Јулија Портјанко

македонска ракометарка

Јулија Портјанко, мажена Николиќ (украински: Юлія Ігорівна Портянко, 20 април 198312 октомври 2021) — македонска ракометарка од украинско потекло. Играла за ЖРК Вардар СЦБТ и за Женската ракометна репрезентација на Македонија. Учествувала и во репрезентацијата на Светското женско ракометно првенство 2009 одржано во Македонија, каде Македонија заврши на 7. место и Портјанко била меѓу најуспешните 10 стрелци на тоа првенство.

Јулија Портјанко
Лични податоци
Име и презиме Јулија Игоривна Портјанко
Роден(а) 20 април 1983(1983-04-20)
Днепропетровск, Украинска ССР
Починал(а) 12 октомври 2021(2021-10-12) (возр. 38)
кај Велес, Македонија
Спорт Ракомет
Висина 1,78 м
Тежина 80 кг
Позиција среден бек
Клупски податоци
Сениорски клубови
–2003
2003–2009
2009
2009-2012
2012-2013
2013-2015
Галичанка Лавов Галичанка Лавов
Кометал Ѓорче Петров Кометал ЃП
Подравка Копривница Подравка Копривница
Арвор Арвор
Звезда Звенигород Звезда Звенигород
ЖРК Вардар Вардар
Репрезентација
  Македонија Македонија

Родена е во Днепропетровск (денес Днипро), каде поминала и дел од младоста. Починала на возраст од 38 години на пат кај Велес враќајќи се од Грција. Пострадала од потешкотии во дишењето и побарала брза помош, но амбулатните лица не успеале да вратат во живот.[1]

Наводи уреди

  1. „Ракометната репрезентативка Николиќ, екс Портјанко починала ненадејно во близина на Велес“. Ти Реков Ми Рече. 12 октомври 2021.