Љуботен (планински врв)

планински врв на македонско-косовската граница

Љуботен или Љуботрн — планински врв висок 2.498 метри[1], прв на главното било и срт на Шар Планина, сместен на самата македонско-косовска граница.

Љуботен
Поглед на врвот Љуботен и карпата Козја Стена
Највисока точка
Надм. вис.2.498 м
Координати42°12′24.65″N 21°7′8.43″E / 42.2068472° СГШ; 21.1190083° ИГД / 42.2068472; 21.1190083
Географија
Љуботен на карта

Карта

ЗемјаМакедонија и Косово/Србија[a]
Матичен венецШар Планина
Искачување
Прво освојувањенепознато
Најлесен патод кај селата Вратница и Рогачево

Географија уреди

Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка и еден од најубавите врвови на Шара.

Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети.

Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта.

На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, до кој се наоѓа впечатливата Козја Карпа.

Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река и други.

Под самиот врв се наоѓа планинарскиот дом „Љуботен“. Од овој дом, искачувањето до самиот врв трае околу 1,5 часа.

Галерија уреди

Забелешки уреди

а. Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.

Наводи уреди

  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 96. Посетено на 16 јануари 2024.

Надворешни врски уреди

42°12′24.65″N 21°7′8.43″E / 42.2068472° СГШ; 21.1190083° ИГД / 42.2068472; 21.1190083