Авантурите на Хаклбери Фин

„Авантурите на Хаклбери Фин“ (англиски: The Adventures of Huckleberry Fin) — роман на американскиот писател Марк Твен од 1884 година.

Корица на книгата „Авантурите на Хаклбери Фин“ од Марк Твен, 1884 година
Корица на книгата „Авантурите на Хаклбери Фин“ од Марк Твен, 1884 година

Содржина уреди

Хаклбери Фин е дете чија старателка е вдовицата Даглас, која заедно со својата сестра, госпоѓица Вотсон, се обидува да му даде образование, но Хак смета дека цивилизираниот живот е многу ограничен. Неговито најдобар другар, Том Соер, му помага да побегне од домот на вдовицата. Дружината на Хак имаат собрано многу пари, но татко му на Хак сака да му ги земе парите за да ги потроши на алкохол. Затоа, тој го носи Хак во една колиба во шумата, но Хак се преправа дека е убиен и така успева да побегне, краде сплав и оди на островот Џексон. Тука, тој го среќава Џим, робот на госпоѓицата Вотсон, кој побегнал откако слушнал дека таа сака да го продаде. Џим сака да ја откупи слободата на своето семејство. Хак се спријателува со Џим и двајцата наоѓаат сплав со куќа, а во неа — тело на убиен маж. Кога пристигаат во еден град, Хак се облекува како девојче и се претставува како Сара Вилијамс, па така оди во куќата на Џудит Лофтус од која ја дознава веста за своето убиство: притоа, најпрвин бил осомничен татко му на Хак, но по бегството на Џим, тој е главниот осомничен и за него е распишана награда од 300 долари. Мајка ѝ на Сара открива дека Хак не е девојче, но му простува. Сепак, таа не сфаќа дека тој е момчето кое божем е убиено. Хак се враќа кај Џим, но истата вечер на островот Џексон доаѓа потерата по Џим. Хак и Џим успеваат да побегнат и наоѓаат пароброд, а внатре го слушаат разговорот на двајца разбојници. Патувајќи понатаму по реката, едне брод удира во нивнито сплав и така Хак и Џим се разделуваат. Хак наоѓа засолниште кај аристократското семејство Гренџерфорд при што се претставува со лажно име. Тој се спријателува со Бак Гренџерфорд, момче на негова возраст, и дознава дека неговото семејство веќе 30 години се плаши од крвна одмазда од семејството Шепертсон. Како последица на судирот, сите мажи од семејството Гренџерфорд се убиени, а Хак е сведок на убиството на Бак. Подоцна, Хак повторно се среќава со робот Џим и двајцата им помагаат на двајца бегалци кои им се придружуваат на сплавот. Во блискиот град, двајцата бегалци приредуваат претстава, но жителите ја откриваат нивната измама, па двајцата измамници се принудени да бегаат, заедно со Хак и со Џим. Во соседниот град, двајцата измамници се претставуваат како браќа на еден неодамна починат богат човек. На Хак му паѓа жал за трите деца на починатиот и успева да ја крие торбата со парите од наследството во ковчегот на починатиот. Потоа, Хак бега од градот, но дознава дека двајцата измамници го продале Џим чии купувачи сакале да го вратат кај неговиот вистински сопственик за да земат награда. Хак дознава дека Џим е затворен на една плантажа и решава да го ослободи. Кога пристига на имотот, купувачите на Џим погрешно сметаат дека Хак е нивниот внук, Том. Неочекувано, Хак дознава дека внукот е Том Соер и нему му кажува сè што се случило. Том се придружува на планот на Хак и се преправа дека е неговиот полубрат Сид, додека Хак продолжува да се преправа дека е Том. Во меѓувреме, Џим им кажува на жителите на градот за двајцата измамници и така тие се протерани од градот. Наместо едноставно да го извлечат Џим од бараката во која е затворен, Том Соер измислува сложен план за ослободување, што вклучува тајни пораки, таен тунел, змии и други елементи од авантуристичките романи. За време на бегството, Том е застрелан во ногата, а Џим останува покрај него, ризикувајќи ја својата безбедност, а локалниот лекар го апси Џим и пак го враќа на плантажата. Тогаш, таму пристига тетка Поли, која го открива вистинскито идентитет на Хак и на Том, а се утврдува дека, Џим е, всушност, слободен човек, зашто госпоѓицата Вотсон, која починала пред два месеца, во тестаментот го ослободила Џим. Том Соер го знаел сето тоа, но сепак, не му кажал на Хак. Џим, пак, му кажува на Хак дека мртвиот човек во пловечката куќа е неговиот татко, па така, Хак може безбедно да се врати во Санкт Питерсбург.[1]

Изданија на македонски јазик уреди

Наводи уреди

  1. Марк Твен, Хаклбери Фин. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2016.
  2. Марк Твен, Хаклбери Фин. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2016.