Џанлука Песото (роден на 11 август 1970 година во Латисана, Удине) — поранешен италијански фудбалер, играч од одбраната.

Џанлука Песото
Лични податоци
Роден на 11 август 1970(1970-08-11)(53 г.)
Роден во Латисана, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2006 (35 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989-1991 Варезе Варезе 64 (1)
1991-1992 Масезе Масезе 22 (1)
1992-1993 Болоња Болоња 21 (1)
1993-1994 Верона Верона 34 (3)
1994-1995 Торино Торино 32 (1)
1995-2006 Јувентус Јувентус 243 (2)
Репрезентација
1996-2002 Италија Италија 22 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Тој е поранешен репрезентативец на Италија, а поголемиот дел од својата кариера го поминал во дресот на Јувентус. Песото во текот на неговата кариера најчесто играл како лев бек, но често бил преместен и понапред како играч од средниот ред по левата страна. Исто така тој бил користен и како десен бек, па дури играл и како централен дефанзивец.

Моментално работи како спортски директор во Примавера тимот на Јувентус.

Кариера уреди

Клупска кариера уреди

 
Песото (лево) во дресот на Јувентус во 1998 година.

Песото ја започнал кариерата во јуниорите на Милан, додека професионалното деби го направил во Серија Ц2 во 1989 година во дресот на Варезе, клуб за кој во две сезони собрал 64 првенствени настапи. Потоа, тој играл за екипите на Масезе во Серија Ц1, како и за Болоња и Верона во Серија Б (1992-1993 и 1993-1994).

По импресивните настапи во втората лига на италијанскиот фудбалски лигашки систем, во сезоната 1994-1995 Песото потпишал за Торино, со кој дебитирал во Серија А на 4 септември 1994 во натпреварот Торино-Интер (0-2). Веќе во својата прва сезона тој обезбедил место во почетната постава на биковите, забележувајќи 32 настапи и еден гол во првенството.

После во голема мера импресивната деби сезона во Серија А, во летото 1995 година Песото се преселил во градскиот соперник на Торино, Јувентус, за 7 милијарди италијански лири.[1] Тој ги одиграл следните 11 сезони во дресот на Јувентус, клуб со кој Песото освоил сè, започнувајќи од Лигата на шампионите 1995-1996: во финалето против Ајакс решено после изведување на пенали, откако по редовното и дополнителното време натпреварот завршил со резултат 1-1, тој бил еден од четирите прецизни изведувачи за Јувентус. Покрај тоа, Песото освоил уште четири скудета и четири Суперкупа на Италија за време на својот престој во клубот.

До сезоната 2001-2002 Песото бил редовен член на почетната постава на Јувентус, но потоа тој претрпел повреда што го принудила на три месеци неактивност: оваа пауза, во комбинација со возраста и афирмацијата на Џанлука Ѕамброта во улогата на лев бек, постепено го истуркала Песото на клупата. Тој ја завршил својата кариера во црно-белиот дрес во 2006 година.

Репрезентативна кариера уреди

Песото има 22 настапи за Италија во периодот помеѓу 1996 и 2002 година.[2] Учествувал на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000: на второто натпреварување тој бил еден од прецизните изведувачи од белата точка во победата со 3-1 на пенали над домаќинот Холандија во полуфиналето. Во финалето на истото натпреварување против Франција, тој со одличен центаршут од десната страна му асистирал на Марко Делвекио за водство на Аѕурите; сепак на крајот французите победиле и ја освоиле титулата на првенството, благодарение на златниот гол на Давид Трезеге, идниот соиграч на Песото во Јувентус.

