Џовани Доменико Маралди

италијанско-француски астроном

Џовани Доменико Маралди (италијански: Giovanni Domenico Maraldi) или Жан-Доминик Маралди (француски: Jean-Dominique Maraldi; 17 април 170914 ноември 1788) — италијанско-француски астроном, внук братанец на астрономот Џакомо Филипо Маралди.

Роден е во Периналдо, Лигурија и се преселил во Париз во 1727 г. Веќе во 1731 г. станал член на Француската академија на науките. Во 1746 г. ја набљудувал Шезоовата комета заедно со Жак Касини кога ги открил двете збиени ѕвездени јата M15 (NGC 7078) и M2 (NGC 7089). Во 1772 г. го завршил работниот век и се вратил во родниот град.

Во чест на Џовани и чичко му, Џакомо е наречен месечевиот кратер Маралди.

Поврзано уреди