Ќучук Текелер (грчки: Ανατολή, Анатоли, до 1955 г. Μικρόν Τεκελέρ, Микро Текелер[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 26 жители (2011).

Ќучук Текелер
Ανατολή
Ќучук Текелер is located in Грција
Ќучук Текелер
Ќучук Текелер
Местоположба во областа
Ќучук Текелер во рамките на Кожани (општина)
Ќучук Текелер
Местоположба на Ќучук Текелер во Општина Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°13′N 21°54′E / 40.217° СГШ; 21.900° ИГД / 40.217; 21.900Координати: 40°13′N 21°54′E / 40.217° СГШ; 21.900° ИГД / 40.217; 21.900
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаКожани
Општ. единицаЕлимеја
Надм. вис.&10000000000000370000000370 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно26
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Рег. таб.KZ

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на источното подножје на планината Црвена Гора, околу 10 км од градот Кожани. Во близина на селото е Витивјанското Езеро, создадено во 1973 г. по изградбата на истоимената брана. Ќучук Текелер е сместен на надморска височина од 370 метри.

Историја уреди

Отоманското Царство уреди

Во XIX век Ќучук Текелер било грчко село во Кожанската каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Ќучук Текелер живееле 162 Турци.[3]

Во Грција уреди

По Балканските Војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во истата година, населението броело 160 жители.[4]

Во 1955 г., името на Ќучук Текелер му било применувано во Анатоли.[2]

Стопанство уреди

Населението во селото произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[4]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 167 187 169 30 69 33 46 26
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Πανδέκτης: Mikron Tekeler -- Anatoli“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-02-24.
  3. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.47“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-02-24.
  4. 4,0 4,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 329.

Надворешни врски уреди