Агамемнон (грчки: Ἀγαμέμνων = „многу одлучен“) — во старогрчката митологија, крал на Микена, врховен заповедник на грчката војска во Тројанската војна. Тој бил син на Атреј и брат на Менелај.

Убиството на Агамемнон, илустрација од Приказни од грчките трагедии од Алфред Чрч, 1897 година.

Животопис уреди

Агамемнон уживал најголема почит меѓу Ахајците, иако тој не бил најголем воин, а не бил ниту најмудар во советот. Неговиот углед е прикажан во третото пеење во „Илијадата“, кога Хелена ги именува грчките воини и му ги опишува на кралот Пријам, кој го следел бојот од бедемите. Агамемнон се оженил насилно со Клитемнестра, вдовицата на кралот на Писа, Тантал, а таа била ќерка на Леда и Тиндериј (кралот на Спарта). Клитемнестра на Агамемнон му ги родила синот Орест и ќерките Електра (Лаодика), Хрисотемида и Ифигенија. По враќањето дома од Тројанската војна, Агемемнон бил убиен од Клитемнестра и нејзиниот љубовник Егист.[1] [2]

Наводи уреди

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str.
  2. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 163.