Аварски каганат (VI-IX век) била високо организирана номадска конфедерација - каганат, во Панонија, основана од Аварите (номадски племиња кои најверојатно биле од туркиско потекло), кои кон средината на VI в. се населиле во Панонија и формирале голем сојуз 567 година од племиња (Словени, Хуни и др.) на чело со каган. Аварите биле доминантни во каганатот а другите племиња им биле потчинети. Каганатот опстојувал сè до 804 година.

Аварски каганат

 

567 – 804
 

Местоположба на Аварски каганат
Главен град неукажан
Јазици Турко-Аварски
Вероисповед Тенгризм
Уредување Каганат
Каган
 -  562-602 Бајан I
Историја
 -  Основана 567
 -  Замрела 804

Со аварската војска раководел каган а под негова контрола биле и војските на потчинетите племиња. Аварите имале околу 20000 војници а со приклучување на Хуните, Прабугарите и Словените вкупно броеле 50000 војници. Византија се наоѓала под постојан притисок на Аварите во средното Подунавие. Борбите меѓу Византија и Аварите започнала преку премините на реките Сава и Дунав. По тригодишна опсада аварскиот каган Бајан во 582 г. го освоил Сирмиум.

Од Панонија Аварите преземале пљачкашки напади врз Византија. Заедно со Словените учествувале во нападите на Солун (586, 618) и на Цариград (626), каде што доживеале тежок пораз, нивната моќ започнала да слабее.

Во почетокот на IX в. Карло Велики го уништил Аварскиот каганат. Кај словенските народи Аварите се познати под името Обри.[1]

Наводи уреди

  1. J. Ковачевиÿ, Аварски Каганат, Београд, 1977.