Абдул Рахман (покрстеник)

Абдул Рахман (персиски عبدالرحمن) — Авганистанец, роден во 1965 година. Во февруари 2006 година бил уапсен и му се заканувале со смртна казна затоа што преминал во христијанската вера. На 26 март 2006 година, под силен притисок од страна на странските влади, судот го вратил случајот кај обвинителите повикувајќи се на „дупки во истрагата“.[1]. Ноќта на 27 март тој се вратил кај своето семејство откако бил ослободен од затвор.[2] . На 29 март, Абдул Рахман пристигнал во Италија откако италијанската влада му понудила азил[3].

Абдул Рахман
Роден(а)1965 (воз. 58–59 г.)
Кабул, Авганистан
ДецаМеријам и Марија

Апсењето и судењето на Абдул Рахман го свртело меѓународното внимание врз очигледната контрадикција во Уставот на Авганистан, којшто ја признава како ограничената форма на слобода на вероисповед така и ханефискиот мезхеб за исламската јуриспруденција којшто ја дозволува смртната казна во случај на вероотстапништво од исламот. Случајот предизвикал општоприфатено меѓународно осудување, особено од Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави кои биле двете земји кои во 2001 година ја предводеле кампањата за отстранување на фундаменталистичкиот талибански режим и земји кои се најголеми дарители во Авганистан[4].

Рани години уреди

Абдул Рахман е роден во 1965 година во Кабул, Авганистан од татко Абдул Манан и мајка Гул Бегум коишто се етнички Таџикистанци од Панџшир. Оженет и татко на две ќерки, Маријам и Марија.

Во 1990 година, додека бил член на персоналот на една католичка невладина група за помош којашто обезбедувала медицинска помош за бегалците од Авганистан во Пешавар, Пакистан, Рахман дошол во допир со христијанството и подоцна бил покрстен во Римокатоличката црква[5]. По промената на верата тој го зел библиското име Јоил[6].

Во 1993 година тој се преселил во Германија и подоцна во 2002 година пред да биде депортиран во Авганистан[7], по падот на талибанската Влада, Абдул барал азил во Белгија[8], но безуспешно[9].

Жената на Абдул Рахман се развела од него затоа што тој преминал во католицизмот[8]. Во претстојната битка за старателство врз двете ќерки[10] на брачната двојка коишто ги одгледале родителите на Абдул Рахман додека тој бил отсутен[11] , семејството на мајката го отворила прашањето за неговата религија како причина да му се ускрати правото на старателство[10].

Кога тој се вратил во Авганистан неговите родители се одрекле од него, велејќи: „Тој премина од исламска во друга религија и затоа не го сакаме повеќе во нашиот дом. Абдул Рахман сакаше да ја промени етиката на моите деца и семејство. Тој оди во погрешен правец. Го избркав од мојот дом“. Од друга страна, неговите ќерки кажале: „Тој се однесува лошо со нас и ние се чувствуваме загрозено и посрамотено од него. Тој нема работа и никогаш ми нема дадено едно парталче облека или пак парче леб. Единствено нешто што ми го дал е неговото име како татко. Ми велеше дека ми е татко, но не се однесуваше така откако се врати во Авганистан. Тој ни се заканува и сите се плашиме од него. Тој не верува во исламската религија[11].

Апсење и судење уреди

Во февруари 2006 година, членови од неговото семејство го пријавиле во полиција[12]. Абдул бил уапсен откако полицијата открила дека поседува Библија[13]. По апсењето, тој во Кабул, не можел да најде адвокат кој ќе сака да го застапува. Властите ги спречиле обидите на новинската агенција „Асошиејтед Прес“ (Associated Press) да го видат Абдул Рахман[5].

Правните експерти велат дека случајот на Абдул Рахман постои поради контрадикторните закони во авганистанскиот Устав според кои и слободата на вероисповед и ханефиската школа за шеријатскиот закон се признаени. Според членот 130 од Уставот на Авганистан обвинителите можат да го обвинат за вероотстапништво „во согласност со ханефиската јуриспруденција“. Текстот на членот гласи:

Судовите ќе ги применуваат одредбите од овој Устав како и други закони за случаи коишто се разгледуваат. Доколку за одреден случај нема одредба во Уставот, тогаш судот во согласност со ханефиското право и во рамките на границите утврдени со овој Устав ќе пресуди така што ќе постигне правда на најдобар можен начин.“[14]


Обвинителите побарале смртна казна за Абдул Рахман нарекувајќи го „микроб[12]. Обвинителот Абдул Васи барал негово покајание и го нарекол предавник: „Тој треба да биде отсечен и отфрлен од муслиманското општество и треба да биде убиен“. Авганистанскиот Врховен обвинител бил цитиран како вели дека Абдул Рахман треба да биде обесен[15].

