Јоханес Цукерторт

Јоханес Херман Цукерторт (роден на 7 септември 1842 - починал на 20 јуни 1888) — водечки германски шаховски мајстор со полско и еврејско потекло. Тој бил еден од водечките светски шахисти во периодот од 1870-тите и 1880-тите. Во 1886, загубил од Вилхелм Штајниц во мечот за светски првак, кој бил првиот официјален меч за светски првак.

Јоханес Цукерторт
Целосно имеЈоханес Цукерторт
Земја Германија
Роден7 септември 1842
Лублин, Полска
Починал20 јуни 1888
Лондон, Обединето Кралство
Титуламајстор

Својот релативно краток живот, Цукерторт го исполнил и со низа други достигнувања, па така тој бил војник, музичар, јазичар, новинар и политички активист.

Рани години и универзалното знаење уреди

Цукерторт е роден на 7 септември 1842 во Лублин, Полска. Тој изјавил дека неговата мајка била бароницата Крижановска.[1] Татко му бил протестантски мисионер од еврејско потекло.[2] Во тоа време, христијанската мисија меѓу еврејското население во Полска, која била под руска окупација, се сметало за незаконска активност. Поради тоа, семејството Цукерторт емигрирало во Прусија. Во 1861, се запишал на Универзитетот во Вроцлав на којшто студирал медицина. Подоцна тврдел дека ги завршил студиите, но тоа е спорно. Во секој случај, во Вроцлав се запознал Адолф Андерсен, па за кратко време го засакал шахот.[3]

Оваа нова страст, не го спречила Цукерторт да пројавува интерес во другите области. Тој научил многу јазици (можеби дури 14). Тој се борел на страната на Прусија, во војните против Австрија, Данска и Франција. Бил одличен во мечување, а бил и одличен стрелец. Еднаш, за малку ќе загинел на бојното поле, а бил одликуван за јунаштво дури 9 пати. Цукерторт се интересирал за музиката, а бил доста успешен пијанист и кратко време музички критичар. Имал време и за политичка активност, па пишувал за весникот на Бизмарк Општ весник (германски: Allgemeine Zeitung), а бил и водечки говорник во врска со затворската реформа во земјата.[3]

Шаховска кариера уреди

Во Вроцлав, Цукертрт се сретнал со водечкиот шахист во тоа време Адолф Андерсен и студирал со него. Меѓу најзначајните партии, кои ги играл, тој играл против Андерсен и го победил во 1866 година. Во 1868 година загубил во меч против Андерсен, со резултат од три победи, осум порази и едно реми, а во 1871 конечно го победил со резултат 5-2, без ниту една партија реми.[4][5] Во 1867 се преселил во Берлин, а во 1872 година во Лондон. Истата година, одиграл меч против Вилхелм Штајниц, во кој загубил со 9-3 (1 победа, 7 порази и 4 реми партии).[5]

Иако Цукерторт ги загубил и двата одиграни меча против Штајниц, тој покажал дека е супериорен во однос на другите шахисти во 1870-тите и раните 1880-ти.[6] Во овој период, турнири на кои играле најдобрите шахисти биле ретки[7], па најдобрите настапи на Цукерторт биле во мечеви, како оние против Андерсен во 1871 и Џозеф Хенри Блекберн во 1881 година (6 победи, 2 порази и 5 реми партии).[6][8] Покрај ова, Цукерторт бил и еден од најдобрите турнирски шахисти во тоа време, завршувајќи како трет на турнирот во лондон во 1872 (веднаш зад Штајниц и Блекберн), прв на турнир во Келн во 1877, втор на турнир во Лајпциг, одржан истата година, на делба на прфвото место со Шимон Винавер на меѓународниот шаховски конгрес во Париз во 1878, а притоа победувајќи го Винавер; меѓу другите подобри резултати се и второто место на турнир во Берлин во 1881 (веднаш зад Блекберн), делбата на четвртото место на турнир во Виена и првото место на турнир во Лондон во 1883, на кој завршил со дури 3 бода повеќе од Штајниц.[3] Оваа победа била можеби неговиот најголем успех. Со успешност од 22/26, завршил 3 бода пред Штајниц, кој бил втор со успешност од 19/26.[9] Овој турнир потврдил дека во тоа време, Штајниц и Цукерторт биле убедливо најдобрите шахисти во светот, што довело до одигрувањето на меч за светски првак меѓу нив двајцата.[10]

Во првиот официјален меч за светски првак во шах, кој се одржал од 11 јануари до 29 март 1886, Јоханес Цукерторт повел со 4-1, но подоцна загубил 4 од последните 5 партии, што го загубил двобојот со Штајниц со конечен резултат 12½-7½.[11]

