Административна поделба на Сан Марино

Сан Марино е поделен на следниве девет општини, локално познати како „замоци“ (италијански: castelli).

Карта на општините во Сан Марино
Градови во Сан Марино
Град Површина
(км2)
Население
1986 1996 2006
Аквавива 4,86 1.148 1.264 1.881
Борго Маџоре 9,01 4.421 5.358 6.061
Домањано 6,62 1.885 2.207 2.899
Кјезануова 5,46 724 866 1.036
Монтеџардино 3,31 557 717 843
Сан Марино 7,09 4.179 4.350 4.409
Серавале 10,53 6.995 8.085 9.847
Фаетано 7,75 738 870 1.139
Фјорентино 6,56 1.478 1.798 2.253
Сан Марино 61,19 22.125 25.515 30.368

Најголем град во Сан Марино е градот Догана кој не е посебна општина, туку е во состав на општината Серавале.

Секоја општина има главен град локално познат како „каполуого“ (capoluogo).

Поврзано уреди