Административна поделба на Англија

Административната поделба на Англија се состои од четири слоја (нивоа) на делба, каде некои слоеви содржат разновидни административни единици. Сите овие постојат за целите на локалната управа на Англија.

Некои единици играат комбинирана улога на два слоја на локална управа, како на пример административното подрачје на Голем Лондон, кое исто така ја претставува и единицата Лондонски регион, а унитарните единици често се вбројуваат во единици на грофовиско и на окружно ниво.

Регионално ниво уреди

На највисоко ниво, Англија се дели на 9 региони кои содржат една или повеќе грофовиски единици. Регионите биле создадени во 1994 г. и како такви се користат и како изборни единици за Европскиот парламент. Сите имаат ист статус. Меѓутоа Лондон е единствениот регион со забележителна деволуирана власт во облик на избран градоначалник и управата на Голем Лондон. Регионите во голема мера се разликуваат по големина, како со површината, така и со бројот на населението.

Тип Создаден Број Единици
Регион 1994 9 Источен • Источен Мидлендс • Лондон • Североисточен • Северозападен • Југоисточен • Југозападен • Западен Мидлендс • Јоркшир и Хамбер

Грофовиско ниво уреди

Англија административно се дели на двослојни и еднослојни управни единици; оние од повисоко ниво во двослојно-структуираните единици се нарекуваат „грофовии“ (counties). Во Англија постојат три вида на грофовии, меѓутоа тие не ја покриваат цела Англија; останатите се еднослојни унитарни единици (видете подолу).

За други (неадминистративни) цели, Англија се дели на т.ен. „церемонијални грофовии“ (ceremonial counties), иако ова не е службен поим. Секоја грофовија има Лорд-намесник (Lord Lieutenant) кој ја претставува Круната во својата грофовија. Церемонијалните грофовии често се разликуваат од административните грофовии по тоа што ги заземаат подрачјата кои ги покриваат унитарните единици, и така ја покриваат Англија во потполност. Тие најчесто се употребуваат од луѓето, кога кажуваат во кој дел на земјата живеат, а истите играат улога и во образувањето на границите на парламентарни изборни единици.

 
Ширските грофовии и неметрополскит унитарни единици се розови, додека метрополските грофовии се црвени, а Голем Лондон е портокалов.

Трите вида на административна грофовија се:

Тип Создадена Број Единици
Метрополска грофовија 1974 6 Голем Манчестер • Мерсисајд • Јужен Јоркшир • Тајн и Вер • Западен Мидлендс • Западен Јоркшир
Ширска грофовија
(Неметрополска грофовија)
1974 35 Бедфордшир • Беркшир (без грофовиски совет)  • Бакингемшир • Кембриџшир • Чешир • Корнвол • Камбрија • Дарбишир • Девон • Дорсет • Дарем • Источен Сасекс • Есекс • Глостершир • Хемпшир • Хартфордшир • Кент • Ланкашир • Лестершир • Линколншир • Норфолк • Нортхемптоншир • Норамберленд • Северен Јоркшир • Нотингемшир • Оксфордшир • Шропшир • Сомерсет • Стафордшир • Сафолк • Сари • Ворикшир • Западен Сасекс • Вилтшир • Вустершир
Административно подрачје 1965 1 Голем Лондон

Треба да се напомене дека иако метрополските грофовии сѐ уште законски постојат, највеќето од нивните административни функции сега ги вршат метрополските окрузи, кои во практика се унитарни единици (видете подолу). Управата на Беркшир исто така сега ја вршат унитарни управни власти, иако грофовијата сѐ уште правно постои, бидејќи никогаш не била укината.

Окружно ниво уреди

Во рамките на двослојната административна структура, на подолно ниво се окрузите (districts). Некои окрузи се нарекуваат „окрузи“ (boroughs), градови (cities) или пак кралски окрузи (royal boroughs).

