Џозеф Конрад (англиски: Joseph Conrad), роден: Јузеф Теодор Конрад Кожењовски (полски: Józef Teodor Konrad Korzeniowski;[1] 3 декември 18573 август 1924) — англиски писател со полско потекло, кој пишувал и објавувал на англиски јазик по неговото доселување во Англија.

Џозеф Конрад
Joseph Conrad
Конрад во 1904 г.
Роден/аЈозеф Теодор Конрад Коржењовски
3 декември 1857(1857-12-03)
Бердичев, Киевски Гувернат, Руска Империја
Починат/а3 август 1924(1924-08-03) (возр. 66)
Бишопсборн, Англија
ПочивалиштеГробишта во Кантербери
Занимањеписател
Јазиканглиски
Период1895–1923
Жанрпсихолошки реализам, модернизам
Значајни делаБудалштината на Алмајер (1895)
Изгнаникот на островите (1896)
"Лагуна" (1896)
"Населба на напредокот" (1896)
Црнецот од „Нарцис“ (1897)
"Младина" (1898)
Срце на темнината (1899)
Лорд Џим (1900)
"Еми Фостер" (1901)
Тајфун (1902)
Крајот на синџирот (1902)
Ностромо (1904)
Тајниот агент (1907)
"Двобој" (1908)
"Тајниот учесник" (1909)
Под западни очи (1911)
Победа (1915)
Сопруг/аЏеси Џорџ
ДецаБорис, Џон
Потпис

Животопис уреди

Џозеф Конрад е роден на 3 декември 1857 година во Бердичев, денес во Украина, а тогаш дел од Кралството Полска. Тој бил единствено дете на Аполо Коржењовски и Ева Бобровска. Неговиот татко бил писател, преведувач и политички активист. Регионот каде растел Конрад бил населен со Украинци, но власта ја држела полската благородничка класа, во која припаѓал и Конрад и неговото семејство. Полската книжевност, особено родољубивата книжевност, се воздигнувала на висок степен од локалното полско население.[2]

Поради политичкиот ангажман и земјоделството, семејството на Конрад се преселувале на неколку наврати. Во мај 1861 година, тие се преселиле во Варшава, каде Аполо се приклучил во полското движење за отпор на Руското Царство. Тоа довело до негово апсење,[белешка 1] но казната затвор била заменета со испраќање на семејството во Чернигов, во северна Украина, каде условите биле подобри. На 18 април 1865 година, Ева починала од туберкулоза.[1]:19-25 Аполо дал сè од себе да го школува Конрад. Уште од рани години Конрад се запознал со пишаниот збор, а особено два момента биле значајни и влијателни во неговиот подоцнежен живот: „Морски работници“ од Виктор Иго и делата на Вилијам Шекспир, кои го вовеле во англиската книжевност. Сепак тој најмногу читал полска книжевност, односно полска романтична поезија.[1]:27

По напуштањето на Полска во 1874 година, Конрад започнал кариера во трговската морнарица. По скоро четири години поминати во Франција и на француски бродови, тој се приклучил на британската трговска морнарица и таму служел наредните петнаесет години. Тој работел на различни бродови, вршејќи повеќе функции за да на крај стане капетан. Од неговите 19 години служба во трговската морнарица, само во текот на 9-10 години бил на море. Голем број од ликовите и настаните опишани во неговите дела се инспирирани од настани и личности од неговиот професионален (морнарички) живот.

Конрад првпат пристигнал во Англија во 1878 година,[3] а се стенкал со британско државјанство во 1886 година, иако постојано се сметал себеси за Полјак.[белешка 2]

Конрад умрел на 3 август 1924 година, најверојатно од срцев удар. Тој бил закопан на гробиштата во Кантербери во Англија, и на неговата надгробна плоча било испишано неговото родно полско име, но со три грешки, односно Joseph Teador Conrad Korzeniowski[1]:573 наместо Jozef Teodor Konrad Korzeniowski. На неговата надгробна плоча биле испишани редови од „Кралицата на феите“ од Едмунд Спенсер, кој самиот Конрад ги избрал за епиграф за неговиот последен роман „Скитник“:

Sleep after toyle, port after stormie seas,

Ease after warre, death after life, doth greatly please [1]:574


Творештво уреди

Првото дело кое го прославило Конрад е романот Црнецот од „Нарцис“. Ова дело, заедно со „Младост“, „Срцето на темнината“ и „Тајфун“ претставуваат епизоди од еден епски циклус за херојските подвизи и за издржливоста. Во овие дела, КОнрад го слика животот на морнарите во целокупната негова големина, тешкотија и беда. Притоа, во „Црнецот од Нарцис“ и во „Тајфун“, човекот е прикажан во борбата со природата и со судбината во која тој најпосле излегува како победник. Всушност, во повеќето негови дела, тежиштето е ставено врз судирот со непријателските елементи и сили кои се надвор од човековата моќ, додека во „Срцето на темнината“, „Случај“ и „Победа“, демонската сила се наоѓа во самиот човек.[4]

Конрад се смета за еден од најголемите романописци на англиски јазик,[5] иако не го зборувал јазикот течно до неговите дваесетти години. Тој пишувал кратки раскази и романи, најчесто поврзано со морепловството. Тој бил прозен гениј кој вовел забележлив неанглиски[белешка 3] трагичен сензибилитет во англиската книжевност.[6]