Судската постапка против Абдул Рахман која започнала на 16 март, а веќе на 19 март станала широко позната во меѓународниот печат билс надгледувана од тројца судии во трибуналот за јавна безбедност во Основниот суд во Кабул. Ансарула Мавлавизада, судијата претседавач во случајот рекла дека од Абдул Рахман ќе биде побарано да ја преиспита неговата промена на вера: „Ние ќе го поканиме повторно да се врати на исламот бидејќи исламската религија е толерантна. Ќе го прашаме дали го променил своето мислење. Ако го променил тогаш ќе му простиме[16].

Исто така, Ансарула Мавлавизада изјавил[17]: „Пророкот Мухамед неколкупати рекол дека оние кои преминале од исламот во друга вера треба да бидат убиени ако одбијат да се покајат, исламот е религија на мирот, толеранцијата, милоста и интегритетот. Токму затоа му рековме дека ако се покае за она што го сторил ќе му простиме. Ако не се покае, сите вие ќе бидете сведоци на казната што ќе го очекува[18]. Иако соочен со можна смртна казна, Абдул Рахман се држел цврсто до своите верувања: „Тие сакаат да ме осудат на смрт и јас го прифаќам тоа... Јас сум христијанин што значи дека верувам во Светата Троица... Јас верувам во Исус Христос[19].

Обидите на авганистанските христијани уреди

За време на судењето на Абдул Рахман, одреден број авганистански христијани работеле на тоа да го свртат вниманието на меѓународните медиуми кон страдањето на авганистанските христијани, а особено кон страдањето на Абдул Рахман[20].

Дали е ментално здрав за да му се суди? уреди

На 22 март авганистанскта амбасада во Вашингтон соопштила дека судскиот систем на земјата го оценува менталното здравје на Абдул Рахман. Моајудин Балуч, религиозниот советник на претседателот Хамид Карзаи, потврдил дека Абдул Рахман ќе биде подложен на психолошки преглед[21]. Судијата Мавлавизада изјавила дека психичката состојба на Рахман се испитува затоа што тој одбил да се покае. Ако се докаже дека тој е ментално неспособен тогаш случајот ќе се отфрли[17]. Некои луѓе го гледале преминувањето на Абдул Рахман во христијанството како доказ за тоа дека тој е ментално неспособен бидејќи го направил тоа знаејќи дека е казниво со смрт[21].

На 22 март 2006 година, авганистанскиот државен обвинител Саринвал Замари во интервју за „Асошиејтед Прес“ (Associated Press) изјавил: „Мислиме дека е тој, можеби, луд. Тој не е нормална личност. Тој не зборува како нормална личност. Докторите мора да го прегледаат. Ако е навистина ментално неспособен тогаш исламот навистина нема право да го казни. Нему мора да му се прости. Случајот мора да се отфрли. Други извори велат дека Рахман „постојано е невработен и е ментално неурамнотежен.“

Обвинителот Абдул Васеи изјавил дека се сомнева во тврдењата дека Абдул Рахман е ментално нестабилен, изјавувајќи: „Јас не видов никаков психички проблем во овој случај“. Васеи изјавил дека кога ќе го прашале Рахман за неговото ментално здравје тој инсистирал дека е во ред: „Во ред сум, можете да ме тужите, можам да ви одговорам на прашањата[22], биле зборовите на Рахман што му ги кажал на Васеи. Дипломатите изјавиле дека авганистанската Влада „очајно бара начин како да го отфрли случајот[13], а тоа ќе го направи така што ќе го прогласи Абдул Рахман за ментално неспособен за да му се суди[5][23].

Судот исто така ги отворил прашањата и за неговата национална припадност. Рахман живеел во странство во: Германија, Грција и Белгија. Се расправало дека ако тој се стекнал со двојно државјанство, тогаш статусот на неговиот случај би можел да се промени.

