Јуроајс Класик 2016

21. издание на Јуроајс Класик
Јуроајс Класик 2016
Детали за трката
Издание21. Јуроајс Класик
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2016 1.UWT
Датум21 август 2016
Растојание217,7 км
ДржаваGER Германија
ПоаѓалиштеХамбург
ОдредиштеХамбург
Екипи22
Возачи на почеток176
Возачи на крај144
Просечна брзина44,363 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникAUS Кејлеб Јуан (Орика-БајкЕксчејнџ)
ВторопласиранGER Џон Дегенколб (Тим ДСМ)
ТретопласиранITA Џакомо Ницоло (Трек-Сегафредо)
◀20152017▶
Документација

Јуроајс Класик 2016 (претходно позната како Ватенфал Класик) — 21. издание на германската велосипедска класична трка Јуроајс Класик. Се одржала на 21 август 2016 година.[1]

Трката била освоена од Кејлеб Јуан во спринт, откако резултатот на Насер Бухани бил поништен поради нерегуларен спринт.

Рута уреди

Јуроајс Класик била единствена трка која се одржала во рамките на Светската турнеја во 2016 година.

Екипи уреди

Бидејќи Јуроајс Класик е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Четири професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4)

Извештај од трката уреди

Трката започнала во 11:30 часот по месно време, при што првакот од претходната година Андре Грајпел ја бранел титулата.[3] Од главната група најпрвин се одвоиле шест возачи, а во текот на рутата водечката група се намалила на четворица, возејќи на делумно влажни патишта поради слаби врнежи. Првобитна, водечката група се состоела од Лукас Пестлбергер (BOA), Матео Монтагути (Ag2R), Алесандро Де Марки (BMC), Камил Градек (VAT), Матеј Мохорич (LAM) и Максат Ајазбајев (AST). По 217 километри, групата од четворица била достигната пред целта. Насер Бухани (COF) бил најбрз во завршниот спринт, пред Кејлеб Јуан (OBE), Џон Дегенколб (TGA) и Џакомо Ницоло (TFS).[4] Меѓутоа, поради неправилен спринт титулата на Бухани му била одземена, а Кејлеб Јуан бил прогласен за победник.[4]

Поредок уреди

Завршен пласман уреди

[5]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Кејлеб Јуан Орика-БајкЕксчејнџ4ч 54' 26
2.   Џон Дегенколб Тим ДСМ+ 0
3.   Џакомо Ницоло Трек-Сегафредо+ 0
4.   Дани ван Попел Тим Скај+ 0
5.   Александер Кристоф Катјуша+ 0
6.   Дилан Груневеген Лото НЛ-Џамбо+ 0
7.   Марк Реншо Дименжн Дата+ 0
8.   Сондре Холст Енгер ИАМ+ 0
9.   Матео Трентин Етикс-Квик Степ+ 0
10.   Андре Грајпел Лото-Судал+ 0
11.   Јирген Рулантс Лото-Судал+ 0
12.   Даниел Ос БМЦ Рејсинг Тим+ 0
13.   Руслан Тлеубаев Астана+ 0
14.   Николај Трусов Тинкоф+ 0
15.   Михаел Валгрен Тинкоф+ 0
16.   Рој Курверс Тим ДСМ+ 0
17.   Иго Ул АГ2Р Ла Мондијал+ 0
18.   Хајнрих Хауслер ИАМ+ 0
19.   Жорди Симон Верва АктивЏет+ 0
20.   Саша Модоло Лампре-Мерида+ 0
Извори: ProCyclingStats Cycling Quotient


Наводи уреди

  1. Вин, Најџел. „Календар на Светската турнеја на UCI 2016“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 5 декември 2015.
  2. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  3. Hamburg Cyclassics – Tausende Zuschauer feiern die Radler, Hamburger Abendblatt (на германски)
  4. 4,0 4,1 Live Straßenrennen, eurosport.de (на германски)
  5. „Јуроајс Класик 2016“. ProCycling.

Надворешни врски уреди