Џулиет Луис — американска филмска и телевизиска глумица и рок-музичарка.

Животопис уреди

Глумечко творештво уреди

Џулиет Луис станала славна со својата улога во филмот “Рт на стравот” (Cape Fear) од 1991 година, за која била номинирана за наградите “Златен глобус” и “Оскар” за најдобра споредна улога. Потоа, таа следувале поголеми улоги во филмовите: „Другата сестра“, “Што го јаде Гилберт Гејп”, “Родени убијци” (Natural born killers), “Вечерна ѕвезда”, “Калифорнија” и “Од самрак до зори” (From dusk till dawn). Џулиет Луис има остварено запазени улоги и во неколку телевизиски серии. Така, таа ја играла улогата на Теми Хемфилд во телевизиската драма “Фирма”, која започнала да се прикажува во 2012 година на телевизиските канали NBC и AXN. За својата работа на телевизијата, таа двапати била номинирана за наградата “Еми”.[1]

 
Џ. Луис на концерт, 2007 г.

Музичко творештво уреди

Џулиет Луис е позната и како рок-музичарка. Така, таа била пејачка во групата “Џулиет енд д ликс”, со која настапувала од 2003 до 2009 година, при што снимила три албуми, а потоа продолжила со групата „Њу романтикс“ со која го снимила албумот „Terra Incognita“.[1][2]

 
Џ. Луис на концерт, 2007 г.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Антена, број 835, 27.6.2014, стр. 19.
  2. Наташа Спирова, „Доктор Хаус свири пет инструменти, Тимберлејк снима филмови“, Антена, број 845, 5.9.2014, стр. 10.