Љубе Бошкоски

Политичар од Македонија

Љубе Бошкоски, познат и како Брат Љубе (р. 24 октомври 1960 во с. Челопек, Тетовско) — македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи.

Љубе Бошкоски
24 октомври 1960 — денес

Прекар:Брат Љубе
Роден во:Знаме на Социјалистичка Република Македонија с. Челопек, Тетовско, СР Македонија
Служба во:Знаме на Република Македонија Република Македонија
Период на служба:19982002
Чин:Министер за внатрешни работи на Република Македонија
Командува/л со:ЕСЗ Тигар
ЕБИ Лавови
Битки/војни:Вооружен конфликт од 2001

Образование уреди

Бошкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1985 година. По дипломирањето работел како приправник во суд, а потоа како правник на Фондот за здравствено осигурување во РовињХрватска.

Рана политичка кариера уреди

По Парламентарните избори во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, Бошкоски бил именуван за заменик на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК) во Министерството за внатрешни работи на Македонија. На 31 јануари 2001 година, бил именуван за државен секретар во МВР.

За време на Вооружен конфликт од 2001, на 13 мај 2001 година бил назначен за Министер за внатрешни работи на Македонија во широката владина коалиција.[1]

По Парламентарните избори на 15 септември 2002 година, бил разрешен од функцијата Министер и станал пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во април 2004 година, со собрани 10.000 потписи, Бошкоски се кандидирал на Претседателските избори, но од страна на Државната изборна комисија неговата кандидатура била отфрлена заради неисполнување на условот за 15 години непрекинато живеење во Република Македонија.

Апсење уреди

Во мај 2004 година Парламентарната комисија за мандатно-имунитетни прашања му го одзела пратеничкиот имунитет, поради сомневање за негова вмешаност во случајот Раштански Лозја, поточно за потикнување на убиство на шест пакистански и еден индиски државјанин на 3 март 2001 година.

По обидот за негово повикување од страна на истражен судија, заминува за Хрватска, каде што се пријавува во полициската станица во Загреб. По објавената меѓународна потерница и доставеното барање за негово судење во Хрватска од страна на Министерството за правда на Република Македонија, Бошкоски е притворен во затворот во Пула.

По шестмесечна истрага, основниот јавен обвинител Нуиќ покренува обвинение за вмешаност на Бошкоски за извршени седум дела на убиство, но судењето не отпочнало заради барањето од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг да биде депортиран во затворот во Шевенинген за случајот Љуботен, поточно за убиство на 10 цивили на 12 август 2001 година во селото Љуботен.

На 22 април 2005 година Основниот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за 4 обвинети во случајот Раштански лозја, па се очекува и судот во Пула, кој го замрзнал предметот заради заминување на Бошкоски во Хаг, да го ослободи за истот случај.

Во август 2004 година е уапсен со Хрватска. Во декември истата година Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија покрена обвинение против него и Јохан Тарчуловски и во март 2005 година е префрлен во Хаг. Судењето започнало на 16 април 2007 година, а заврши на 10 јули 2008 година, кога Бошковски е прогласен за невин од страна на Хашкиот трибунал за настаните во скопското село Љуботен во август 2001 и е ослободен.

Враќање во Македонија: Обединети за Македонија и ново апсење уреди

По враќањето од Шевенинген, во Македонија го пречекуваат најважните македонски државници со големи почести.[2] Бошкоски имал првична намера да се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ, но не нашол заеднички јазик со Никола Груевски, по што се дистанцирал од партијата.

На Претседателските избори во 2009 година Бошкоски се кандидарал како независен кандидат и освоил 146.878 гласови. По изборите на 29 мај 2009 година, тој формирал своја партија „Обединети за Македонија“. На Парламентарните избори во 2011 година, Бошкоски и неговата партија освоиле 1,52% од гласовите, со што тој не успеал да стане пратеник.

Веднаш по изборите, односно на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, Бошковски бил уапсен од страна на припадниците на мобилната полициска единица „Алфа“, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања.[3] Потоа, во рамките на случајот „Кампања“, Бошкоски бил осуден на затворска казна во траење од пет години, која ја служел во затворот „Идризово“.

Европскиот суд за човекови права пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење, да повика и да испитува сведоци во текот на судскиот процес против него, по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија „Обединети за Македонија“ за време на изборите во 2011 година.[4]

Сепак, Бошкоски сака да ја докаже својата невиност. Судењето „Кампања“ за Љубе Бошковски во 2021 се враќа на повторно судење, 10 години по апсењето пред ресторанот „Воденица“, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Од Кривичниот суд соопштуваат дека Кривичниот совет постапувајќи по барање на одбраната на Бошкоски, го уважил барањето за повторно судење на предметот.[5]

Бошкоски е ослободен од делото помагање на убиството на Марјан Тушевски.

Образложението за последната пресуда од судот е дека се следени насоките од Апелација, која двапати ги укинуваше осудителните пресуди. Не биле докажани делата на секој обвинет поединечно и нема докази кои ги поврзуваат сите. Ослободени од вина се и Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Според најновата пресуда виновни се само српските државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, четвртиот Вук Вукичевиќ е ослободен.

Бошкоски е автор на делото Мојата борба за Македонија.

Мисли уреди

Ако веќе мора да се моли и клечи, македонскиот народ ќе моли и клечи само пред Господ, кој е единствен сведок за македонската вистина!
Не признавам борба за Македонија без нејзин триумф.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Политички функции
Претходник
Доста Димовска
Министер за внатрешни работи на Македонија
2001–2002
Наследник
Хари Костов