Џек Сок

американски тенисер

Џек Сок (роден на 24 септември 1992) е американски професионален тенисер. Негово највисоко место на АТП листата е 8. место кое го достигнал во ноември 2018 година. Во двојки, тој се искачил во најдобрите 10 на АТП листата, и во септември 2018 година бил највисоко рангиран на 2. место.

Џек Сок
Земја САД
Место на живеењеТампа, Флорида[1][2]
Роден на24 септември 1992(1992-09-24)(31 г.)
Роден воЛинколн, Небраска
Спорт Тенис
Висина&100000000000001900000001,90 м
Професионалец2011
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка$10,034,281
Поединечно
Победи-порази162–124
Титули4
Највисок пласманБр. 8 (20 Ноември 2017)
Сегашен пласманБр. 105 (5 ноември 2018)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен2К (2014)
Ролан Гарос4К (2015)
Вимблдон2К (2014)
УС Опен3К (2012, 2013)
Во двојки
Победи-порази154–76
Титули13
Највисок пласманБр. 2 (10 септември 2018)
Сегашен пласманБр. 4 (5 ноември 2018)
Резултати на Гренд Слемови
Ролан ГаросЧФ (2015)
ВимблдонП (2014)
УС Опен3К (2014)
Мешани двојки
Титули1
Резултати на Гренд Слемови
УС ОпенП (2011)
Ажурирано на: 5 ноември 2018.

Во 2010 тој бил јуниорски Гренд слем шампион на Отвореното првенство на САД. Следната година на истиот турнир, тој ја освоил титулата во мешани двојки заедно со Мелани Уден. На Вимблдон 2014, Сок заедно со Вашек Поспишил ја освоил титулата во двојки победувајќи ги во финалето Боб и Мајк Брајан.[3] Во поединечна конкуренција, тој својата прва и единствена АТП титула ја освоил на турнирот во Хјустон во 2015 година.

Личен живот уреди

Сок е роден во Линколн, Небраска. Неговиот татко, Лери е финансиски советник и голфер, а неговата мајка, Пем е домаќинка. Тој има постар брат, Ерик, кој исто така играл средношколски тенис. Сок започнал да игра тенис на 8-годишна возраст кога го видел рекетот на мајка му.[4] Тој дипломирал на Blue Valley North High School средното училиште во Оверленд Парк, Канзас, и како средношколец имал биланс од 80–0, при што освоил четири последователни државни првенства.

Негов тениски идол додека растел бил Енди Родик. Тој е навивач на фудбалскиот клуб Канзас Сити Чифс и на кошаркарскиот клуб Бруклин Нетс.

Јуниорска кариера уреди

Сок го одиграл својот прв јуниорски турнир во октомври 2008 година, на возраст од 16, на Панамериканското првенство. На Отвореното првенство на САД 2009, кој бил негов трет јуниорски турнир, тој стигнал до полуфиналето во двојки заедно со Метју Кандат и до третото коло во поединечна конкуренција.

Сок играл релативно ретко на јуниорски турнири, и одиграл само уште два турнири: на Оринџ Бол во 2009 година и на јуниорскиот турнир на Отвореното првенство на САД 2010. На овој турнир, тој добил вајлд-карта за во главниот ждреб, но успеал да стигне до финалето. Таму, тој го поразил неговиот сонародник Денис Кудла, со 3-6, 6-2, 6-2, за да стане првиот американски шампион на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на САД уште од Енди Родик кој тоа го сторил во 2000 година.[5] Тој победил и на Јуниорското тениско државно првенство на САД во 2010 и 2011 година, заработувајќи вајлд-карта за да се најде во главниот жреб на сениорскиот турнир од Отвореното првенство на САД.

Професионална кариера уреди

Почетокот на кариерата уреди

Сок започнал да игра професионално настапувајќи на фјучерс турнири во 2009 година, освојувајќи го својот прв сениорски турнир на турнејата во ноември 2011 година. Тој влегол во квалификациите за неговиот прв АТП турнир играјќи на Мастерсот во Мајами во 2010. Неговиот прв натпревар на АТП турнирите бЧил на Отвореното првенство на САД 2010, каде играјќи со вајлд-карта загубил од Марко Киудинели во првото коло. Сок ја завршил 2010 рангиран на 878-то место на светската ранг-листа.