 
Метрополски окрузи, лондонски окрузи и неметрополски унитарни единици (остатокот се ширски грофовии)
Тип Создаден Број Единици
Метрополски округ
(во рамките на метрополска грофовија)
1974 36 Голем Манчестер: Болтон • Бари • Манчестер • Олдам • Рочдејл • Салфорд • Стокпорт • Темсајд • Трафорд • Виган
Мерсисајд: Ноусли • Ливерпул • Сефтон • Сент Хеленс • Вирал
Јужен Јоркшир: Барнсли • Донкастер • Ротерам • Шефилд
Тајн и Вер: Гејтсхед • Њукасл на Тајн • Северен Тајнсајд • Јужен Тајнсајд • Сандерленд
Западно Средиште: Бирмингем • Ковентри • Дадли • Седвел • Солихал • Волсал • Вулверхемптон
Западен Јоркшир: Брадфорд • Калдердејл • Кирклис • Лидс • Вејкфилд
Неметрополски округ
(во рамките на ширска грофовија)
1974 284 видете: Неметрополски округ#Список на грофовии и окрузи
Лондонски округ
(во рамките на Голем Лондон)
1965 32 Баркинг и Дегенам • Барнет • Бексли • Брент • Бромли • Кемден • Кројдон • Илинг • Енфилд • Гринич • Хекни • Хамерсмит и Фулем • Харинги • Харо • Хевринг • Хилингдон • Хаунсло • Излингтон • Кенсингтон и Челси • Кингстон на Темза • Ламбет • Луишам • Мертон • Њуам • Редбриџ • Ричмонд на Темза • Садарк • Сатон • Тауер Хамлетс • Волтам Форест • Вондсворт • Вестминстер
засебен во антиката 1 Сити заедно со Внатрешниот и Средниот Храм

Треба да се напомене дека метрополските окрузи се во практика унитарни единици (видете подолу), иако метрополските грофовии сѐ уште правно постојат. Лондонските окрузи и Сити исто така во практика се унитарни единици, иако управата на Голем Лондон задржува извесна (но ограничена) доза на управа.

Унитарни единици уреди

Извесни, главно урбани, делови од Англија не потпаѓаат под двослојната грофовиско-окружна поделба. Тие пак се покриени од единствено подрачје, често (но неофицијално) наречено „унитарна единица“ (unitary authority).

Унитарните единици се создадени во 1995 г., главно за окрузи кои биле одделени од нивната грофовија. Во некои случаи се променети границите, или пак окрузите се споени во еден при ваквата реогранизација. Единствено единицата Остров Вајт била создадена од грофовиската управа чии окрузи не биле укинати.

Сите окрузи во рамките на грофовијата Беркшир се унитарни единици, иако Беркшир сѐ уште правно постои како грофовија, и покрај тоа што нема грофовиска управа. Беркширските унитарни единици се обележани со ѕвездички (*) во следната таблица.

Островите Сили имаат засебна локална управа, која е Советот на Сили, која е слична на унитарните единици во остатокот од Англија.

Метрополските окрузи, лондонските окрузи и лондонскиот Сити во практика се исто така унитарни единици, иако правно тие сѐ уште потпаѓаат под двослојната поделба.

Тип Создадена Број Единици
Унитарни единици образувани од окрузи 1995 45 Бат и Североисточен Сомерсет • Блекберн со Дарвен • Блекпул • Борнмут • Брекнел Форест* • Брајотон и Хоув • Бристол • Дарби • Дарлингтон • Источен Рајдинг Јоркшир • Халтон • Хартлпул • Херефордшир • Кингстон на Хал • Лестер • Лутон • Медвеј • Мидлсбро • Милтон Кинс • Североисточен Линколншир • Северен Линколншир • Северен Сомерсет • Нотингем • Питербро • Плимут • Пул • Портсмут • Рединг* • Редкар и Кливленд • Ратленд • Слау* • Саутхемптон • Саутенд на Море • Јужен Глостершир • Стоктон на Тис • Стоктон на Трент • Свиндон • Телфорд и Рекин  • Тарок • Торбеј • Ворингтон  • Западен Беркшир* • Виндзор и Мејденхед* • Вокингем* • Јорк
Унитарни единици образувани од грофовии 1995 1 остров Остров Вајт
засебен 1890 1 острови Сили

Месно ниво уреди

Месната околија (наречена „граѓанска парохија“, civil parish) е најлокалната управна единица во Англија. Голем Лондон нема месни околии. Не сета Англија е поделена на месни околии, иако нивниот бројот, како и вкупната месна покриеност на земјата сè повеќе расте.