Постоеле разни мислења за тоа дали Абдул Рахман треба да биде прогласен за неспособен за судење. Критичарите велеле дека ако го прогласат за луд тоа нема да го реши она што тие го сметаат за мана во Уставот којшто дозволува судско гонење според исламскиот закон. Во една воведна статија во „Вашингтон Тајмс“ пишувало дека прогласувањето на Абдул Рахман за ментално неспособен е „измислена дупка во законот“ која би ù овозможила на авганистанската Влада „да се повлече за да избегне катастрофална внатрешна и дипломатска криза. Ова решение, такво какво што е, нема да ги реши скриените контрадикторности во авганистанскиот Устав[24]“ Овие мислења се повторувале и во една воведна статија во „Њујорк Тајмс“, во којашто се велело дека прогласувањето на Абдул Рахман за ментално неспособен е начин за да може авганистанската Влада „да ја избегне збрката“ и „дека тоа е евтин трик затоа што законот ќе остане на сила[25].“

Во Франција, во списанието „Мариан“ било напишано дека критичарите од Западот може да не бидат задоволни од случајот, доколку судот во Кабул ја избегне смртната казна така што ќе го прогласи за луд и неспособен да му се суди: „Ако нему не му се суди тогаш тој најверојатно ќе заврши во психијатриска болница, нешто што за еден човек со здрав ум понекогаш е полошо отколку самата смрт[26].

Ослободување уреди

На 24 март 2006 година, авганистанските власти соопштиле дека размислуваат наскоро да го ослободат Абдул Рахман. Веќе наредниот ден била одржана специјална владина седница на којашто претседателот Хамид Карзаи разговарал со неколку министри од Кабинетот за тоа како да го ослободат, а без притоа да ги разбеснат моќните конзервативни муслимански духовници во земјата коишто барале погубување на Абдул Рахман[27][28]. По седницата, еден анонимен висок владин службеник, изјавил дека постои „голема веројатност“ Абдул Рахман да биде ослободен на 26 во недела[29]. Меѓутоа, обвинителот ги отфрлил сите тврдења дека Абдул Рахман треба да биде ослободен. Подоцна, во неделата судијата ја дал следната изјава: „Поради некои технички како и правни недостатоци и мани случајот е вратен кај обвинителот[30]“.

Духовниците го довеле во прашање овластувањето на претседателот Карзаи да нареди ослободување на Абдул Рахман. Оџата Кхоја Ахмад Седики кој бил член на Врховниот суд во Авганистан предупредил за мешање во судовите велејќи: „Коранот е многу јасен како што и зборовите на нашиот пророк се многу јасни. Можно е само едно решение, а тоа е смрт. Ако Карзаи го ослободи, тоа ќе биде во полза на нашиот непријател и тогаш е можно да има востание[31].

На 28 март 2006 година, „Асошиејтед Прес“ (Associated Press) соопштил дека Абдул Рахман е ослободен[32]. Ова соопштение дошло откако Обединетите нации изјавиле дека тој аплицирал за азил надвор од Авганистан. На 29 март 2006 година, премиерот на Италија, Силвио Берлускони соопштил дека неговиот Кабинет ја одобрил молбата за азил на Рахман и дека тој веќе пристигнал во Италија[33].

Реакции во Авганистан уреди

Владини службеници уреди

Агенцијата „Франс Прес“ цитирала еден неидентификуван авганистански службеник кој рекол дека претседателот Хамид Карзаи лично се вмешал во случајот на Абдул Рахман за да го обезбеди ослободувањето на овој покрстеник: „Претседателот лично работи на тоа, случајот да се реши по мирен пат. И постои начин како да се направи тоа. ‒ рече службеникот. ‒ Верувам дека тоа ќе се случи по ден или два[34].

