Јужно Перу
Република Јужно Перу (шпански: República Sud-Peruana) беше една од трите конститутивни републики на краткотрајната Перу-Боливиска Конфедерација од 1836–39 година.
Република Јужно Перу | ||||||
República Sud-Peruana | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Главен град | Такна | |||||
Уредување | Република | |||||
Историја | ||||||
- | Основана | 17 Март 1836 | ||||
- | Распадна | 25 Август 1839 |
Јужно Перу е формирано од поделбата на Република Перу на Република Северно Перу и Република Јужно Перу. Овие две републики се основани во 1836 година за да бидат (со Боливиската Република) конститутивни републики на Перу-Боливиската Конфедерација .
Конфедерацијата заврши три години подоцна по континуираните гранични војни со Аргентина и Чиле во Војната на Конфедерацијата, и по хаотичен граѓански конфликт меѓу северните и јужните Перуанци. Во август 1839 година, Агустин Гамара ја прогласи Конфедерацијата за распуштена; како резултат на тоа, Јужно Перу и Северно Перу се вратија во обединета Република Перу.