Љубиша Самарџиќ - Смоки[1] (роден на 19 ноември 1936 во Скопје — починал на 8 септември 2017 во Белград) — српски и југословенски глумец.

Љубиша Самарџиќ
Роден 19 ноември 1936(1936-11-19)
Скопје, Кралство Југославија
Починал 8 септември 2017(2017-09-08) (возр. 80)
Белград, Србија
Националност Србин
Познат по улогата во:
Битка на Неретва
Валтер го брани Сараево
Битка на Сутјеска
Тигар
Занимање глумец
Сопружник Мирјана Самарџиќ

Животопис уреди

Љубиша Самарџиќ е роден во Скопје во семејство на рудари во 1936 година. Студирал право, но потоа се префрлил на Академијата за драмски уметности во Белград. Благодарение на стипендијата на режисерот Бојан Ступица, започнал да глуми во театарот. Првата улога ја остварил во филмот „Прекобројна“ на Бранко Бауер, а потоа следувале низа филмови, „Денови“, „Десантот на Дрвар“, „Битката на Неретва“, за која ја добил и наградата Гранд-при во Ниш. За улогата во филмот „Утро“ е награден и на филмскиот фестивал во Венеција. Долго време глумел во партизански филмови, а напоредно остварил и голем број улоги во телевизиски серии „Жежок ветер“, „Есента доаѓа, дуњо моја“, „Враќањето на отпишаните“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Каде одат дивите свињи“. Во 1988 ја добил тогаш највисоката државна награда „АВНОЈ“, кој првпат се доделила на филмски глумец[2].

Кон крајот на 2016 година бил опериран поради тумор на мозокот, по кое останал неподвижен. Починал по подолго боледување на 8 септември 2017 година во Белград[3][4].

Награди уреди

Наводи уреди

  1. "Ljubiša Samardžić" svira u Beogradu i Novom Sadu“. Blic.rs. Архивирано од изворникот на 2012-07-24. Посетено на 9 септември 2017.
  2. Почина глумецот Љубиша Самарџиќ (24vesti.com.mk)
  3. „Преминуо глумац Љубиша Самарџић“. Новости. Посетено на 8 септември 2017.
  4. http://www.rts.rs/page/stories/ci/story/124/drustvo/2863551/preminuo-ljubisa-samardzic.html
  5. Самарџић, Љубиша (7 септември 2015). „Дани славе на Кроазети“. Политика. Посетено на 9 септември 2017.
  6. 6,0 6,1 „ONI ŠTO POBEĐUJU I U ŽIVOTU“. tv.novosti.rs. Посетено на 5 мај 2013.
  7. „Битка на Неретви“. filmski-programi.hr. Посетено на 28 септември 2013.
  8. "Miris kiše na Balkanu" u najužem krugu za "Emi". novosti.rs. Посетено на 5 мај 2013.

Надворешни врски уреди