Авго (Егејска Македонија)

планина во Кожанско, Егејска Македонија

Авго (грчки: Αυγό, во прев. јајце) — планина на границата меѓу Гребенско во Егејска Македонија и Јанинско во Епир.[1]

Авго
Αυγό
Авго на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.2.177 м
Координати39°55′42″ N; 21°05′54″ E / 39.9283° СГШ; 21.0983° ИГД / 39.9283; 21.0983Координати: 39°55′42″ N; 21°05′54″ E / 39.9283° СГШ; 21.0983° ИГД / 39.9283; 21.0983
Географија
МестоГребенско, Егејска Македонија и Јанинско, Епир
Матичен венецПинд
Карта

Опис уреди

Планината е дел од венецот на Северен Пинд. Се протега меѓу венците Василица на север, од која е одвоена со превој на 1.530 м југозападно од с. Периволи (1.260 м) и Мавровуни на југ, од која е одделена со долината Валја Калда (1.360 м) и реката Аркуда, притока на Војуша на запад. Од венецот Пиростија на исток е одвоена со превојот Ставрос или Салатура Ставру (1.640 м) и реката Лумница.[1]

Карпите се офиолити и флиш.[1]

Планината е дел од Националниот парк „Пинд“ од 1966 г. како и од Националниот парк „Северен Пинд“ од 2003 г. Обрасната е со црни борови, буки, шимшири и други видови. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1310002 и 1310003) и прогласена е за место од орнитолошка важност (068).[1]

Искачување уреди

До врвот се стасува преку седелото Ставрос или Салатура Ставру (1.640 ) за околу 2,5 часа или од селото Војуша (Вовуса, 1.000 м) за околу 3,5 часа. Европската патека на долги растојанија E6, која оди од Мавровуни и Валја Калда, продолжува за Војуша, Бреза (Дистрато), Самарина и Жужел. Од Валја Калда патеката има разгранок кој тргнува кон Периволи, Авдела, одмориштето Василица, Самарина и Жужел.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Авго Αυγό 2.177[1]
Зјога, Зога Ζιώγα, Ζώγα 1.906[1]
Клефти Рахи, Клефтес Κλέφτη Ράχη, Κλέφτες 1.880[1]
Кондоро Κόντορο 1.440[1]
Кармали Κορμαλή 1.882[1]
Куроблија, Коромилия Κουρομπλιά, Κορομηλιά 1.705[1]
Охиро Зјака, Табури Зјака, Табур 1.540[1]
Панделука Παντελούκα 2.098[1]
Рунга Рахи, Ронка Ρούγγα Ράχη, Ρόγκα 1.440 - 1.187[1]
Скамни Σκάμνη 1.517[1]
Ставрос Σταυρός 1.737[1]
Теменос Τέμενος 2.000 - 1.860[1]
Тока Τόκα 1.878[1]
Цума Кокини, Панде Спини Τσούμα Κοκκίνη, Πάντε Σπίνι 1.418[1]
Фанко Φάγκο 1.589[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 369. ISBN 978-960-86676-6-2.