Ада Бојана — остров што се наоѓа во Општина Улцињ во Црна Гора. Името Ада значи „речен остров“ во превод.

Ада Бојана
Ishulli Ada e Bunës
Ostrvo Ada Bojana
Географија
МестоДелта на река Бојана
Вкупно острови1
Површина4,81 км2
Подреденост по површина1 (во Црна Гора)
Должина3 км
Највисоко издигнување3 м
Управување
ОпштинаУлцињ
Демографија
Населениененаселено место
Ада Бојана

Островот е создаден од делтата на реката Бојана. Легендата вели дека бил формиран со собирање речен песок околу еден брод потонат на устието на реката Бојана.

Островот е со триаголен облик, граничи со двете страни од реката Бојана, и со Јадранското Море од југозапад. Островот има површина од 4,8 квадратни километри.

Ада Бојана е популарно туристичко одредиште со 3 километри долга песочна плажа и со традиционални ресторани за морска храна. Ада Бојана е една од врвните локации за сурфање на јадранското крајбрежје поради силните ветрови за време на летните денови, посебно во попладневните часови. Главниот приход на Ада Бојана е од кампување. The New York Times го вклучил островот Ада Бојана и јужното крајбрежје на Црна Гора во ранг на најголемите туристички одредишта за 2010 година - „Top Places to Go in 2010“ (Топ места за 2010)[1]. Ада Бојана има форма на триаголник. Од една страна се наоѓа Јадранското Море, а на другите две реката Бојана. Плажата свртена кон морето е песочна и е долга околу 3 километри. Плажите и морското дно се прекриени со фин песок. Десниот дел на реката Бојана го дели островот од 13 километри долгата плажа на Улцињ. Најблиското населено место е селото Штој, и градот Улцињ.

Ада Бојана ги краси суптропските и средоземните растенија, а некои од растителните и животинските видови се единствени во Европа. Друга особеност на Ада Бојана се кравите што слободно се движат наоколу.

Наводи уреди

  1. „The 31 Places to Go in 2010“. The New York Times. 7 January 2010. Посетено на 2014-10-27.