За време на една прес-конференција со американскиот потсекретар за политички прашања, Р. Николас Брнс, поранешниот авганистански министер за надворешни работи д-р Абдула изјавил: „Јас знам дека ова е многу чувствително прашање, но исто така, ги знам и грижите на американскиот народ. Ние всушност во нашата амбасада примивме стотици такви пораки. Колку што јас знам, природата на случајот е таква што жената на господинот покренала судска постапка против својот сопруг така што авганистанската Влада нема ништо со тоа. Тоа е правен и судски случај[35]. Меѓутоа, се надевам дека преку нашиот уставен процес, овој процес ќе даде задоволителен резултат. Секој судски предмет за нас претставува аларм. Овие контрадикции, помеѓу слободата на религија и шеријатот, нема да исчезнат само со еден или два случаи[36].

Ансарула Мавлавизада соопштил дека меѓународниот притисок нема да влијае врз неговите одлуки во случајот, изјавувајќи: „До сега нема директен притисок врз нашиот суд, но доколку тоа се случи тогаш тоа ќе го сметаме како мешање. Ние овде имаме и Устав и закон. Никој нема право да врши притисок врз нас.[37] Во интервју за агенцијата „Франс Прес“ Мавлавизада го потврдил својот став: „Ние немаме никаква врска со дипломатските прашања. Ние сами ќе ја завршиме нашата работа[37].

Муслимански духовници уреди

По апсењето на Абдул Рахман и по подоцнежните навреди и критики на авганистанската Влада, видни авганистански духовници го кренале својот глас против можното ослободување на Абдул Рахман. Авганистанските духовници го осудиле она што тие тврдат дека е мешање на други земји како и на претседателот Хамид Карзаи во автономијата на авганистанските судови. Маулави Хабибула на повеќе од сто духовници и млади луѓе коишто биле собрани во Кабул им кажал: „Според меѓународните закони Авганистан нема никакви обврски. Пророкот вели дека кога некој ќе ја смени својата религија, тогаш тој мора да биде убиен[38]. Многу духовници јавно проговорија до медиумите велејќи дека Абдул Рахман треба да добие смртна казна поради вероотстапништво.

Оџата Енајатула Балиг зборувајќи во една од главните џамии во Кабул изјавил: „Ние ги почитуваме сите религии, но не одиме во британската или американската амбасада за да видиме кој на која религија е приврзаник. Нема да дозволиме никому да се меша во нашата религија и тој треба да биде казнет[39].

Ахмед Шах Ахмаџаи, истакнат муџахедин, водач и водач на Хизб-и-Иктадар-и-Ислами во Авганистан, како и ведепремиерот во Владата на Бурханудин Рабани, пред доаѓањето на власт на Талибанците во 1996 година изјавил: „Независно од судската одлука, дали тој ќе биде обесен или не, постои едногласна согласност од страна на сите религиозни учители од северот до југот, од истокот до западот на Авганистан дека Абдул Рахман треба да биде погубен. Помеѓу народот е присутно општоприфатено несогласување за активностите на христијанските мисионери. Овие мисии ја искористуваат сиромаштијата на авганистанскиот народ така што им плаќаат да ја променат својата вера. Овие дејствија ќе се претворат во жестока реакција бидејќи Авганистанците не толерираат ништо што е против нивната религија. Бидејќи Абдул Рахман е од Панџшир, луѓето од таа област доаѓаат во Кабул за да го искажат своето несогласување и за да бараат од судот да го погуби[40].

Муслиманскиот имам Абдул Рауф, член на главната исламска организација во Авганистан, авганистанскиот Улема совет изјавил: „Ако го отфрлаш исламот значи го навредуваш Бога. Ние нема да дозволиме Бог да биде понижен. Овој човек мора да умре“. Рауф којшто „Асошиејтед Прес“ го опишува како „умерен човек“ изјавил: „Отсечете му ја главата, а ние ќе ги повикаме луѓето да го растргнат на парчиња за да не остане ништо од него!“ Рауф изјавил дека Абдул Рахман ќе преживее само ако добие егзил. На 24 март во 2006 година, за време на неговото проповедање во Хератската џамија, Рауф на околу 150 верници им рекол дека Абдул Рахман заслужува смрт бидејќи тој „го извршил најголемиот грев. Патот Господов е вистинскиот пат и овој човек чие име е Абдул Рахман е вероотстапник[41].“

Мирхосаин Насри, имамот во Хосаиниската џамија изјавил: „Ако нему му се дозволи да живее на Запад, тогаш и други ќе тврдат дека се христијани за да можат и тие да одат. Ние мора да дадеме пример...Тој мора да биде обесен.“ Муслиманскиот духовник Мохамед Касим кој живее во северниот град Мазари Шариф изјавил: „Ние не се грижиме за тоа ако Западот прекине да нè поддржува. Господ ќе се грижи за Авганистан[42][43].

