Џовани Батиста Тјеполо

Џовани Батиста Тјеполо (италијански: Giovanni Battista Tiepolo, варијанти: Џанбатиста (Gianbattista) или Џамбатиста (Giambattista); 5 март 1696 во Венеција - 27 март 1770 во Мадрид) — истакнат италијански фрескосликар во стилот рококо и еден од последните претставници на Венецијанската школа. Опишан е како „најголемиот декоритивен сликар на XVII век“.[1]

Џовани Батиста Тјеполо
Роден(а)5 март 1696(1696-03-05)
Венеција
Починал(а)27 март 1770(1770-03-27) (возр. 74)
Мадрид
НационалностИталијанец
Познат(а) посликарство
Правецбарок, рококо
Смртта на Хијацинт

Живот уреди

Младост уреди

Џамбатиста е редон во Венеција како последното од шесте деца на морскиот капетан Доменико Тјеполо и неговата жена Орзета. Додека презимето Тјеполо е од патрициско потекло, татко му на Џамбатиста не бил заинтересиран да бара право за благородство. Идниот уметник бил крстен во парохијалната црква Сан Пјетро ди Кастело со име Џовани Батиста, по неговиот кум, венециски благородник по име Џовани Батиста Дорија. Една година по неговото раѓање, татко му на Џамбатиста умира, оставајќи ја Орзета во тешка финансиска положба.

Најпрвин Џамбатиста бил ученик на Грегорио Лацарини, но најсилните влијанија кај него дошле од неговите постари современици како Себастијано Ричи и Џовани Батиста Пјацета. Кога имал 19 години, Тјеполо ја извел својата прва значајна нарачка, Жртвувањето на Исак (денес во школата Академија). Тој го напуштил студиото на Лацарини во 1717, и бил примен во еснафот Фраљиа.

Во 1719 Тјеполо се оженил со Чечилија Гварди, сестра на венецијалнските сликари Франческо Гварди и Џовани Антонио Гварди. Заедно имале девет деца. Четири ќерки и три сина го преживеале детството. Два сина, Доменико и Лоренцо, сликале заедно со татка си како помошници и стекнале засебни признанија. Неговиот трет син станал свештеник.

Зрело творештво уреди

Дионисо Делфино, патрициј од фриулискиот град Удине, му нарачал на Тјеполо да наслика фрески во капелата и дворецот; оваа работа му одзела две гоцини, (1726-28). Ова било неверојатно и речиси револуционерно остварување со употреба на бледи тоналитети и ведри потези. Со обединување на т.н. „маниера паолеска“ на Себастијано Ричи, Тјеполо веднаш се оддалечил од техниката кјароскуро типична за барокот, но го здржил театралниот раскош на Рубенс. Многумина го сметаат за прототипен сликар на италијанското рококо во XVIII век. Првото негово ремек-дело во Венеција бил циклус од огромни платна насликани за украс на големата приемна соба во дворецот Ка Долфин, Венеција (ц. 1726–1729), кои иссликуваат антички битки и триумф.

Набргу Тјеполо станал многу баран, барања кој тој ги задоволувал со помош неговата обилна продуктивност. Тој сликал платна за цркви како во Вероланова (1735-1740), за школата „Кармини“ (1740-47), за Скалци 1743-44), тавани за дворците Акринто и Казати-Дуњани во Милано (1731), украсување на капелата Колеони во Бергамо (1732-1733), таван за Исусовците (Сан Марија дел Росарио) во Венеција (1737-39), Палацо Клеричи во Милано (1740), украсување на вилата Корделини, Монтекјо Маџоре (1743-1744) и за салонот на дворецот Палацо Лабија во Венеција, прикажувајќи ја „Приказната за Клеопатра“ (1745-1750).

 
„Чествување на Шпанија“ (1762-66) во кралскиот дворец во Мадрид

Признанија уреди

Веќе во 1750 иемто Тјеполо бил добро познато ширум Европа. Во придружба од неговиот син Џандоменико, Тјеполо допатувал во Вирцбург по повикот на Прицот-бискуп Карл Филип фон Грајфенклау во 1750, каде живеел повеќе од три години и извел величествени фрески на таванот на Вирцбуршкиот дворец. Неговите тавански фрески на скалилата таму претставуваат најголемата збирка тавански фрески во светот со зафатнина од 677 м², која била изработена со помош на неговите синови Џандоменико и Лоренцо.

