Јужна Србија го означува јужниот дел на Србија, а со текот на времето поимот го менувал значењето. Во првата половина на 20 век терминот се употребуваше за означување на просторот на денешна Република Македонија, односно просторот на Вардарска Бановина (кој ја опфаќал скоро истата територија).

Долината на Јужна Морава во Јужна Србија

Србите го употребуваа овој термин во својата пропаганда и во историска конотација поради тоа што во времето на Стефан Милутин, Стефан Дечански и Стефан Душан (1284 - 1355), Немањичите владеат со областа Македонија.

Од територијалната реорганизација по Втората светска војна, овој термин активно не се употребува, поради тоа што од тогаш поголемиот дел на јужниот дел на Србија го опфаќа Косово и Метохија, додека преостанатиот дел географски се нарекува југоисточна Србија.

Надворешни врски уреди