Адам (грчки: Αδάμ, Адам) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Адам
Αδάμ
Адам is located in Грција
Адам
Адам
Местоположба во областа
Адам во рамките на Лагадина (општина)
Адам
Местоположба на Адам во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 23°18′E / 40.550° СГШ; 23.300° ИГД / 40.550; 23.300
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000385000000385 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно781
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во центарот на северниот дел на полуостровот Халкидик во северните падини на планината Хортач, неколку километри северно од градот Лагадина. Селото се наоѓа на надморска височина од 385 метри.

Историја уреди

Крај селото се наоѓа византиска капела од 9 век посветена на Свети Панталејмон[2], додека црквата „Св. Петка“ била изградена во 1830 или 1836 година. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 900 жители Македонци[3][4].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 940 Грци и работело грчко училиште[3][5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 650 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 747 жители.

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија.

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 923 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 928 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 981 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1016 жители, во 1971 година имало 907 жители, во 1981 година имало 773 жители, додека во 1991 година имало 884 жители[7]. Денеска, населението на селото е 781 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 928 981 1016 907 773 884 781
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви
  • Св. Пантелејмон“ од IX век, прогласена за споменик на културата
  • Св. Петка“ до средниот век, прогласена за споменик на културата
  • Св. Троица“ од средниот век, прогласена за споменик на културата
Општествени градби

Наводи уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 2016-03-20.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-20.