Хуан Карлос Антонио Галијано – Гуилен, Ред на Британската Империја, (роден на 28 ноември 1960 година), професионално познат како Џон Галијано, е британски моден творец кој бил главен творец на модните куќи на француската модна куќа Живанши (од јули 1995 до октомври 1996 година) и Кристијан Диор (од октомври 1996 до март 2011 година).[1][2][3][4][5]

Ран живот и кариера уреди

Роден е во Гибралтар, од каде што потекнува неговиот татко, а мајка му е со шпанско потекло. Галијано има две сестри. Татко му бил водоводџија. Фамилијата на Галијано се преселила во Лондон поради работа кога тој имал 6 години и се населиле во Стритхем, Јужен Лондон, пред да се преселат во Даллич, а подоцна во Брокли. Тој е одгледан во строга римокатоличка фамилија. Галијано, кој бил срамежлив и поинаков од другите, често зборувал за неговата мака за да се вклопи, и потсетувајќи се на неговото рано детство, еднаш признал: „Мислам дека тука луѓето не сфаќаат од каде доаѓам“. Анита, наставничка по фламенко, го облекувала во неговата „најелегантна“ облека, дури и за патување до локалните продавници. Поради ова, заедно со неговите креативни чувства, тој честопати бил малтретиран од момчињата од неговото граматичко училиште во Лондон. Тој го посетувал римокатоличкото училиште „Свети Антониј“ и граматичкото училиште „Вилсон“ во Лондон и тогашниот Централен колеџ за уметност и дизајн „Св. Мартинс“, на којшто дипломирал моден дизајн со диплома со почести прва класа. Неговата прва колекција, инспирирана од Француската револуција и насловена Les Incroyables, добила позитивни критики и целата била купена и продадена во лондонскиот моден бутик Браунс (Browns). Галијано ја започнал својата сопствена модна линија и запознал некои идни соработници, Аманда Харлек, во тогашно време стилист во Харперс и Квин и Стивен Џонс, модист. Неговиот успех дошол преку ноќ, Галијано отворил студио во Лондон, но неговиот талент не се поврзувал со смисла за бизнис, згора на тоа, тој го наоѓал своето задоволство во ноќниот живот во Лондон. Тој сè уште е еден од највлијателните уметници кои работат во модата.[6][7]

На почетокот, добил финансиска поддршка од Јохан Брун, а кога завршил овој договор, финансиската поддршка ја презел данскиот претприемач Педер Бертелсен, сопственик на фирмата „Aguecheek“, кој во тоа време ѝ давал поддршка и на Кетрин Хамнет. Овој договор завршил во 1988 година и Галијано ја нашол поддршката на германскиот агент Фајкал Амор (сопственик и моден творец во модната линија Плајн Зуд), кој му наредил да ја постави неговата основа во Париз. Галијано се преместил во Париз во потрага по финансиска поддршка и силна база на потрошувачи. Неговата прва ревија била во 1989 година како дел од Париската модна недела.

До 1990 година тој банкротирал, откако со неговата сопствена модна линија сместена во Лондон не постигнал многу голем успех , тој се преселил во Париз.

Познатата Сузана Константин работела за Галијано, а тој им помогнал и на други творци во нивниот иден успех, вклучувајќи го и творецот на чевли Патрик Кокс. Во 1991 година, соработувал со Кајли Миног, кога ја создал нејзината облека за концертната турнеја „Let's Get to It“.

Париз уреди

Во 1993 година, завршил финансискиот договор со Амор и тој немал ревии во октомври, со што ја пропуштил сезоната. Со помош на главниот уредник на американското издание на списанието Вог, Ана Винтор и Андре Леон Тели, тогашен европски дописник на списанието Венити Фер, Галијано бил претставен на португалскиот светски човек и спонзор на модата, Сао Шлумбергер и финансиските поддржувачи на здружението „Арбела“, Џон Булт и Марк Рајс. Преку ова партнерство Галијано добил финансиска поддршка и прием во високото друштво, потребни за да стекне углед во Париз. Оваа колекција била важна за развојот на Џон Галијано како модна куќа и се смета за „момент на модата“ во високите модни кругови. Оваа ревија вклучувала висок профил модели како Кејт Мос, Хелена Кристенсен, Наоми Кемпбел и Линда Евангелиста. Финансиската поддршка и користењето на париската палата на Шлумбергер како привремено седиште, а и театарската средина за ревијата, му овозможиле на Галијано да создава 17 црни парчиња облека во рок од 15 денови. На ревијата присуствувале висок профил клиенти, вклучувајќи ги и Мадона и Беатрис Ротшилд. Модните критичари забележале дека неговата облека се оддалечила од традиционалните форми на конфекциска облека и повеќе ја поврзувале со скапоцена облека, којашто ги привлекувала помладите муштерии кои се разбираат во модата повеќе отколку одамна основаните француски модни куќи. Скапоцената облека традиционално ги претставува најквалитетните материјали, изработка и техники. Галијано ги користел овие техники во помал обем и повторно се докажал себеси и својата модна куќа на париската и светската модна сцена.

