Ќелија (геометрија)

Во геометријата, ќелија е тридимензионален елемент кој е составен дел од повеќедимензионално геометриско тело.

Тесерактот има 8 коцкести ќелии, три на секој раб.
Коцкесто саќе 2x2x2, има четири коцкести ќелии по раб.

Кај политопите уреди

Ќелијата претставува тридимензионален полиедарски елемент кој сочинува дел од границата на повеќедимензионален политоп, како на пример многуќелијник (4-политоп) или саќе (3-просторно поплочување).

На пример, коцкестото саќе е составено од коцкести ќелии - по 4 коцки на секој раб. Тесерактот исто така е составен од коцкести ќелии, но има само 3 коцки по раб.

Кај називите на многуќелијниците уреди

Правилните испакнати многуќелијници честопати се именуваат по бројот на ќелиите што ги содржат, исто како што се користат n-аголник и n-едар како кратенки за многуаголните и полиедарските називи. На пример, тесерактот се нарекува и „октахорон“ или 8-ќелија бидејќи содржи 8 коцкести ќелии.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

  • Ќелија - „Поимник за хиперпросторот“ од Џорџ Олшевски (англиски)