Во 2011 година, тој го постигнал својот најдобар резултат досега на фјучерс турнирите, достигнувајќи до финалето на турнирот во Вестон, Флорида.[6] Тој започнал да игра и на неколку турнири од челинџер серијата, каде најголем успех остварил на турнирот во Далас, каде стигнал до четвртфиналето. Тој добил валјд-карта за во главниот ждреб на Мастерсот во Мајами во 2011, но загубил во првото коло од Карлос Берлок. Како јуниорски шампион на САД во 2010 година, тој добил вајлд-карта за настап на Отвореното првенство на САД 2011, победувајќи го во првото коло Марк Жикел во четири сета. Тоа била неговата прва АТП победа. Во следното коло тој за противник го имал својот идол Енди Родик, сограѓанин од Небраска, од кого загубил во три сета. Вистинскиот пробив на Сок дошол на истиот турнир но во мешани двојки, каде што стигнал до финалето заедно со Мелани Удан, победувајќи ги бранителите на титулата Боб Брајан и Лизел Хубер во второто коло.[7] Во финалето, Сок и Удан го победиле аргентинскиот пар Хисела Дулко и Едуардо Шванк со 7–6, 4–6, [10–8] со што стигнале до својата прва Гренд слем титула во кариерата.

По освојувањето на својата прва Гренд слем титула, Сок се вратил да се натпреварува на челинџер турнирите. Неговиот најуспешен турнир бил челинџерот во Сакраменто, каде стигнал до четвртфиналето во поединечна конкуренција и му бил партнер на Николас Монро, во финалето на турнирот во двојки. Сок ја завршил 2011 година рангиран на 381. место во поединечна конкуренција, и на 370. место во двојки.

Во 2012 година, Сок освоил фјучерс турнир во Плантејшн, Флорида, но го загубил финалето во двојки.[8] На челинџерот во Хонолулу, тој стигнал до четвртфиналето во поединечна конкуренција, а во двојки, заедно со Николас Монро стигнал до финалето.[9]

Џек играл на АТП турнирот во Њупорт, каде загубил во второто коло од Изак ван ден Мерве. Следниот турнир на Сок бил уште еден од АТП серијата, сега во Атланта. Тој го изненадил седмиот носител на турнирот, Алекс Богомолов јуниор. Сок стигнал до четвртфиналето, во кое загубил од Џон Изнер. На Отвореното првенство на САД 2012, Сок го поразил 22. носител, Флоријан Мајер, во првото коло со 6–3, 6–2, 3–2 пред Мајер да му го предаде мечот. Тој потоа продолжил понатаму во второто коло за да го порази Флавио Чипола од Италија со 3:0 во сетови, поставувајќи го така својот најдобар резултат на гренд слем турнирите.[10] Во третото коло тој за противник го имал 11. носител, Николас Алмагро, од кого загубил во четири сета. Во последните два месеци од 2012 година, Сок стигнал до неговите први финалиња на турнирите од челинџер серијата, победувајќи на челинџерот во Тибурон во октомври, и завршил, како финалист во ноември на челинџерот во Шампејн. Овие финалиња му помогнале да влезе меѓу најдобрите 150 тенисери на АТП листата за првпат во неговата кариера.[11]

2013 уреди

Сок ја започнал бавно новата сезона и не успеал да ги помине квалификациите за Отвореното првенство на Австралија. Сепак, тој добил вајлд-карта за во главниот ждреб на турнирот во Мемфис. Тој во првото коло изненадувачки го победил светскиот бр. 14, Милош Раониќ, а во второто коло бил подобар од Џејмс Блејк, пласирајќи се во своето второ четвртфинале во кариерата. Во четвртфиналето, тој бил поразен од Фелисијано Лопес.[12] Во двојки, тој заедно со Блејк стигнал до финалето, во кое загубиле од браќата Брајан.[13] Сепак, на почетокот на март, Сок и Блејк успеале да ја освојат нивната прва заедничка АТП титула во двојки, на турнирот во Делреј Бич.

На сезоната на Земјина подлога, Сок на четири челинџер турнири доживеал пораз уште во првите натпревари, но сепак успеал да ги помине квалификациите за Отвореното првенство на Франција и да се пласира во главниот ждреб. Тој во првото коло го изненадил Гуљелмо Гарсија-Лопес, но во второто коло бил запрен од Томи Хас. На Вимблдон, тој бил поразен во првото квалификациско коло од Миша Ѕверев. Една недела подоцна, тој ја освоил титулата на челинџерот во Винетка, победувајќи го во финалето Бредли Клан, со што за првпат се искачил во најдобрите 100 на АТП листата.

На Отвореното првенство на САД, Сок го повторил успехот од минатата сезона и повторно стигнал до третото коло, во кое овојпат бил поразен од 18. носител, Јанко Типсаревиќ во четири сета. Сок ја завршил годината на 102. место на АТП листата.