Во јули 1995 година, тој бил назначен за творец на Живанши од страна на Бернард Арнаулт, сопственик на конгломератот за луксузни производи ЛВМХ, така што станал првиот британски творец којшто е главен творец на француска модна куќа за скапоцена облека. На 21 јануари 1996 година, Галијано ја презентирал неговата прва ревија на скапоцена облека на Живанши на Stade Francais. Колекцијата добила високи пофалби на модните медиуми. Помалку од две години подоцна, на 14 октомври 1996 година, ЛВМХ го преместиле Галијано во Кристијан Диор, во замена за италијанскиот творец Џанфранко Фере. Неговата прва ревија на скапоцена облека за Диор се совпаднала со 50 годишнината на модната линија, на 20 јануари 1997 година.

Отпуштање од работа уреди

На 25 февруари 2011 година, Диор објавил дека го отпуштил Галијано по неговото апсење поради антисемитско критикување во бар во Париз. Минатиот декември, друштвената мрежа Citizenside добила снимка со Галијано, на којашто имало слична викотница во истиот бар. На снимката, пијаниот Галијано им дофрла антисемитски критикувања на група Италијанки и изјавува: „Јас го сакам Хитлер...Луѓето како вас треба да се мртви. Вашите мајки, прадедовци, сите треба да бидат запалени“. Овој инцидент се случил малку пред Париската модна недела за есен/зима 2011/2012.

Снимката му била дозволена на британскиот весник The Sun да ја објави на своето мрежно место.

Натали Портман, еврејска глумица, чии прабаба и прадедо умреле во Аушвиц, имала потпишано договор за реклама со Диор за нивниот парфем „Miss Dior Cherie“. Во една изјава, таа изразила „згрозеност“ спрема антисемитските коментари на Галијано. Портман рекла: „ Јас сум крајно шокирана и згрозена од снимката со коментарите на Галијано, којашто излезе денеска...Се надевам дека барем овие ужасни коментари ќе нè потсетат да ги согледаме и реагираме на овие предрасуди што сè уште постојат и се спротивни на сè што е убаво. Но, „згрозеноста“ на Портман не ја споделиле сите во модната индустрија. Стилистот и творец Патрициа Филд го бранела Галијано со тоа што испратила електронска пошта на 500 пријатели, блогови и медиуми. Таа ги сметала антисемитските критикувања на Галијано за „глума“ и подоцна, во телефонско интервју со списанието WWD, однесувањето на Галијано на снимката го објаснила како „лага“ и рекла дека таа е збунета што луѓето во модната заедница не можат да го препознаат тоа. „Тоа е глума“, рекла таа. „Тоа е лага. Но, луѓето во модата не ја препознаваат лагата во тоа. Одеднаш тие не го познаваат него. На 1 март 2011 година, Диор објавил дека започнал постапка за отпуштање на Галијано, со генералниот директор, Сидни Толедано, кој изјавил: „Јас строго го осудувам тоа што го рекол Џон Галијано“. По инцидентот, познатото лично мрежно место на Галијано била блокирана и недостапна за посетителите. Галијано ги отфрлил обвинувањата преку неговиот адвокат и започнал судска постапка против тие што го обвиниле за антисемитизам. Излегле и гласини дека Галијано се гордеел со неговите еврејски корени и дека е наместен. „Уште од првиот ден на Модната недела, многу уредници велеа дека Диор сака да се ослободи од него и дека содржина како оваа ќе го спаси од тоа да му плати 17 милиони долари на Галијано“, рекол Марчелос Л. Џонс, главен и одговорен уредник на модното веб списание TheFashionInsider.com.

