Ад

подземје во старогрчката митологија

Ад (старогрчки: ᾍδης) — во старогрчката митологија, син на титаните Хрон и Реја; еден од четирите браќа што владееле со светот. Тој бил бог на подземјето, „темното царство“ така што често подземниот свет се нарекува „ад“.[1]

Богот Ад.

Поделба на власта уреди

По падот на Титаните, заедно со браќата Зевс и Посејдон го сочинувал тројството на најголеми грчки богови. Кога го одзеле престолот на таткото Крон, ја поделиле власта. На Зевс му припаднала власта над небото и земјата. Посејдон ја добил власта над морето, а Ад станал владетел на подземниот свет.

Особености уреди

Неговата сила и власт се споредува со силата на Зевс на горниот свет. Тој бил Зевс на подземјето, неговата сила, суровост и неумоливост се огледувале во тоа што неговите поклоници никогаш не гледале во негоовиот лик кога принесувале жртви. Неговата сопруга била Персефона.

Негов еквивалент во римската митологија е богот Плутон.

Наводи уреди

  1. Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 225 - 226.