Агатангел Повардарски

Митрополитот г. Агатангел (роден: Чаир, 11 март 1955) ја возглавува Повардарската епархија која ги опфаќа градовите Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Богданци, Демир Капија и Гевгелија.


Повардарска епархија

Агатангел
Повардарски митрополит
На должноста
7 октомври 2006 – во служба
Претходник Јован
Наследник нема
Брегалнички митрополит
На должноста
26 ноември 2000 – 7 октомври 2006
Претходник Јован
Наследник Иларион
Повардарски митрополит
На должноста
13 февруари 2000 – 26 ноември 2000
Претходник непознато
Наследник Јован
Лични податоци
Роден(а) 11 март 1955
како Атанас Станковски
Скопје
Националност Македонец
Професија Митрополит на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин

Митрополитот Повардарски г. Агатангел (световно име Атанас Станковски) е четврти архијереј по хиротонија во Синодот на Македонската православна црква.

Роден е во 1955 година во Скопје каде се стекнал со своето високо богословско образование. Од владиката Кирил за чие духовно чедо важи дедо Агатангел бил ракоположен во ѓаконски и свештенички чин. Имал служено во Скопје и во Австралија. По починувањето на неговата сопруга се замонашил. На 12 јули 1998 година е хиротонисан за викарен епископ на Скопската митрополија со титулата епископ Велички. Добивајќи митрополитски чин назначен бил надлежен владика во Велес. Поради несогласувањата на митрополититот Јован со свештениците на брегалничката епархија, Агатангел бил испратен во Штипската митрополија[1].

Наводи уреди

  1. „Вест, Сите владици на Синодот, Година: 2, Број:592, Сабота, 6/29/2002“. Архивирано од изворникот на 2016-09-22. Посетено на 2013-02-18.