Љубомир Јанев

политичар

Љубомир Јанев (24 декември 1962, Кочани) — градоначалник на Општина Кочани од 2000 до 2002 и од 2005 до 2009 година и министер за заштита на животна средина и просторно планирање од 2002 до 2004.

Љубомир Јанев
Градоначалник на Општина Кочани
На должноста
2000 – 2002
Претходник ?
Наследник ?
Градоначалник на Општина Кочани
На должноста
2005 – 2009
Претходник ?
Наследник Ратко Димитровски
Министер за животна средина
На должноста
2002 – 2004
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Владимир Џабирски
Наследник Зоран Шапуриќ
Лични податоци
Роден(а) 24 декември 1962
Кочани
Националност Македонец
Партија СДСМ

Животопис уреди

Основното и средното образование ги завршува во родниот град. Основното образование го завршува во училиштето „Раде Кратовче“, а средното во Гимназијата со економски паралелки „Љупчо Сантов“. Во октомври 1982 година се запишал на Градежен факултет во Скопје којшто го завршува и се стекнува со Диплома за Градежен инженер. Првото вработување, по завршувањето на факултетот, му е во Градежното претпријатие „Бетон“ во Кочани во 1989 година, на местото инженер на објект. Постепено напредувајќи во кариерата, од местото инженер на објект, во 1996 година доаѓа на местото технички директор на „Бетон“, до 1998 година кога станува и Генерален директор на „Бетон“ во Кочани.

Во 2000 година, како кандидат на СДСМ победува на локалните избори за Градоначалник на Општина Кочани и на тоа место доаѓа во октомври 2000 година. Во октомври 2002 година станува Министер на Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање, во Владата на Бранко Црвенковски. На местото Министер останува до декември 2004 година, кога станува Директор на Агенцијата за недоволно развиени подрачја. Во април 2005 година се кандидира по вторпат за Градоначалник на Општина Кочани, победува на локалните избори и ја врши функцијата Градоначалник на Општина Кочани до март 2009 година.