Љутви Лола Сејфула (турски: Lutfu Seyfullah; Скопје, 15 јануари 1926 - Скопје, 26 јуни 2005) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.[1]

Љутви Сејфула
Lutfu Seyfullah
Роден 15 јануари 1926
Скопје, Кралство СХС
Починал 26 јуни 2005(2005-06-26) (возр. 79)
Скопје, Македонија
Националност Југословен
Македонец
Народност Турчин
Познат по улогата во:
Најдолгиот пат
Македонски народни приказни
Илинден
Јужна патека
Занимање глумец

Животопис уреди

Сејфула е роден во Скопје на 15 јануари 1926 година. Во Турската драма на Театарот на народностите во Скопје е од 1950 до пензионирањето во 1985 година. Учествувал и во повеќе филмски и телевизиски проекти во Македонија и во Турција. Автор е на неколку пиеси играни на сцената на матичниот театар. Неговите сценски ликови, особено во комедиите, силно се вклопени во општиот уметнички развој на Турскиот театар во Скопје.

Улоги уреди

Каја („Алош“), Митке („Коштана“), Јеротие („Сомнително лице“), Аргон („Вообразен болен“), Градоначалникотм(„Ревизор“), Скапен („Ѓаволштините на Скапен“) и др.

Наводи уреди

  1. „Личности, Македонски автори: Сеќавања“. Институт за театрологија. Архивирано од изворникот на 2008-12-27. Посетено на 2009-11-23.

Надворешни врски уреди