Ада Циганлија е остров на реката Сава во Белград, кој по вештачки пат е претворен во полуостров. Исто така вештачки е соѕдадено и соседното Савско Езеро, кое настанало со преградување на Сава и плажата на езерото. Ада Циганлија во претходните векови била поѕната по ѕатвори и логори, но во повоениот период е претворена од место познато по затвори и извршување на смртни казни, во извонредно популарна и повеќефункционална рекреативна зона во Белград, позната по своите плажи и спортски објекти. Во текот на летото има повеќе од 100.000 посетители во текот на работните денови[1] и до 300.000 посетители за време на викендите.[2][3] Поради својата популарност, Ада Циганлија честопати во жаргон е нарекувана Белградско Море.

Поглед од авион
Ада Циганлија во зима
Ада Сафари

Географскa положба уреди

На реката Сава, во непосредна близина на устието со Дунав, на оддалечност од само 4 километри од центарот на Белград се наоѓа некогашниот остров, а денес полуостровот Ада Циганлија, излетничко место, место за капење и одморалиште за туристите. Обрасната е со густа листопадна шума, во која има и ливади.

Некои хроничари, името на овој остров го наоѓаат во келтските зборови синга (остров) и лиа (подводно земјиште), па така се дошло до изразот сингалија, од кој настанал зборот циганлија. Ада Циганлија, како ретко природно богатство била забележана уште од времето на Караѓорѓе Петровиќ и кнезот Милош Обреновиќ. Во 1821 година прогласена е за државно добро, за што важи и денес. Долната и горната преграда од ракавот на реката Сава изградени се во 1967 година, па така Белград добил единствено езеро, долго 4,2 километри, со просечна широчина од 200 метри, и длабочина од 4 до 6 метри. Во деновите на летната сезона, дневно овде се капат или на друг начин се рекреираат и до 300.000 посетители. Целата површина на Ада Циганлија, заедно со аквариумот, изнесува 800 хектари.

На островот се наоѓа и населбата Партизан, која често има проблеми со поплавите. Блиску до езерото се наоѓа колекција од камени скулптури, која привлекува доста внимание од туристите. Формацијата се вика „Камен град“ и е дело на вајарот Ратко Вулановиќ.

Флора и фауна уреди

 
Бели тополи (Populetum albae Knapp.) на Ада Циганлија
 
Диви патки на замрзнатото Савско Езеро

Ада Циганлија е без сомнение еден од централните еколошки пунктови, со специфична микроклима, која се одликува со повеќе влажност на воздухот и нешто пониски летни дневни температури во однос на останатите делови на градот.

Плажи уреди

 
Плажа

Плажата околу Савското Езеро е целосно уредена со неопходни инфрастуктурни објекти, поради што се смета за една од најголемите и најубавите плажи на вештачките езера во Европа. Водата на Савското Езеро е потопла од речните езера, и затоа е погодна за рекреација. Савското Езеро со квалитетот на водата, убавите објекти и должината на патеките, е многу погодно за натпреварувања на мирни води. Езерото е погодно за пливање, веслање, кајак, ватерполо, скокање во вода, едрење на даски и други спортови, па на него се одржувааат многу интересни првенства.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Љ. Перовић (14 јули 2008). „Сто хиљада суграђана на Воденом цвету“. Politika. Посетено на 17 август 2008. Надворешна врска во |work= (help)
  2. „Ада Циганлија“. City of Belgrade. 22 октомври 2007. Посетено на 17 август 2008. Надворешна врска во |work= (help)
  3. „Купалиште“. Ada Ciganlija. Архивирано од изворникот на 2009-04-12. Посетено на 17 август 2008. Надворешна врска во |work= (help)