Аделината Земја (фр. Terre Adélie) е дел од антарктичкото крајбрежје помеѓу 136° ИГД (кај ‘ртот Пуркоа Па на 66°12′S 136°11′E / 66.200° ЈГШ; 136.183° ИГД / -66.200; 136.183) и 142° ИГД (кај ‘ртот Алден на 66°48′S 142°02′E / 66.800° ЈГШ; 142.033° ИГД / -66.800; 142.033) со должина на брегот од 350 км задгрбнина во облик на исечок што се протега 2.600 км до Јужниот Пол. На неа полага право Франција, како една од петте области на Француските Јужни и Антарктички Земји, иако ова право го признаваат само некои земји. Земјишната површина изнесува 432.000 км2 и е претежно покриена со мраз.

Аделина Земја
Terre Adélie
Знаме
ГеслоLiberté, égalité, fraternité
ХимнаМарселеза
Главен градПоларна станица „Димон Дирвил“ (нас. ~50)
66°40′S 140°01′E / 66.667° ЈГШ; 140.017° ИГД / -66.667; 140.017
Службен јазик француски
Уредување
 •  Претседател Никола Саркози
 •  Управник Ролон Мушел-Блезо[1]
Француска прекуморска територија
 •  Откриена 1840 
Површина
 •  Вкупна 432.000 км2 
Население
 •  Попис  33 (зиме) ; помалку од 80 (лете) 
Валута евро (EUR)
Часовен појас UTC+10
НДД .tf
Повик. бр. 262

Од 12 јануари 1956 работи француската истражувачка база „Димон Дирвил“ (66°40′S 140°01′E / 66.667° ЈГШ; 140.017° ИГД / -66.667; 140.017) со постојан кадар низ целата година. Зиме персоналот брои 33 члена, а лете се накачува на 78. Првата француска станица „Порт Мартен“ е изградена на 9 април 1950 на 66°49′04″S 141°23′39″E / 66.81778° ЈГШ; 141.39417° ИГД / -66.81778; 141.39417, но настрадала во пожар ноќта на 22-23 јануари 1952.[2]

Од 1957 до 1960 Франција имала уште една станица во континенталниот дел на антарктичката ледена покривка, оддалечена 320 км од денешната крајбрежна станица, на надморска височина од 2400 м. Оваа станица (наречена „Шарко“, по Жан-Батист Шарко) се наоѓала на 69°22′S 139°01′E / 69.367° ЈГШ; 139.017° ИГД / -69.367; 139.017 и била изградена по повод Меѓународната геофизичка година 1957/1958 и имала персонал од само тројца. Речиси сета станица била закопана во снег како заштита од силните ветришта.

Аделината Земја се граници со Австралиска Антарктичката Територија на исток и на запад, т.е. со Клерината Земја (дел од Вилксовата Земја) на запад и земјата на Џорџ V на исток.

Брегот прв го открил францускиот истражувач Жил Димон Дирвил во 1840, и го нарекол по неговата сопруга Адели.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Mesures d'ordre individuel“. Портал на владата - Страница на премиерот. Влада на Франција. 3 септември 2008. Архивирано од изворникот на 2009-02-05. Посетено на 31 јануари 2009. (француски)
  2. Fire destroys station in Antarctica, French expedition's loss, The Times, 26 јануари 1952

Надворешни врски уреди

75°00′S 139°00′E / 75.000° ЈГШ; 139.000° ИГД / -75.000; 139.000