец Должина Површина
ft m
04L/22R 11,811 3,600 Асфалт
04R/22L 10, 827 3,300 Асфалт

Историја уреди

 
Карта на аеродромот
  • 1925 Аеродромот е отворен на 20 април. Еден од првите приватни аеродроми на светот, со тревна писта.
  • 1932 6000 полетувања и спуштања на годишно ниво
  • 19361939: Нов терминал, кој се смета за пример на Нордиски функционализам
  • 1941: Првата асфалтна писта е направена
  • 1946: SAS е формиран, важен настан за аеродромот Копенхаген, бидејќи аеродромот ќе биде главна централа на авиокомпанијата. Сообраќајот се зголемува по формирањето на авиокомпанијата, а исто така аеродромот доаѓа на трето место по големина во Европа.
  • 1947: На 26 Јануари, авион на КЛМ се урива по застанување на пат кон Стокхолм. 22 патници загинуваат, вклучувајќи ја и Шведскиот принц Густав Адолф, и Американскиот оперски пејач, Грејс Мур.
  • 1948: 150 полетувања и спуштања дневно, и 3000 патници обработени на ден.
  • 1950: 378,000 патници се обработени.
  • 1954: 11,000 тони на карго товар е обработен на ден. SAS започнува со првата транс поларна рута, летајќи до Лос Анџелес. Рутата се покажува како многу популарна, и во период од неколку години, Копенхаген преоѓа во популарно место за Холивудските звезди.
  • 1956: 1 милион патници обработени за една година. Аеродромот добива награда за аеродром на годината.
  • 1960-ти: Со влегувањето во џет ерата, започнува дебата за голема експанзија на аеродромот. На авионите им е потребен поголем простор за маневрирање, и се доаѓа до план да се прошири аеродромот во еден од регионите на Каструп или на малиот остров Салтхолм. Доаѓа до протести од месното население и планот се стопира за некој период.
  • 1960: На 30 април, Терминалот 2 се отвора. Исто така, нова контролна кула се отвора и аеродромот обработува 2 милиони патници на годишно ниво.
  • 1970-ти: Аеродромот се соочува со проблеми со немање простор, посебно со влегувањето во сообраќај на Боинг 747. Паднала одлука да се прошири аеродромот кон островот Салтхолм, но данскиот парламент ја стопира реновацијата.
  • 1973: 8 милиони патници обработени на годишно ниво.
  • 1982: Отворен е карго терминал.
  • 1986: Паркинг гаража за 2400 автомобили.
  • 1991: Аеродромот е приватизиран.
  • 1998: Отворен е терминал 3, и аеродромот обработува 17 милиони патници годишно.
  • 1999: Системот за управување на багажот е модернизиран, и терминалот Вилхелм Лауритсен е поместен 3.8 километри за да се направи место за нови терминали, хотел и железничка станица.
  • 2000: Аеродромот обработува 18,4 милиони патници годишно. Отворена е железничка линија до Малме.
  • 2001: Хилтон хотел со пет звездички е отворен на аеродромот. 267,000 полетувања и спуштања.
  • 2006: Бројот на патници надминува 20 милиони годишно за првпат.
  • 2007: Отворена е метро станица која е вклучена во метро мрежата на градот Копенхаген.

Транспорт до аеродромот уреди

  • Воз: Железничката станица на аеродромот е сместена на терминалот 3 на линијата Ересунд.
  • Метро: Линијата М2 сообраќа до центарот на Копенхаген
  • Автобус: Автобусите 5А, 35, 36, 75 Е и 96 N и Грахундбус линијата број 999 сообраќа до центарот на Копенхаген.

Авиокомпании и одредишта уреди

 
Контролната кула заедно со Боинг 757 на Исландската авиокомпанија Icelandair

Терминал 1 уреди

Сите домашни летови:

Терминал 2 уреди

 
Добредојдовте во Копенхаген
 
Ленти за багаж

Терминал 3 уреди

 
Терминал 3