Тој е единствена личност и творец на модернизмот во англиската книжевност. Иако е реалист, тој е истовремено и голем романтичар, но неговиот романтизам е подлабок и повистинит од сентименталниот романтизам од 19 век. Неговите раскази за далечните земји, за авантурите и хероизмот во непознатите, диви краишта и за далечните, малку познати типови луѓе, се појавиле во времето кога постоел голем интерес за патувањата, за истражувачките походи и за животот во Африка и во Азија. Во тие околности, Конрадовите дела, иако не претставувале новина, се истакнувале со својата необичност. Неговите раскази за животот на море и за морнарите се автентични бидејќи, како што вели самиот, тие се „плодови на животот — на мојот живот“. Како љубопитен, но затворен мислител, издвоен од останатиот свет, Конрад имал необична способност за набљудување и изедначување со личностите кои го интересирале и така ги толкувал игрите и судирите на луѓето и нивните побуди. Благодарение на својата речиси морбидно чувствителна совест, тој можел да ги насети човечките побуди и чувства кои на прв поглед се незабележливи. Неговиот книжевен метод е често импресионистички: тој ги бележи првите, инстинктивни реакции и дејствието врз нашите сетила, и тоа штом кај читателот предизвика впечаток дека се наоѓа во средиштето на настаните за кои пишува тој. Богатото и разновидното книжевно дело на Конрад почива врз неговата верба во човекот и во неговата духовна сила. Неговото префинето чувство за достоинство, одговорност и правичност и истакнувањето на храброста, издржливоста и верноста како најголеми вредности во односите меѓу луѓето претставуваат темелни одлики на неговото творештво. Современат акнижевна критика повеќе ги цени политичките елементи во неговите романи, како и употребата на симболизмот во делата исполнети со горчина, иронија и фатализам.[7]

Библиографија уреди

Романи уреди

 
Споменик на Конрад во Гдиња во Полска.
1895   Будалштината на Алмајер
1896 Изгнаникот на островите
1897 Црнецот од „Нарцис“
1899 Срце на темнината
1900 Лорд Џим
1901 Наследници
1902 Тајфун (започнат во 1899)
1903 Романса
1904 Ностромо
1907 Тајниот агент
1911 Под западни очи
1913 Шанса
1915 Победа
1917 Засенета линија
1919 Стрела од злато
1920 Спасување
1923 Природата на злото
Скитник
1925 Застој: Наполеонови роман (незавршена, посмртно објавена)

Романи и раскази уреди

  • „Идиоти“ (1898).
  • „Црниот пријател“ (1925).
  • „Лагуна“ (1898).
  • „Населба на напредокот“ (1896).
  • „Враќањето“ (1898)
  • „Карејн: Сеќавање“ (1897).
  • „Младост“ (1898)
  • „Фалк“ (1901).
  • „Еми Фостер“ (1901).
  • „Утре“ (1902).
  • „Крајот на синџирот“ (1902)
  • „Гаспер Руз“ (1904–05)
  • „Анархист“ (1905)
  • „Поткажувач“ (1906)
  • „Бруталност“ (1906)
  • „Двобој“ (1908)
  • „Il Conde“ (1908)
  • „Тајниот учесник“ (1909)
  • „Принц Роман“ (1910)
  • „Насмевка на среќата“ (1910)
  • „Фреја од седумте острови“ (1910–1911)
  • „Партнер“ (1911)
  • „Гостилницата на двете вештерки“ (1913)
  • „Поради доларите“ (1914)
  • „Плантажерот од Малата“ (1914)
  • „Душата на војникот“ (1915–1916)
  • „Приказната“ (1916)

Мемоари и есеи уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Najder, Z. (2007) Joseph Conrad: A Life. Camden House. ISBN 978-1-57113-347-2.
  2. Stewart, J.I.M (1968) Joseph Conrad. Longman London; 1st Edition.
  3. „Белешка о писцу и делу“, во: Џозеф Конрад, Срце таме. Београд: Политика и Народна књига, 2004, стр. 172.
  4. „Белешка о писцу и делу“, во: Џозеф Конрад, Срце таме. Београд: Политика и Народна књига, 2004, стр. 173-174.
  5. Joseph Conrad. Encyclopædia Britannica.
  6. "Poland." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online. 5 August 2009
  7. „Белешка о писцу и делу“, во: Џозеф Конрад, Срце таме. Београд: Политика и Народна књига, 2004, стр. 171-174.

Белешки уреди

  1. Zdzisław Najder, Conrad under Familial Eyes, Cambridge University Press, 1984, ISBN 0-521-25082-X.
  2. Во едно писмо од 14 февруари 1901 година испратено до Јозеф Коржењовски, библиотекар во Краков, Конрад напишал за себеси (како реплика на обвинувањата дека го напуштил полскиот народ со неговото објавување на англиски): „Широко е познато дека јас сум Полјак и дека Јозеф Конрад е моето име, а второто е подоцна искористено како мое презиме за странските усти да не го искриват моето вистинско презиме - искривување кое не можам да го издржам. Не ми изгледа дека не сум бил верен на мојата земја со докажувањето на Англичаните дека еден џентлмен од Украина може да биде добар морепловец како нив, и има нешто да им каже на нивниот јазик.“, во Zdzisław Najder, Joseph Conrad: A Life, pp. 311-12.
  3. Радјард Киплинг сметал дека „со пенкало во неговата рака тој бил прв меѓу нас“, но немало ништо англиско во менталитетот на Конрад: „Кога го читам, секогаш имам впечаток дека читам одличен превод на некој странски автор“. Цитирано во Џефри Мејерс, Џозеф Конрад: Биографија, стр. 209.

Надворешни врски уреди

Ресурси
Портали и биографија