Автотрофизам претставува капацитет на одредени живи организми да произведуваат органска материја со редукција на неорганската материја како јаглерод (во форма на СО2) или азот (во форма на NO3 или NO2). Оваа редукција е придружена со апсорбирање на минерални соли од околината (нитрати, фосфати..). Организмите кои се автотрофни во однос на јаглеродот се способни да се развиваат во средина каде има јаглерод само во минерална форма, спротивно на хетеротрофните организми кои мораат да ги внесуваат органските материи преку исхраната.

Споредбен преглед на циклус на исхрана на автотрофни и хетеротрофни организми. Автотрофите можат да користат јаглерод диоксид[1] и вода да би можеле да произведат кислород и сложени органски соединенија, претежно низ процесот на фотосинтеза (зелена стрелка). Сите организми можат да ги користат овие соединенија повторно да формираат јаглерод диоксид и вода низ клеточно дишење.

Според етимологијата (старогрчки: авто „сам“ и трофос „исхранува“), автотрофен организам претставува секој организам кој нема потреба од други живи организми во неговата исхрана. Овој начин на исхрана е карактеристичен за хлорофилните растенија (зелени растенија), цијанобактериите, сулфатните бактерии.

Спротивно на автотрофија е хетеротрофијаклетки или организми кои не се способни да создаваат органска материја. Тука спаѓаат животните и габите. Всушност, автотрофните организми се секогаш првата алка на ланецот на исхрана. Можеме да кажеме дека автотрофите се почетокот на скоро целата органска материја присутна во екосистемот. Хлорофилните растенија поседуваат автотрофни клетки (клетките во зелените листови кои имаат хлорофил) но исто така и хетеротрофни клетки (клетките во коренот).

Поделба на автотрофите уреди

Според начинот на кој ја добиваат енергијата која е потребна за синтеза на органските материи, организмините се делат на два типа:

Постојат одредени видови на кои им се потребни органски материи како извор на јаглерод, но се способни да употрeбуваат сончева светлина или неоргански материии како извор на енергија. Овие организми се дефинирани како хетеротрофи, и според начинот на кој ја добиваат енергијата се поделени на фотохетеротрофи и хематрофи.[2]

Автотрофните организми и фотосинтезата уреди

Растенијата синтетизираат органска материја употребувајќи минерални субстанци кои ги апсорбираат од почвата (вода и минерални соли) и воздух, поточно СО2 (како извор на јаглерод). Енергијата која е потрбна за оваа синтеза се добива од сончевата светлина. Овој комплексен систем се нарекува фотосинтеза, и може да се резимира со следната реакција:

6CO2 + 12H2O + светлина C6H12O6 + 6O2 + 6 H2O.

С6Н12О6 служи за формирање органска материја, а кислородот кој се добива се исфрла во надворешната средина.

Наводи уреди

  1. Morris, J. et al. (2019). "Biology: How Life Works", 3rd edition, W. H. Freeman. ISBN 978-1319017637
  2. http://www.imp-du.com/Ekologija%20planktona_fitoplankton%20PDF.pdf