Јуруково (Леринско)

Јуруково (грчки: Γιουρούκι, Јуруки) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[2]

Јуруково
Γιουρούκι
Јуруково is located in Грција
Јуруково
Јуруково
Местоположба во областа
Јуруково во рамките на Лерин (општина)
Јуруково
Местоположба на Јуруково во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°51.30′N 21°36.18′E / 40.85500° СГШ; 21.60300° ИГД / 40.85500; 21.60300
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаОвчарани
Надм. вис.&10000000000000714000000714 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно31
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено во источниот дел на Леринското Поле, 23 км североисточно од Лерин, недалеку од границата со Р Македонија. Традиционално е познато и како Долно Маало на селото Крушоради.[3]

Историја уреди

Се смета дека во подалечното минато местото било населено со Јуруци, поради што го добило ова име, а подоцна станало македонско село. Така, на почетокот на XX век е забележано дека Јуруково било чисто македонско село во Леринската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Јурук (Юрокъ, Юроково) живееле 216 Македонци христијани.[4][5]

Во понатамошните пописи сè до 1971 г. Јуруково се вбројувало во состав на Крушоради, и затоа за него нема одделна статистика. На пописот од 1971 г. почнало да се брои како одделно, со население од 85 лица. Во понатамошните десетлетија селото бележи пад.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 85 63 52 49 31
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

— : Во првите три наведени пописни години е вбројано во Крушоради како негово маало.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 155.
  3. Крушоради има три маала. Двете се чифлици с беговска кула, надзорници (ќаи) и пазачи Арнаути, а третата, која се нарекува и Јуруко, претставува нешто како одделно село со триесетина куќи — напишал Христо Силјанов во „Писма и исповеди од еден четник“ (1902), стр. 294.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.