Њујоршки симфониски оркестар

Њујоршкиот симфониски оркестар (анг. New York Symphony Orchestra) бил оркестар основан во градот Њујорк од Леополд Дамрош во 1878 под името „Њујоршко симфониско друштво“ (New York Symphony Society). Оркестарот долги години бил жесток соперник на постарата Њујоршка филхармонија, тогаш наречена „Филхармониско симфониско друштво на Њујорк“ (Philharmonic Symphony Society of New York). Оркестарот уживал поддршка од Ендрју Карнеги кој ја изградил концерната сала Карнеги Хол (отворена 1891) наменски за самиот оркестар. Симфонијата била позната по изведување на пошарени француски и руски дела, додека пак соперничката филхармонија била позната по својот германски репертоар.

По смртта на Леополд Дамрош во 1885, функцијата музички директор ја презел неговиот син Валтер Дамрош.

Во 1903 оркестарот бил реорганизиран и преименуван во „Њујоршки симфониски оркестар“ (New York Symphony Orchestra).

Во 1920 станал првиот американски оркестар кој настапувал на турнеи низ Европа.

Во 1928 оркестарот се споил со Филхамрмониското друштво на Њујорк под новото име Филхармониско-симфонско друштво на Њујорк, кое подоцна станало Њујоршка филхармонија (New York Philharmonic).

Надврешни врски уреди