Аеродром Берлин-Тегел


Аеродромот Берлин-Тегел (IATA: TXL, ICAO: EDDT), познат и како Аеродром „Ото Лиилентал — поранешен главен аеродром кој го опслужува Берлин, Германија. Се простира во населбата Тегел, и е препознатлив по шестаголната терминална зграда. Во 2008, аеродромот опслужи околу 14.530.000 патници. Аеродромот се планира да биде затворен во 2012 година, 6 месеци по комплетирањето на новиот Берлин Бранденбург Аеродром, на кој се планира да се слеат сите летови кон Берлин. Аеродромот Тегел служи како и помала база за Луфтханза и TuiFly.

Аеродром Берлин-Тегел

Flughafen Berlin-Tegel
Општо
Аеродромски видзатворен
ОператорFlughafen Berlin Brandenburg GmbH
Служи заБерлин
МестоположбаРајникендорф, Берлин, Германија
Отворен1948
Затворен8 ноември 2020[1]
Надм. височина122 ст / 37 м
Координати52°33′35″N 013°17′16″E / 52.55972° СГШ; 13.28778° ИГД / 52.55972; 13.28778
Мрежно местоberlin-airport.de
TXL is located in Berlin
TXL
TXL
Местоположба на аеродромот во Берлин
Писта
Правец Должина Површина
м ст
08L/26R 3,023 10 асфалт
08R/26L 2,428 8 асфалт
Статистика (2019)
Патници24,227,570
Промена на патници 18–19 +10,1%
Извори: Passenger Traffic, ACI Europe[2]
German AIP at EUROCONTROL[3]

Историја уреди

Ерата на студената војна уреди

Специјалниот статус на Западен Берлин за време на студената војна (8 мај 1945 - 2 октомври 1990) значеше дека целиот сообраќај до и од западна Германија беше расподелен на трите победнички земји од Втората светска војна. Air France беше првата авиокомпанија да започне со редовен авиосообраќај на Тегел на 2 јануари 1960 година. Авиокомпанијата се одлучи да ги префрли сите свои операции од аеродромот Берлин Темпелхоф на Берлин Тегел аеродромот поради прекратката писта на аеродромот Темпелхоф. Pan Am стана втората авиокомпанија со редовен авиосервис си три летови во неделата кон аеродромот Њујорк Кенеди во Мај 1964 година. Од Април 1968 година, целиот чартер сообраќај, најмногу од тур операторите од Велика Британија и САД, кои дотогаш оперираа од аеродромот Берлин Темпелхоф, ги префрлија сите свои операции на аеродромот Берлин Тегел. Нова зграда посебно наменета за овие чартер компании беше изградена. Други авиокомпании кои оперираа со редовен авиосервис од и до Берлин за време на студената војна беа:

  • Court Line Aviation - Британска авиокомпанија која оперираше на летови од Берлин Тегел до Лондон Лутон и Париз Ле Буржет аеродромите помеѓу 1970 и 1974 година под договор со Западно Берлинската студентска унија
  • Touraine Air Transport - Француска регионална авиокомпанија која сообраќаше до Саарбрукен неколкупати во денот од 1978 до 1984 година
  • Berlin Regional UK - Британска компанија заснована во Берлин основана во 1986 година од поранешен генерален менаџер на British Airways која сообраќаше на домашни и меѓународни регионални одредишта кои не беа опслужувани од никоја друга авиокомпанија од аеродромот Берлин Тегел во тоа време
  • TWA - Американски авиопревозник кој сообраќаше до аеродромите во Франкфурт и Брисел двапати дневно
  • Pan Am Express - регионална подружница на Pan Am која започна со операции во ноември 1987 година. Оперираше на одредишта како Базел, Бремен, Дортмунд, Хановер, Инсбрук, Касел, Кил, Милано, Салцбург, Стокхолм и Виена

Ерата после паѓањето на Берлинскиот ѕид уреди

По обединувањето на Германија на 3 октомври 1990 година, сите рестрикции за аеродромите во Западен Берлин беа симнати. Луфтханза започна со летови кон Берлин на 28 октомври 1990, најпрвин со 12 летови кон Келн, Франкфурт и Лондон Гетвик. Овој период беше период кога легислативата на ЕУ за внатрешен авио пазар беше сѐ уште во процедура и кога домашните летови беа сѐ уште резервирани за летови од секоја држава посебно. Луфтханза и останатите Германски авиокомпании лобираа кај владата да ги забрани сите активности на Dan Air и British Airways од и кон Берлин. Ова резултираше со откупување на 49% од сопственоста на Германската регионална авиокомпанија Delta Air од страна на British Airways, и преименување на истата во Deutsche BA. British Airways исто така ја замени флотата на авиокомпанијата со авиони од типот Боинг 737. Останати авиокомпании кои започнаа со редовен сообраќај кон Берлин по обединувањето на Германија беа: Aero Lloyd, Alitalia, American Airlines, SAS Eurolink, Swissair и TWA.