Тјеполо се вратил во Венеција во 1753, каде бил избран за Претседател на Падовската академија. Неговата слава му довела многу нарачки: како на пример театрални фрески за цркви; „Триумфот на верата“ во Венеција, Киеза дела Пиета; фрески на ѕидни плочи во Ка Рецонико (во која денес стои и неговата таванска фреска од Палацо Барбариго); и слики за партициски вили во венецискиот крај како Вила Валмарана (Винченца) и панегиричките фрески за огромната, денес населена Вила Писани во Стра.

Меѓутоа во 1761 добил нарачка од кралот на Шпанија Карлос III за изведба на таванско украсување на престолната соба во кралскиот дворец во Мадрид, чиј предмет бил „Чествување на Шпанија“. За време на неговиот престој таму ја предизвикал зависта и горкиот отпор на Антон Рафаел Менгс. Тјеполо починал во Мадрид на 27 март 1770 г. Доаѓањето на строгиот неокласицизам довело до бавно опаѓање на неговиот стил, но не го спречил неговото влијание на развојот на уметноста. Веќе во 1772 г. Тјеполо бил доволно славен за да биде документиран како сликар на дуждот Џовани Корнаро, одговорен за украсување на дворецот Палацо Монцеинго а Сан Поло.

Додека Тјеполовите синови продолжиле да се занимаваат со фрескосликарство, Венецијанската Република, која со векови поддржувала уметнички мајсторства, сега се распаѓала како резултат на наполеоновите освојувања.

 
Скалите во дворецот Вирцбуршкиот дворец во Вирцбург
 
Алегорија на планетите и континентите во дворецот Вирцбуршкиот дворец

Критички осврти и оставнина уреди

Тјеполо се смета за последниот венецијански сликар-олимпиец (кои Тјеполо нити ги запознал, нити примил какво било влијание од нив: Џорџоне, Тицијан, Веронезе и Тинторето. Како Тицијан, Тјеполо станал европски славен. Три декади по неговата смрт, републиката Ла Серенисима се распаднала под наполеоновата чизма. По боја, неговите дела се величествени по со нивната брилијантност и композициско единство кое генерално не постоело кај претходните венецијански сликари. Неговите богати историски збирни дела се капат во царски сјај и помпезен декор. Неправедно е да се суди Тјеполо по отсуството на негови ученици и следбеници, бидејчи неговите синови развиле слични, но сепак карактеристични стилови.

Тјеполо е најпознат по своите фрески, особено на тавани. Овие ја следеле барокната традиција на Пјетро да Кортона и Андреа Поцо, и се обидувале да го отворат затворениот простор кон небото, со нагорен поглед на огромни композиции кои се сврзани со фината орнаментација на рококо архитектурата и скулптурата. Кај фреските од типот на оние кај Палацо Валмарана во Винченца, овие не се велики погледи кон светот на митологијата, туку како инструмент за пренесување на нивните посматрачи во средината на акцијата. Најран пример за ова е неговот платно за Ка Долфин, кое му помогнало на Тјеполо да воведе бујни костуми, класична скулптура и акција која изгледа како да се прелева од таваните. Овие се поставени во ниши (вдлабнатини), а потоа се опкружени со фресконаликани рамки .

Освен во неговите најрани дела, неговиот стил е воочливо оддалечен од барокот, каде биле популарни темни, затворени простори осветлени со високи контрасти; дневната светлина на Тјеполо осветлува многу понежно со помош на една сончева палета. Од особено значење е неговата употреба на перспектива; во Палацо Лавија во Венеција, тој соработувал со експерт за перспектива, Џироламо Менгоци Колона. Фактот што Колона исто така имал осмислувано збиерни дела за опери, ги прави делата на Тјеполо потеатрални.

Неговите славни фрески, дела во врвот на зрелоста, се наоѓаат во Вирцбург. неговата Алегорија на планетите и континентите го претставува Аполон, кој го започнува својот дневен тек; пожествата околу него ги симболизираат планетите; алегориски фигури (на корнизот) ги претставуваат четирите континенти, вклучувајќи ја и Америка.

Некои дела уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Levey 1980, стр. 193.
  • Levey, Michael (1980). Painting in Eighteenth-Century Venice (прераб.. изд.). Cornell University Press. стр. 225–230.

Надворешни врски уреди