Авганистанската јавност уреди

Би-Би-Си проценува дека многу членови на авганистанската јавност отворено го поддржувале погубувањето на Абдул Рахман, иако не е проценето дали има мнозинство од овие луѓе. „Судовите треба да го казнат и тој треба да биде погубен[18], изјавил Абдул Захид Пајмен жител на Кабул. Мохамед Кадир се соглаил дека тој мора да биде погубен: „Според исламскиот закон тој треба да биде осуден на смртна казна затоа што христијанството е забрането во нашата земја[13] . Еден сосед на Абдул Рахман забележал: „Во никој случај нема да му дозволиме на еден Авганистанец да нè навреди така што ќе стане христијанин“. Религиозниот интелектуалец Шахнаваз Фаруки говорејќи за промената на вера на Абдул Рахман изјавил: „Тој ќе мора да биде погубен...Ако некој во одреден момент ја потврдува вистината, а потоа ја отфрла или ја негира, тогаш тоа ќе ја загрози целата парадигма на вистината. Ова е толку голема навреда што казната може да биде само смрт. Не повеќе од неколкумина учени луѓе велат дека треба да му се даде време за повторно да размисли и доколку тој повторно го прифати исламот нему ќе му биде простено[44].

Меѓународни реакции уреди

Повици за ослободување на Абдул Рахман уреди

Неколку земји од Западот и невладини организации го осудиле неговото судење како прекршување на човековите права и побарале ослободување на авганистанскиот покрстеник.

  •   САД: На 22 март 2006 година, конгресменот Том Лантос му напишал писмо на Хамид Карзаи во коешто тој напишал: „Во земја во којашто војници од сите религии, вклучувајќи ја и христијанската, умираат во одбрана на Вашата Влада сметам дека е страшно тоа што г. Рахман судски е гонет и е соочен со смртна казна бидејќи преминал во христијанството[45]. Следејќи го примерот на Лантос неколку владини службеници се побуниле за апсењето на Абдул Рахман. Имено, претседателот Џорџ Буш го кренал гласот против апсењето на Рахман велејќи: „Многу е загрижувачки тоа што една земја на која ѝ помогнавме да се ослободи, верува дека некој е виновен ако одбере една религија наместо друга“.[26]. Портпаролот на Белата куќа, Скот Мекклелан изјавил дека апсењето и судењето на Абдул Рахман „без сомнение ги прекршуваат универзалните слободи коишто им се драги на демократиите низ светот[46]. Државната секретарка, Кондолиза Рајс, барала „поволна одлука“ директно од претседателот Хамид Карзаи, а сепак, не побарала да се повлече обвинението[47]. Државниот потсекретар за политички прашања, Р. Николас Брнс побарал судењето да биде „транспарентно“ и го потсетил Авганистан дека „луѓето треба сами да си ја одберат својата религија[24]. Американската група што го заговара исламот, Советот за американско-исламски односи побарала итно ослободување на Абдул Рахман[48]. Христијанската адвентистичка црква (Црквата на адвентистите на седмиот ден) ги советувала да го ослободат Абдул Рахман и да му дозволат слободно да ја практикува својата религија[49]. На 22 март 2006 година, во писмото адресирано до Претседателот на САД, Џорџ В. Буш од американската Комисија за меѓународни верски слободи (УСЦИРФ) било напишано: „Неколкупати претходно, Комисијата ја искажа својата загриженост во однос на тоа дека неуспехот во авганистанскиот Устав да бидат опфатени соодветни гаранции за слободата на вероисповед и изразувањето на членовите на муслиманската заедница којашто е во мнозинство во земјата, би можело да доведе до неправедни кривични обвинувања за вероотстапништво и богохулење. Без никаква гаранција на правото на верска слобода на сите личности, заедно со еден судски систем на којшто му е наложено да ги спроведува исламските принципи и исламскиот закон отворена е вратата за официјално да биде наметнато едно сурово, неправедно, па дури и навредливо толкување на религиозната ортодоксност...“[50].
  •   Австралија: Австралискиот премиер, Џон Хауард, изјавил дека случајот на Абдул Рахман е „ужасен“ и дека кога го видел извештајот во врска со тоа нему буквално му се слошило. Идејата дека човек може да биде казнет поради неговите религиозни верувања, како и идејата дека може да биде погубен е просто неверојатна[41].
  •   Германија: Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила за новинарите дека Карзаи во телефонски разговор ѝ дал ветување дека Абдул Рахман нема да биде осуден на смрт[5].
  •   Европска Унија: Австриската министерка за надворешни работи Урсула Пласник, зборувајќи во име на Европската унија изјавила: „Ние ќе се обидеме на секој можен начин да ги заштитиме основните права на Абдул Рахман и да му го спасиме животот“. (Австрија претседавала со Европската унија во тоа време.[51])
  •   Канада: Канадската Влада ја изразила својата загриженост, особено бидејќи неодамна канадските вооружени сили ја презеле командата врз коалициските сили во провинцијата Кандахар и Владата е соочена со притисок да обезбеди мисијата да доведе до отворен и демократски Авганистан. Канадскиот премиер Стефан Харпер му телефонираше на Хамид Карзаи, а исто така и на писмено се изјаснил: „Вчера му телефонирав на претседателот Карзаи за да ја искажам нашата загриженост.[52][53]. Тој ми пренесе дека не треба да се грижиме за таков евентуален резултат“. Исто така, муслиманско-канадскиот конгрес дал изјави со кои побарал ослободување[54].
  •   Ватикан: Папа Бенедикт XVI го убедувал Претседателот на Авганистан да го помилуваат Абдул Рахман, барајќи „да се почитуваат човековите права коишто се потврдени во преамбулата на новиот авганистанскиот Устав.[53][55]
  •   Обединето Кралство: Советот на Црковното друштво, којшто е највисокото евангелско тело на Црквата на Англија го осудило судењето и ги повикал сите христијани да го искажат својот бес против оваа неправда и да направат сè што можат за да ја спречат смртта на Абдул Рахман. Исто така, Црковното општество побарало од британската Влада да го искористи сето свое влијание во Авганистан.[56].
  • Амнести интернешенел (Amnesty International) побарало ослободување на Абдул Рахман, велејќи дека е можно тој да е „затвореник на совеста“ и дека „обвиненијата против него треба да се повлечат и доколку е потребно тој треба да биде заштитен од какви било малтретирања во рамките на неговата заедница[5].“

