Агломерација или пошироко градско подрачје е проширено подрачје на еден град што се состои од центар и извесен број приградски населби кои заедно сочинуваат непрекинато урбано подрачје. Можно е дури една агломерација да има два или повеќе центри и повеќе приградски населби (пр. агломерацијата Рур во Германија).

Појавување уреди

Основни услови за појавување на агломерација се територијалната близина на населените места и сложените многубројни врски меѓу нив (економски, социјални, транспортни, културни).

Постојат разлики во тоа како се дефинира агломерацијата во разни национални статистички, административни или географски методологии, па оттаму има и проблеми околу споредувањата. Понекогаш две населби се дел од една агломерација, понекогаш се третираат како посебни населби, а понекогаш едната се смета за сателит на другата населба.

Близок термин на агломерација е конурбација, што се однесува на споени урбани подрачја на соседни градови (пример: Есен-Дортмунд).

Меѓу најголемите агломерации во светот денес се оние на Токио, Гуангџоу, Сеул, Делхи, Мумбај, Мексико и др. Во Европа најголеми агломерации се оние на градовите Москва, Лондон и Париз.

Мегалополис уреди

Спојувањето на соседните агломерации, при што се формира многу голема урбанизирана територија чиј број на жители надминува 10 милиони, се нарекува метрополитенска област или мегалополис. Густината на населеност кај мегалополисите изнесува најмалку 2000 лица/км2.

Поголеми агломерации уреди

 
Поширокото подрачје на Токио има близу 35 милиони жители
ранг Град Држава Број на жители


01 април 2011 г.[1]

Забелешка
1 Токио   Јапонија 34.300.000 ги вклучува Јокохама, Кавасаки и Саитама
2 Гуангџоу   Кина 25.100.000 ги вклучува Дунгуан, Фошан, Џангмен и Џунгшан
3 Сеул   Кореја 24.600.000 ги вклучува Бучон, Којанг, Инчон, Сонгнам, Сувон
4 Мексико   Мексико 22.900.000 ги вклучува Нецауалкојтал (Сиудад Неца), Екатепек, Наукалпан
5 Њујорк   САД 22.000.000 ги вклучува Њуарк и Петерсон
6 Мумбај   Индија 23.500.000 ги вклучува Биванди, Калјан, Тан и Улхаснагар
7 Њу Делхи   Индија 24.100.000 ги вклучува Фаридабад и Газиабад
8 Сао Паоло   Бразил 20.800.000 го вклучува Гуарулхос
9 Шангај   Кина 18.800.000
10 Лос Анџелес   САД 18.000.000 ги вклучува Риверсајд и Анахајм
11 Џакарта  Индонезија 18.800.000 ги вклучува Бекаши, Богор, Депок, Тангеранг и Тангеранг Селатан
12 Осака   Јапонија 16.800.000 ги вклучува Кобе и Кјото
13 Каиро   Египет 15.400.000 ги вклучува Ал-Џизах (Гиза), Хелван и Шубра ел Кеима
14 Москва   Русија 14.800.000
15 Истанбул   Турција 13.000.000
16 Лондон   Обединето Кралство 12.500.000
17 Париз   Франција 10.500.000
18 Чикаго   САД 9.700.000

Наводи уреди

  1. Главни светски агломерации