Џејмс (Џими) Олдакер е американски рок, блуз-рок и кантри-музичар, а исто така и тапанар.

Џими Олдакер
Основни податоци
Родено имеЏејмс Олдакер
Роден(а)5 септември 1951(1951-09-05)(72 г.)
ПотеклоТалса, Оклахома, САД
Жанр(ови)Алнтернативна кантри-музика, рок, блуз
ИнструментиТапани, удиралки
Години на активност1971-денес
Мрежно местоOfficial website

Роден е на 5 септември, 1951 во Талса, Оклахома.

По престојот во бендот на Боб Сиџер, во 1974, Олдакер му се придружил на Ерик Клептон додека се снимал албумот 461 Ocean Boulevard. Олдакер останал член на студиото на Клептон и со него патувал на турнеите во 1980, кога и целиот бенд ќе се распадне. Олдакер се вратил во бендот на Клептон во 1983, а повторно заминал во 1986 година.[1] Тој се појавува на блуз делот во снимката во живо од 24 Nights од 1990 до 1991. После напуштањето на Клептон, Олдакер на кратко се појавува како член во проектот „Frehley’s Comet“ на Ејс Фрихли, гитаристот на Kiss, појавувајќи се во 1998 во албумот „Second Sighting“. Олдакер е еден од основачите на алтернативниот кантри бенд „The Tractors“ во 1994 година.[2] Олдакер свирел и на снимки со музичари како што се „The Bellamy Brothers“, „Asleep at the Wheel“, Питер Фрамптон, Стефен Стилс, Лион Расел, Ејс Фрехли, Фреди Кинг и „the Bee Gees“.[1] Во август, 2005, Олдакер го издаде албумот „Mad Dogs & Okies“, колекција од звукови кои ја прославуваат музиката и музичарите од Оклахома. Соработката на Олдакер ги вклучува: Ерик Клептон, Винс Џил, Џ. В. Кејл, Вили Нелсон, Рони Дан, Бони Бремлит и Џои и Елен.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Jamie Oldaker[мртва врска] at Allmusic
  2. „The Tractors | Boy Rocking Records“. Архивирано од изворникот на 2008-04-21. Посетено на 2011-04-18.