Можно повлекување на помошта уреди

Германија којашто е вклучена во Меѓународни сили за безбедносна поддршка (ИСАФ) под мандат на Обединетите нации во Авганистан и која исто така предводи меѓународни напори за подобрување на полициските сили на Авганистан, напомнала дека е возможно Авганистан да ја изгуби помошта или техничката поддршка во напорите за реконструкција, во зависност од тоа каков ќе биде исходот од случајот на Абдул Рахман. Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле изјавил: „Јас силно ја поддржувам идејата да му дадеме јасно до знаење на Авганистан, на секој можен начин дека во почитувањето и заштитата на човековите права кон кои Авганистан е обврзан, спаѓа и заштитата на слободата на вероисповед“. „Ние придонесуваме многу во обновувањето на Авганистан и во неговата стабилност, така што јас искрено верувам дека Авганистан мора да сфати дека ние инсистираме на слободата на вероисповед. Не можете да ги казнувате луѓето само затоа што ја промениле својата религија[57].

Како одговор на изјавите на Шојбле, авганистанскиот министер за економија Амин Фарханг изјавил дека Владата во Кабул не може да ги спречи земјите-дарителки да ја повлечат помошта или техничката поддршка, но последиците од тоа би биле полоши за земјите од Западот отколку за Авганистан. Фарханг изјавил: „Јас мислам дека политичарите од Западот, вклучувајќи ги и оние од Германија реагираат многу емотивно. Тоа не треба да биде така. Постои недостаток на информации. Освен тоа, сè додека ситуацијата не се реши и сè додека не се донесе конечната одлука, тие не можат да се закануваат со повлекување на безбедносните сили или на странската помош. Тоа претставува уцена“.