Тој не учествувал на Светското првенство 2002, поради повредата со која се здобил за време на пријателски натпревар против Уругвај, одигран на 17 април 2002 во Милано.[3] Тоа бил и неговиот последен репрезентативен натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-10-1996 Перуџа Италија   1 – 0   Грузија Квал. за СП 1998 -
29-10-1997 Москва Русија   1 – 1   Италија Квал. за СП 1998 -   54'
15-11-1997 Наполи Италија   1 – 0   Русија Квал. за СП 1998 -   76'
2-6-1998 Гетеборг Шведска   1 – 0   Италија Пријателска -   84'
23-6-1998 Сен Дени Италија   2 – 1   Австрија СП 1998 - Прва фаза -
27-6-1998 Марсеј Италија   1 – 0   Норвешка СП 1998 - Осминафинале -   72'
3-7-1998 Париз Италија   0 – 0 прод.
(3 – 4 пен.)
  Франција СП 1998 - Четвртфинале -   90'
5-9-1998 Ливерпул Велс   0 – 2   Италија Квал. за Евро 2000 -
18-11-1998 Салерно Италија   2 – 2   Шпанија Пријателска -   60'
16-12-1998 Рим Италија   6 – 2   World Stars Пријателска -   65'
13-11-1999 Лече Италија   1 – 3   Белгија Пријателска -   71'
23-2-2000 Палермо Италија   1 – 0   Шведска Пријателска -
29-3-2000 Барселона Шпанија   2 – 0   Италија Пријателска -   73'
26-4-2000 Реџо Калабрија Италија   2 – 0   Португалија Пријателска -   72'
3-6-2000 Осло Норвешка   1 – 0   Италија Пријателска -
11-6-2000 Арнем Турција   1 – 2   Италија Евро 2000 - Прва фаза -   89'
19-6-2000 Ајндховен Италија   2 – 1   Шведска Евро 2000 - Прва фаза -
24-6-2000 Брисел Италија   2 – 0   Романија Евро 2000 - Четвртфинале -   62'
29-6-2000 Амстердам Италија   0 – 0 прод.
(3 – 1 пен.)
  Холандија Евро 2000 - Полуфинале -   77'
2-7-2000 Ротердам Франција   2 – 1 зг   Италија Евро 2000 - Финале - 2. место
28-2-2001 Рим Италија   1 – 2   Аргентина Пријателска -   70'
17-4-2002 Милано Италија   1 – 1   Уругвај Пријателска -   7'
Вкупно Настапи (145. место) 22 Голови 0

Статистика уреди

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 12 април 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1989-1990   Варезе Ц2 30 1 КИ-Ц - - - - - - - - 30 1
1990-1991 Ц1 34 0 КИ+КИ-Ц - - - - - - - - 34 0
Вкупно Варезе 64 1 - - - - - - 64 1
1991-1992   Масезе Ц1 22 1 КИ-Ц - - - - - - - - 22 1
1992-1993   Болоња Б 21 1 КИ - - - - - - - - 21 1
1993-1994   Верона Б 34 3 КИ - - - - - - - - 34 3
1994-1995   Торино А 32 1 КИ 4 1 - - - - - - 36 2
1995-1996   Јувентус А 28 0 КИ 1 0 ЛШ 10 0 СИ 0 0 39 0
1996-1997 А 20 0 КИ 2 0 ЛШ 5 0 СУ+ИнтК 2+0 0 29 0
1997-1998 А 21 0 КИ 7 0 ЛШ 8 0 СИ 1 0 37 0
1998-1999 A 19+2[4] 1 КИ 5 0 ЛШ 8 0 СИ 1 0 35 1
1999-2000 A 30 1 КИ 4 0 ИК+КУ 4+6 0 - - - 44 1
2000-2001 А 32 0 КИ 1 0 ЛШ 6 0 - - - 39 0
2001-2002 А 29 0 КИ 4 0 ЛШ 11 0 - - - 44 0
2002-2003 А 17 0 КИ 4 0 ЛШ 7 0 СИ 0 0 28 0
2003-2004 А 18 0 КИ 8 0 ЛШ 5 0 СИ 0 0 31 0
2004-2005 A 19 0 КИ 1 0 ЛШ 6 0 - - - 26 0
2005-2006 A 10 0 КИ 2 1 ЛШ 2 0 СИ 0 0 14 1
Вкупно Јувентус 243+2 2 39 1 78 0 4 0 366 3
Вкупно во кариерата 395+2 9 43 2 78 0 4 0 522 11

Титули уреди

  Варезе уреди

1989-1990

  Јувентус уреди

1996-1997, 1997-1998, 2001-2002, 2002-2003
1995, 1997, 2002, 2003
1995-1996
1996
1996
1999

Наводи уреди

  1. La Gazzetta dello Sport, уред. (23 јули 2012). Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. vol. 12 (1995-1996). Милано. стр. 10.
  2. „Nazionale in cifre: Pessotto, Gianluca“ (италијански). FIGC. Архивирано од изворникот на 23 December 2008. Посетено на 26 May 2015.
  3. Lodovico Maradei (18 април 2002). „Tutto male per l'Italia. Perde anche Pessotto“. La Gazzetta dello Sport.
  4. Плејоф двомеч за Куп на УЕФА/Интертото куп.

Надворешни врски уреди