Ќојлија

село во Општина Петровец

Ќојлија — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.

Ќојлија

Индустриската зона на Ќојлија во 2013 г.

Ќојлија во рамките на Македонија
Ќојлија
Местоположба на Ќојлија во Македонија
Ќојлија на карта

Карта

Координати 41°56′43.7″N 21°37′42.7″E / 41.945472° СГШ; 21.628528° ИГД / 41.945472; 21.628528
Општина Петровец
Население 183 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25031
Надм. вис. 230 м
Ќојлија на општинската карта

Атарот на Ќојлија во рамките на општината
Ќојлија на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Ќојлија се наоѓа во областа Блатија, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Петровец. Селото брои околу 400 жители, се наоѓа на надморска височина од 230 метри и од градот Скопје е оддалечено 16 километри.Ќојлија денес е мешано муслиманско село, албанско-бошњачко, но во минатото било православно-муслиманско со македонско и турско население.

Историја уреди

Подрачјето на Ќојлија е населено уште во римско време, за што сведочи наоѓалиштето Селиште.[2]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Ќојлиџе и имало мешано христијанско[3] и муслиманско[4] население, каде имало 29 христијански и 6 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 86 мажи христијани, со 10 новороденчиња и 21 мажи муслимани со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 250 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 254 жители.[5]

На крајот од XIX век Ќојлија било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ќојли живееле 78 Македонци-христијани и 24 Турци.[6][7]

На почетокот од XX век целото христијанско население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ќојлија имало 120 Македонци под егзархијата.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Турци.[9]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948411—    
1953369−10.2%
1961576+56.1%
1971426−26.0%
1981482+13.1%
ГодинаНас.±%
1991215−55.4%
1994354+64.7%
2002400+13.0%
2021183−54.2%

Во минатото селото било населено со Турци кои се иселиле во Турција во текот на педесеттите и шеесеттите години на XX век.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 400 жители, од кои 215 Бошњаци, 179 Албанци, 2 Македонци, 1 Ром и само 3 останати.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 183 жители, од кои 6 Македонци, 92 Албанци, 27 Роми, 42 Бошњаци, 6 останати и 10 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 102 120 411 369 576 426 482 215 354 400 183
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови уреди

Ќојлија денес е мешано муслиманско село, албанско-бошњачко, но во минатото било православно-муслиманско со македонско и турско население.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото биле:

Македонски

  • Доселеници: Колевци (7 к.), Кузмановци (5 к.) и Богдановци (4 к.) потекнуваат од заеднички предок кој се викал Креме. Тој се доселил во селото од прилепско. Тука Креме добил земја и се населил пред повеќе од 280 години. Тој имал тројца синови Петко, Богдан и Ѓорго; Ѓорговци (11 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Миладиновци. И таму биле доселени однекаде. Домазетот влегол во изумрениот по машка линија род Ѓорговци (еден од синовите на Креме); Чачанковци (3 к.) доселени биле од селото Морани; Шоповци (2 к.) доселени се од кумановското село Орашац. Овде се доселиле браќата Веселин и Каравилко. Го знаат следниот родослов: Саздо (жив на 66 год. во 1953 година) Стојан-Мице-Веселин, кој се доселил во брат му; Трајкови или Клинчаровци (1 к.) доселени биле од селото Миладиновци, и таму биле доселени однекаде.

Турски

  • Доселеници: Исмаиловци (2 к.) биле најстар турски род во селото. Овде живееле од првата половина на 19 век. Потеклото им е од Мала Азија. Не се знае каде живееле пред да се населат во селото; Дураковци (4 к.) доселени биле од селото Миладиновци. Потекнувале од предокот Мустафа, Го знаеле следниот родослов: Таир (жив на 50 год. во 1953 година) Асан-Дурак-Мустафа, кој се доселил од соседното Миладиновци. Припаѓале на групата Коњари: Сулејмановци (6 к.) доселени биле од велешкото село Иванковци. Таму имале роднини, по потекло биле Јуруци. Го знаеле следното родословие: Муарем (жив на 50 год. во 1953 година) Ајдин-Алил, кој се доселил во селото; Ујлија (1 к.) они потекнувале од предок Албанец, кој се доселил од селото Чифлик, овде се оженил со Турчинка и во куќата се говори турски. Во Чифлик овој род припаѓал на истоимениот род, кој бил по потекло од фисот Бериша во северна Албанија.[16]

Иселеништво уреди

Македонското и турското население е иселено во Скопје, Турција и некои околни села (посебно македонското население).[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[2]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 388. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  4. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  5. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски уреди