Исто така, Фарханг изјавил и дека Кабул се обидува да изгради демократија откако, во 2001 година Талибанците биле соборени од власт од страна на вооружените сили на САД, но сепак, правото да преминат од ислам во христијанство е премногу екстремно за едно традиционално муслиманско општество како што е авганистанското, коешто ја поддржува исламската казна за вероотстапништво. Тој исто така изјавил: „Авганистан не може одеднаш да премине од една крајност во друга“.

Наводи уреди

  1. Munadi, Sultan M. (March 26, 2006). „Afghan Case Against Christian Convert Falters“. New York Times.
  2. „Monday, March 27“. CNN. March 28, 2006.
  3. Vinci, Alessio (March 29, 2006). „Afghan convert arrives in Italy for asylum“. CNN.
  4. „AFGHANISTAN: Government to have greater control over aid pledged in London“. IRIN. March 28, 2007.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Cooney, Daniel (March 23, 2006). „Afghan clerics demand convert be killed“. Associated Press. Посетено на 2006-03-23.[мртва врска]
  6. Quotidiano Net[мртва врска]
  7. „Afghan Convert to Christianity Finds Asylum in Italy“. AgapePress. Архивирано од изворникот на 2006-04-08. Посетено на 2006-03-29.
  8. 8,0 8,1 „Kabul Judge Rejects Calls to End Trial of Christian Convert“. The New York Times. March 24, 2006. Посетено на 2006-03-24.
  9. „Abdul Rahman, Isaias, EDA & the Eritrean Evangelicals“. Habtom Yohannes. Посетено на 2006-03-24.
  10. 10,0 10,1 „Islamic Injustice: The Abdul Rahman Case“. blogcritics.org. Посетено на 2006-03-24.[мртва врска]
  11. 11,0 11,1 Rachel Morarjee, Abdul Rahman's Family Values Архивирано на 10 јануари 2007 г.. Time Magazine March 29, 2006
  12. 12,0 12,1 Abdul Waheed Wafa „Afghan Judge in Convert Case Vows to Resist Foreign Pressure“. The New York Times. March 23, 2006. Архивирано од изворникот на March 9, 2014. Посетено на 2006-03-23.
  13. 13,0 13,1 13,2 Cooney, Daniel Afghan Convert May Be Unfit for Trial Associated Press, March 22, 2006, accessed March 22, 2006
  14. Wolesi Jirga & Provincial Council Elections Afghanistan 2005 Архивирано на 22 февруари 2014 г.
  15. Who will save Abdul Rahman? Архивирано на 20 април 2006 г., by Michelle Malkin, townhall.com, Mar 22, 2006, retrieved March 28, 2006
  16. „Report“. BBC. 2006-03-20. Архивирано од изворникот на 2012-08-09. Посетено на 2006-03-22.
  17. 17,0 17,1 „Afghanistan: Pressure Mounts Over Afghan Conversion Case“. Radio Free Europe — Radio Liberty. Архивирано од изворникот на 25 March 2006. Посетено на 2006-03-24.
  18. 18,0 18,1 Majumder, Sanjoy (24 March 2006). „Mood hardens against Afghan convert“. BBC. Архивирано од изворникот на 16 April 2006. Посетено на 2006-03-24.
  19. "Afghan Man Faces Execution After Converting to Christianity" Архивирано на 7 април 2006 г., by Benjamin Sand, VOA News, March 18, 2006, retrieved March 28, 2006
  20. Of Kabul, Caleb (March 19, 2006). „Afghan Christian News“. Afghan Times. Архивирано од изворникот на 2017-06-28.
  21. 21,0 21,1 „Afghan convert's trial put in doubt“. Ajazeera. March 22, 2006.[мртва врска]
  22. Sultan M. Munadi and Christine Hauser (2006-03-27). „Afghan Official Calls for Release of Christian Convert“. The New York Times.
  23. Constable, Pamela (2006-03-23). „For Afghans, Allies, A Clash of Values“. The Washington Post. стр. A01. Посетено на April 23, 2010.
  24. 24,0 24,1 „Free Abdul Rahman“. Washington Times. 2006-03-23.
  25. „EDITORIAL Outrage in Afghanistan“. The New York Times. 2006-03-23.
  26. 26,0 26,1 „Western, Muslim worlds clash again over religion“. Reuters India. 2006-03-24.[мртва врска]