Кривични обвиненија уреди

На 2 март објавено е дека Галијано се соочил со судски процес бидејќи „наводно им давал расистички коментари на муштериите во кафетеријата“. Наводно, тој се извинил за своето однесување, а Диор, пак , ги опишал неговите коментари од снимката како „одвратни“. Според Financial Times, ако се докаже дека е виновен, Галијано ќе се соочи со шест месеци затворска казна и глоба од 22.500 евра (31.187 долари)“. Во Daily Telegraph објавено е дека се верува дека Галијано ја напуштил Франција и тој изјавил дека ќе посетува центар за рехабилитација, најверојатно The Meadows во Аризона. Парискиот суд наредил дека ќе му се суди за обвинувањата за „јавни навреди врз основа на потекло, религиозни врски, раса или етнички групи“ против тројца луѓе. Судскиот процес ќе започне на 22 јуни 2011 година.

Инспирации уреди

Тој е цитиран дека ја идентификува својата љубов кон театарот и женственоста како најважни за неговите творби: „мојата улога е да заведам“, рекол тој, и стигнал далеку со пресоздавање некои парчиња облека на Диор за Мадона во филмот „Евита“.Наводно, Галијано ја претставил Шарлиз Терон како муза и создал скапоцена облека за неа за настаните на црвениот тепих, како што се Оскарите и Golden Globe Awards. Таа, исто така, е дел од рекламната кампања на парфемот „J'Adore“ на Диор, а Рили Кеоф, внука на Елвис Присли, го претставува „Miss Dior Cherie“, и Кејт Мос, на фотографии од Ник Најт, на неговите кампањи претставува скапоцена и конфекциска облека. Холивудските филмски ѕвезди Кејт Бланшет и Никол Кидман честопати носат фустани создадени од него на Оскарите. Приватната клиентела на Галијано за скапоцени колекции ги вклучуваше Дафни Гинис и Дајана, принцезата од Велс.

Во моментот, Галијано прави шест колекции на скапоцена и конфекциска облека и нова меѓусезонска колекција насловена по неговото име „Г Галијано“. Сличностите помеѓу Галијано и модниот творец Мугату, со неговата модна ревија „ Derelicte“, истакнати се од некои коментатори.

Почести уреди

Галијано ја добил наградата за британски творец на годината во 1987, 1994 и 1995 година. Во 1997 година, тој ја поделил наградата со Александар МекКвин, неговиот следбеник во Живанши. Во 2001 година, доделена му е награда од Редот на Британската Империја, на списокот на почести за роденденот на кралицата, за неговите заслуги во модната индустрија како моден творец. Тој ја примил својата награда од Редот на Британската Империја на 27 ноември 2001 година во Бакингемската палата во Лондон, Англија.

Доделена му е награда за моден творец во 2002 година за неговиот придонес во модната индустрија. Тој се појавил на „розовата листа“ на „The Independent on Sunday“, како еден од „највлијателните геј луѓе во Британија“. На почетокот на новата 2009 година, Галијано ја добил Француската легија на почести, којашто претходно му била доделувана на славни личности како Ив Сен Лорaн и Ацедин Алаја.

Приватен живот уреди

Галијано го дели домот во Париз со своето долгогодишно момче, Алексис Рохе, моден советник. Галијано стана позната личност на улиците во Le Marais, област во Париз позната по геј парови, а и по Еврејската заедница во градот. Наводно, тој има еврејско потекло од Сефардите, кои се населиле од Шпанија и Португалија во XIX век.

Наводи уреди

  1. David James Smith, "The Secret Torments of Galliano", Sunday Times Magazine, 22 August 2011, p. 20, at p. 27: "I ordered his birth certificate from the Gibraltar registry and in fact he was named John Charles Galliano".
  2. „John Galliano sacked from his eponymous label - Telegraph“. web.archive.org. 2012-06-11. Архивирано од изворникот на 2012-06-11. Посетено на 2024-01-25.
  3. Diderich, Miles Socha,Nina Jones,Marc Karimzadeh,Joelle; Socha, Miles; Jones, Nina; Karimzadeh, Marc; Diderich, Joelle (2014-10-06). „John Galliano Joins Maison Martin Margiela“. WWD (англиски). Посетено на 2024-01-25.
  4. Smith, Tony. „iPod designer voted UK's most influential cultural icon“. www.theregister.com (англиски). Посетено на 2024-01-25.
  5. „iPod designer leads culture list“ (англиски). 2004-02-12. Посетено на 2024-01-25.
  6. "John Galliano" by Colin McDowell, page 74 – ISBN 0-297-81938-0
  7. „Profile: John Galliano“. BBC News (англиски). 2011-02-25. Посетено на 2024-01-25.