Големи финалиња уреди

Гренд слем финалиња уреди

Во двојки: 1 (1–0) уреди

Исход Година Гренд слем Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 2014 Вимблдон Трева   Вашек Поспишил   Боб Брајан
  Мајк Брајан
7–6(7–5), 6–7(3–7), 6–4, 3–6, 7–5

Мешани двојки: 1 (1–0) уреди

Исход Година Гренд слем Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 2011 Отворено првенство на САД Тврда   Мелани Уден   Жисела Дулко
  Едуардо Шванк
7–6(7–4), 4–6, [10–8]

АТП финалиња во кариерата уреди

Поединечно: 1 (1–0) уреди

Легенда
Гренд слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП 500 серија (0–0)
АТП 250 серија (1–0)
Титули по подлога
Тврда (0–0)
Земја (1–0)
Трева (0–0)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 12 април 2015 Хјустон, САД Земја   Сем Квери 7–6(11–9), 7–6(7–2)

Во двојки: 8 (4–4) уреди

Легенда
Гренд слем (1–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (1–2)
АТП 500 серија (0–1)
АТП 250 серија (2–1)
Титули по подлога
Тврда (3–4)
Земја (0–0)
Трева (1–0)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Финалист 1. 24 февруари 2013 Мемфис, САД Тврда   Џејмс Блејк   Боб Брајан
  Мајк Брајан
1–6, 2–6
Победник 1. 3 март 2013 Делреј Бич, САД Тврда   Џејмс Блејк   Макс Мирњи
  Хорија Текау
6–4, 6–4
Победник 2. 7 јули 2014 Вимблдон, Обединето Кралство Трева   Вашек Поспишил   Боб Брајан
  Мајк Брајан
7–6(7–5), 6–7(3–7), 6–4, 3–6, 7–5
Победник 3. 27 јули 2014 Атланта, САД Тврда   Вашек Поспишил   Стив Џонсон
  Сем Квери
6–3, 5–7, [10–5]
Финалист 2. 17 август 2014 Синсинати, САД Тврда   Вашек Поспишил   Боб Брајан
  Мајк Брајан
3–6, 2–6
Финалист 3. 19 октомври 2014 Стокхолм, Шведска Тврда   Трит Конрад Хјуи   Ерик Буторак
  Равен Класен
4–6, 3–6
Победник 4. 21 март 2015 Индијан Велс, САД Тврда   Вашек Поспишил   Симоне Болели
  Фабио Фоњини
6–4, 6–7(3–7), [10–7]
Финалист 4. 4 април 2015 Мајами, САД Тврда   Вашек Поспишил   Боб Брајан
  Мајк Брајан
3–6, 6–1, [8–10]

Победи над топ 10 играчи уреди

# Играч Ранг Турнир Подлога Рунда Резултат
2014
1.   Кеј Нишикори 6 Шангај, Кина Тврда 2. коло 7–6(7–5), 6–4

Наводи уреди

  1. „Jack Sock“. ATP World Tour.
  2. „Wimbledon doubles champs Jack Sock, Vasek Pospisil focusing on singles at Citi Open“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 2015-05-30. Посетено на 2015-09-21.
  3. Wimbledon 2014: Vasek Pospisil and Jack Sock see off Bryan brothers The Guardian. 5 јули 2014
  4. Biography on ATP World Tour
  5. Sock, Gavrilova win US Open junior titles Архивирано на 22 октомври 2012 г. SIFY News. 2010-13-09.
  6. The Decline of Weston Civilization Part I – The Final Weekend of the USA F3 Futures Challenger Tennis. February 2, 2011. Accessed September 9, 2011
  7. Melanie Oudin-Jack Sock reach final ESPN. August 9, 2011. Accessed September 9, 2011
  8. „ITF Futures – Jack Sock wins second ITF title“. Tennis World USA. Посетено на February 1, 2012.
  9. „Hit with Robby Ginepri – Honolulu Challenger Conclusion“. 10S Balls. Архивирано од изворникот на 2012-02-01. Посетено на February 1, 2012.
  10. „Almagro beats US teen Sock in US Open 3rd round“. Архивирано од изворникот на 2012-09-04. Посетено на September 1, 2012.
  11. „Sock falls in Champaign Challenger final“. Lincoln Journal Star. Посетено на November 26, 2012.
  12. Oddo, Chris. „Lopez's 300th Win Knocks Sock out of Memphis“. Посетено на February 24, 2013.
  13. „B.Bryan/M.Bryan – J.Blake/J.Sock Match Result“. Tennis Databank. Посетено на February 24, 2013.

Надворешни врски уреди