Џаспер Џонс (роден на 15 март 1930) е американски сликар, вајар и гравурист, чие дело е поврзано со апстрактен експресионизам, Нео-Дада и поп-арт жанрот. Тој е добро познат по своите прикази на Знамето на САД и другите теми поврзани со САД. Делата на Џон редовно се продаваат за милиони долари на продажба и на аукција, вклучувајќи и пријавена продажба од 110 милиони долари во 2010 година. Во повеќе наврати дела од Џон ја имаат титулата најплатено за дело од жив уметник.

Џонс имал добиено многу почести во текот на својата кариера, вклучително и приемот на Националниот медал на уметности во 1990 година и Претседателскиот медал за слобода во 2011 година. Во 2018 година, The New York Times го нарекол „најуспешниот жив уметник“ на Соединетите Држави.[1]

Наводи уреди

  1. Соломон, Дебора (7 февруари 2018). „Jasper Johns Still Doesn't Want to Explain His Art“. Посетено на 19 февруари 2020.
Библиографија