  27. „Karzai Searches For Solution On Christian“. Associated Press. 2006-03-26.[мртва врска]
  28. „Afghan convert 'may be released'. BBC News. 2006-03-25. Посетено на 2010-01-01.
  29. Afghan convert likely to be freed after Karzai intervention Архивирано на 15 јануари 2016 г., by Sardar Ahmad, mq7.net, 26 March 2006, retrieved 28 March 2006
  30. "Afghan judge says Christian convert case has flaws"[мртва врска], by Sayed Salahuddin, REUTERS Canada, 26 March 2006, retrieved 28 March 2006
  31. "Karzai Searches for Solution on Christian"[мртва врска], by Amir Shah, The Norman Transcript, retrieved 28 March 2006
  32. Christian Convert Released From Prison[мртва врска], Amir Shah, AP, 28 March 2006
  33. Afghan convert 'arrives in Italy' Архивирано на 9 јуни 2016 г., BBC, 29 March 2006, 17:07 GMT
  34. „Afghan president intervenes in case of Christian convert“. Agence France Press. Посетено на 2006-03-25.[мртва врска]
  35. U.S.-Afghanistan Strategic Partnership Briefing Архивирано на 4 март 2016 г., Scoop, March 23, 2006, retrieved March 28, 2006
  36. Constable, Pamela (March 23, 2006). „For Afghans, Allies, A Clash of Values“. Washington Post.
  37. 37,0 37,1 „Afghan faces death for rejecting Islam“. International Herald Tribune. 2006-03-24.
  38. "Preachers in Kabul Urge Execution of Convert to Christianity" Архивирано на 15 јануари 2016 г., by Abdul Waheed Wafa, The New York Times, March 25, 2006, retrieved March 28, 2006
  39. „Pressure on Afghans mounts over Christian convert“. The Washington Post. 2006-03-24.[мртва врска]
  40. „Losing faith in Afghanistan“. The New York Times. March 25, 2006. Архивирано од изворникот на 2006-03-26. Посетено на 2017-09-26.
  41. 41,0 41,1 „Afghan Clerics Demand Convert be Executed“. Washington Post. 2006-03-24.[мртва врска]
  42. „Karzai under pressure to free Christian“. USA Today. March 25, 2006.
  43. „Karzai Under Pressure to Free Convert“. Fox News. March 25, 2006.
  44. „Losing faith in Afghanistan“. Asia Times Online. 2006-03-24. Архивирано од изворникот на 2006-03-26. Посетено на 2017-09-26.
  45. Report Архивирано на 4 март 2016 г., CNN, March 22, 2006
  46. „Afghan Judge in Convert Case Vows to Resist Foreign Pressure“. The New York Times. 2006-03-23.
  47. Hawaii Channel Архивирано на 9 март 2007 г., March 23, 2006
  48. "CAIR Calls For Release Of Afghan Christian" Архивирано на 4 март 2016 г., CAIR, March 22, 2006, retrieved September 9, 2009
  49. "Adventist Church Joins Pleas on Behalf of Afghan Christian" Архивирано на 4 октомври 2007 г., Adventist News Network, March 24, 2006, retrieved March 28, 2006
  50. „McClellan's Myth: "Freedom of Religion" Is A "Bedrock-Principle" Of The Afghan Constitution“.
  51. „Leaders rally to Afghan convert“. BBC News. 2006-03-24. Посетено на 2010-01-01.
  52. „Free Afghan Christian Abdul Rahman without delay“. Muslim Canadian Congress. March 21, 2006. Архивирано од изворникот на September 5, 2012.
  53. 53,0 53,1 „Afghan convert 'may be released'. BBC News. March 25, 2006.
  54. Cooney, Daniel (March 24, 2006). „Clerics insist on execution of convert“. The Washington Times.
  55. „Afghan Christian Convert Flees to Italy“. Fox News. March 29, 2006.
  56. Church Society condemns the trial of Afghan Christian Архивирано на 22 февруари 2014 г., VirtueOnline, 24 March 2006, retrieved March 28, 2006
  57. Synovitz, Ron (March 23, 2006). „Afghanistan: Pressure Mounts Over Afghan Conversion Case“. Radio Free Europe/Radio Liberty. Архивирано од изворникот на April 11, 2007.