Година Патници Товар[t] Пошта [t] Сообраќај
1991 6.715.402 13.585 16.002 120.344
1992 6.641.634 16.493 18.705 96.896
1993 7.000.168 16.060 17.672 90.750
1994 7.234.345 16.625 16.869 93.103
1995 8.186.512 17.131 16.229 112.521
1996 8.298.736 17.836 17.525 117.247
1997 8.622.359 19.043 16.465 117.495
1998 8.810.476 15.183 15.639 115.092
1999 9.543.437 15.349 15.887 118.188
2000 10.268.325 17.096 26.792 127.668
2001 9.863.870 17.578 15.977 125.484
2002 9.055.002 13.787 14.258 111.334
2003 11.055.303 12.800 4.665 134.395
2004 11.014.062 12.009 8.044 131.875
2005 11.500.454 11.246 3.125 137.288
2006 11.787.960 13.490 5.522 134.322
2007 13.510.188 14.830 4.823 145.423

Јавен Транспорт уреди

Аеродромот е поврзан со јавната транспортна мрежа на Берлин преку автобуси, преку кој аеродромот се поврзува со У-Бан и С-Бан, како и со Regional Express возовите и меѓународните возови.

  • JetExpress TXL автобус сообраќа до станицата Beusselstraße, Hauptbahnhof, главната железничка станица, Unter den Linden станицата, со последна станица Александерплац.
  • Х9 Express автобус сообраќа до Jakob-Kaiser-Platz станицата, Berlin Jungfernheide со последна станица Berlin Zoologischer Garten.
  • Автобусот број 109 сообраќа до Jakob-Kaiser-Platz станицата, Berlin-Charlottenburg и Berlin Zoologischer Garten.
  • Автобусот број 120 сообраќа до Kurt-Schumacher-Platz и Osloer Strasse.

Сите автобуси се оперирани од стран на BVG, така што цените се подеднакви за сите линии (125 денари за еден тикет кој важи за два часа за целата сообраќајна мрежа на Берлин).

Терминали уреди

 
Моментален изглед на терминалот
 
Проширување на терминалот со два шестаголни прстени

Аеродромот содржи четири терминали. Бидејќи аеродромот е мал во споредба со другите поголеми аеродроми, овие терминали исто така можат да бидат наречени и хали.

  • Главниот терминал е оригинален дел од аеродромот. Содржи два дела:
    • Терминал А е шестаголен прстен со паркинг површина. Содржи 14 порти со 16 влеза (А00 - А15). Не постои никаква транзит зона, што значи дека секоја порта има своја безбедносна точка како и излез за патниците кои пристигнуваат на аеродромот. Сите поголеми авиокомпании пристигаат на овој терминал.
    • Терминал Б е терминал кој порано се користел како хала за чекање во главниот терминал.
  • Терминал Ц беше отворен во мај 2007 како привремено решение бидејќи сите останати терминали беа исполнети. Содржи 19 шалтери за чекирање и 8 паркинзи кои не се поврзани со порти. Моментално, 5 додатни паркинзи се конструираат со што овој терминал е проширен близу 50% повеќе отколку што беше најпрво замислено. Изградбата се планира да заврши во август 2009, со што Delta Air Lines и Hainan Airlines ќе ги преместат своите операции таму.
  • Терминалот Д беше отворен во 2001 година. Содржи 22 шалтери за чекирање. Овој терминал е единствениот кој е отворен 24 часа во денот.
  • Терминалот Е содржи три шалтери за чекирање (Е16 - Е18).

Авиокомпании и одредишта уреди

Наводи уреди

  1. aerotelegraph.com - "That's how airlines say Goodbye to Tegel" (германски) 8 November 2020
  2. „Passenger record 2016: 32.9 million passengers at Berlin's airports“. Посетено на 12 January 2017.
  3. „EAD Basic“. Euro Control. Посетено на 6 June 2012.