По овој пораз, здравјето на Цукерторт се влошило, па бил многу послаб шахист во преостанатите две години од животот. неговите заболувања биле дијагностицирани како ревма, коронарна срцева болест, бубрежни проблеми и артериосклероза. Резултатите кои ги постигнал на турнирите на кои учествувал биле скромни: седмо место на турнир во Лондон во 1886, трето во Нотингем истата година, петнаесетто место во Франкфурт и четврто во Лондон во 1887 година, како и седмото место на турнир во Лондон во 1888.[3] Во 1887, Цукерторт го загубил мечот кој го одиграл против Блекберн загуби натпревар во 1887 (1 победа, 5 порази и 8 реми партии).

Лошоото здравје и недостигот на физичка издржливост биле една од двете долгорочни слабости на Цукерторт. Некои коментатори сметаат дека неговата болест се должи на убедливиот пораз во мечот против Штајниц во 1872;[12] слабата игра во последните 3 партии на турнирот во Лондон во 1883, на кој добил 22 од првите 23 партии, па благодарение на оваа добра игра, трите порази во последните три партии се покажале како недоволни да го загуби првото место; лошата игра во мечот за светски првак против Штајниц во 1886, во која не успеал да ја искористи воведната предност од 4-1.[11][13] Неговата друга слабост била тоа што, додека никој друг немал поголем напаѓачки талент од него, тој никогаш не успеал истиот да го покаже пред Штајниц, па овој често му манверирал прилично едноставно.[7]

Стил на игра уреди

Цукерторт имал посебен талент за напаѓачки стил на игра, но за разлика од поголемиот број на шахисто со овој стил на игра, тој се отворал со потези како 1.c4 и 1.Sf3 кои водат до затворена и полузатворена игра, но нудат можност за транспозиции во отворена игра. Во раните 1880-ти, отворањето со потегот 1.Sf3 било познато како како „Цукертортово отворање“, но по 40 години станало попознато како Ретиево отворање.[7][14]

Цукерторт бил и добар играч во шах на слепо. Во 1876, одиграл 16 партии на слепо, добивајќи 12, а губејќи само една.[3]

Подоцнежни години уреди

Цукерторт починал на 20 јуни 1888 во Лондон од церебрално крварење по одигрувањето на партија во познатиот ресторан во тоа време Симпсонс на Стренд.[3] Погребан е на гробиштата Бромптон во Лондон.

Интересно уреди

Се зборува дека Штајниц и Цукерторт, кои биле присутни на иста вечера, при здравицата и двајцата биле поздравени како „најдобар шахист во светот“. Истражувањата на Едвард Винтер покажуваат дека оваа приказна била „украсена“.[15]

Антологиски шаховски партии уреди

Наводи уреди

  1. Zukertort, Johannes (1842-1888)
  2. Jews in Poland
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Johannes Zukertort by Bill Wall“. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на 2009-10-03.
  4. „Bill Wall's Chess Master Profiles: Adolf Anderssen (1818-1879)“. Архивирано од изворникот на 2009-10-25. Посетено на 2009-10-03.
  5. 5,0 5,1 „Chess Matches: from Lopez to Kramnik“. Архивирано од изворникот на 2012-12-09. Посетено на 2009-10-03.
  6. 6,0 6,1 „Chessmetrics Player Profile: Johannes Zukertort“.
  7. 7,0 7,1 7,2 Fine, R. (1952). The World's Great Chess Games. Andre Deutsch (now as paperback from Dover).
  8. „The Blackburne-Zukertort Match, London 1881“. Архивирано од изворникот на 2008-07-24. Посетено на 2009-10-03.
  9. Mark Weeks' Chess Pages: 1883 „1883 London Tournament“ Проверете ја вредноста |url= (help).
  10. "The Centenary Match, Kasparov-Karpov III", Raymond Keene and David Goodman, Batsford 1986, стр. 9
  11. 11,0 11,1 „World Chess Championship: 1886 Steinitz - Zukertort Title Match“.
  12. Winter, E. „Early Uses of 'World Chess Champion'.
  13. „World Chess Champions: Wilhelm Steinitz“.
  14. Andrew Soltis (2007). Transpo Tricks in Chess. Batsford. ISBN 0713490519. Видете го прегледот на „Transpo Tricks in Chess - review“. chessville.com. Архивирано од изворникот на 2008-04-18. Посетено на 2009-10-03.
  15. Шаховски забелешки 4360 од Едвард Винтер, 13 мај 2006
  16. Reuben Fine, The World's Great Chess Games, Dover Publications, 1 септември 1983, стр. 39 ISBN 978-0-486-24512-6

Надворешни врски уреди