Абхазија

географска област во Грузија и самопрогласена држава

Абхазија, официјално: Република Абхазија (апхаски: Адсны Аҳәынҭқарра; руски: Республика Абхазия) - регион во состав на Грузија и де факто независна држава. Независноста на Абхазија е призната од Русија, Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија. Абхазија е меѓународно призната како дел од Грузија. Голем дел од населението на Абхазија има руско државјанство. Главен град на Абхазија е Сухуми.

Република Абхазија
Адсны Аҳәынҭқарра (апхаски)

Республика Абхазия (руски)

Знаме Амблем
Химна

Победа


Абхазија (зелена) во Грузија (темносива)
Абхазија (зелена) во Грузија (темносива)
Абхазија (зелена) во Грузија (темносива)
Главен градСухуми
Најголем град Главниот град
Службен јазик апхаски, руски ¹
Уредување унитарна претседателска република
 •  Премиер Александар Анкваб ²
 •  Претседател Аслан Бжанија ²
 •  Претседател на Кабинетот на министри Руслан Абашиџе 3
 •  Претседател на Врховниот совет Џемал Гамахарија 3
Независност
 •  Советска Социјалистичка Република Абхазија 1921 год. 
 •  Абхазиска Автономна Советска Социјалистичка Република 1931 год. 
 •  Абхазиска декларација за суверенитет 1990 год. 
 •  Декларација за независност на Абхазија 1992 год. 
 •  Абхазиски акт за независност 1999 год. 
Површина
 •  Вкупна 8,664,59 км2 
Население
 •  проценка за 2022 г. 244.236 
Валута Абхазиски апсар Руска рубља (RUB)
Се вози на десно
Повик. бр. +7 840 / +7 940 +995 44X
1. Според уставот на Грузија, апхаски и грузиски
2. Управа донесена од страна на самопрогласената Република Абхазија
3. Управа на признатите грузиски органи

Географија уреди

Абхазија зазема вкупна површина од 8.664,59 км2. Расположена е во северозападниот дел на Грузија. Има излез на Црно Море. На северозапад се граничи со Краснодарскиот крај, а Кавкаските планини служат како граница помеѓу Абхазија и Карачаево-Черкесија. На исток областа се граничи со Сванетија, а на југоисток — со Самегрело.

Релјефот на Абхазија е претежно ридско-планински. Поголемиот дел од населението живее по или во крајбрежјето и во долините со големи водни текови. Климата е блага и во советско време Абхазија била позната под името „грузинска ривиера“. Кавкаските планини служат за преграда пред студените северни ветрови. Климата по крајбрежјето е суптропска, а средната годишна температура во Абхазија е околу 15 °C. Средните јануарски температури се 4-6 °C, а средните јулски варират меѓу 22 и 23 °C. Силниот мраз ретко се сретнува во зимата по Црноморието.

Реоните со надморска висина над 1000 m имаат планинска клима, во која зимите се многу студени, а летата се долги и топли. Со зголемувањето на надморската височина (над 2000 m) зимата е уште постудена, а летото — пократко.

Економија уреди

Платежни средста во областа се апсарот и рубљата. Во Абхазија се произведува чај, тутун, вино и плодови.

Демографија уреди

Верници во Абхазија
Православни
  
60 %
Муслимани
  
16 %
Абхазиска Мајчина Религија
  
8 %
Нерелигиозни
  
8 %
Други
  
2 %
Неодредено
  
6 %

Населението на Абхазија се состои од околу 244.236 жител. Од нив 50,7% се Абхази и само 17,9% се Грузијци. 17,4% се Ерменци, додека 9,1% се определуваат како Руси. Останатите се Грци (0,6%) и други народи (4,4%).

Галерија уреди

Надворешни врски уреди