Административна поделба на Исланд

Административната поделба на Исланд ги опфаќа првостепените, второстепените, третостепените и четвртостепените административни единици на Исланд. Државата е поделена (од најмало) на: општини, окрузи, региони и изборни единици.

Општини уреди

 
Општините во Исланд

Исланд е поделен на 76 општини кои управуваат со локалната власт, како на пример образованието или транспортот.

Окрузи уреди

 
Окрузите во Исланд.

Исланд е поделен на 23 окрузи и тие во добар дел претставуваат историска поделба.

Региони уреди

 
Регионите во Исланд.

Исланд е поделен на осум региони. Регионите воглавно имаат статистички употреби.

Изборни единици уреди

 
Изборни единици во Исланд.

До 2003 година, изборните единици биле истите со регионите. Со амандман законот бил променет и денес има 6 изборни единици.

Поврзано уреди